Ѓорѓи Стојановски (Куклица)
Ѓорѓи Михајлов Стојановски (15 април 1920 во Куклица, Кратовско — 1945 во Куклица, Кратовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Ѓорѓи Стојановски | ||
Роден | 15 април, 1920 година Куклица, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1945 година Куклица, Кратовско, Македонија Починал од болест добиена за време на борбите за ослободување на Македонија и Југославија. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиИзраснал во cиpoмaшнo земјоделско семејство за кое ѝ самиот се грижел уште од најраните детски години, за да придонесе за прехрана и опстанок на своето семејство. Во околината на селото често дејствувале единици на НОВ со кои контактирал и имал желба да им се приклучи во народноослободителното движење. Оваа желба му се остварила на 15 август 1944 година, кога го напуштил стадото и пристапил во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Учествувал во многу борби што ги водела Бригадата до конечното ослободување на Македонија. Земал учество ѝ на Сремскиот фронт во борбите крај Шид, Банова Јаруга и други места. Од секојдневните борби, по невреме и големи напори, тој се разболел. По оздравувањето, пак се вратил помеѓу своите другари, но по кратко време, повторно се разболел, по што се вратил дома каде и починал. Ѓорѓи зад себе оставил фамилија со две малолетни деца.[1]