Аритон Стојановски
Аритон Михајлов Стојановски (13 октомври 1915 во Куклица, Кратовско — 30 декември 1944 во Ниш, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Аритон Стојановски | ||
Роден | 13 октомври, 1915 Куклица, Кратовско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 декември, 1944 година Ниш, Србија Ранет во близина на Гнилане, од страна на балистите. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиУште како дете се занимавал со земјоделие, сточарство, а често како наемен работник работел и вон неговото родно место. За време на окупацијата бил симпатизер на НОВ и на револуцијата, каде го гледал спасот од сиромаштијата. На 6 септември 1944 година, се приклучил во редовите на Месната команда во Кратово, а подоцна во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Важел за храбар, дисциплиниран и самоиницијативен борец ѝ како таков бил забележан од претпоставените и подоцна именуван за командир на вод. Со својот вод особено се истакнал во бopбитe крај селата: Варовиште, Дренак, Поилишта и други, каде покажал особена храброст. По конечното ослободување нз Македонија, заедно со Седмунаесеттатa македонска ударна бригада учествувал во чистење на остатоците од балистичките банди. Најтешки борби против балистите биле водени крај Прешево и Гнилане. Во близината на Гнилане, бил е тешко ранет и во бессознание бил пренесен во болницата во Ниш, но пред да му биде укажана лекарска помош подлегнал на раните и починал на 30 декември 1944 година.[1]