Апсолутен идеализам
Апсолутен идеализам — онтолошки монистичка филозофија чии најистакнати застапници се германските идеалистички филозофи Георг Вилхелм Фридрих Хегел и Фридрих Шелинг.[1][2] Го претставува Хегеловото поимување на битието како сеопфатна целина. Според Хегел, за да може мислечкиот субјект (човечкиот разум или свест) воопшто да го спознае својот објект (светот), мора да постои своевидна истоветност на мислата и битието. Во спротивно, објектот ќе му биде непристапен, а светот останува неспознатлив (т.е. немаме никаква сигурност за нивната исправност). Имајќи ги на ум разликите меѓу мислата и битието и нивата разновидност, нивната истоветност не може да се изрази преку апстрактното истоветство „А=А“. Апсолутниот идеализам се обидува да го покаже ова единство со нов „шпекулативен“ филозофски метод, кој бара нови концепти и логички правила. Според Хегел, апсолутната основа на битието во суштина е динамички историски процес на нужен развој кој се разоткрива во сè посложени облици на битисување и свест, од кој на крај настанува сета разновидност на светот и разликите меѓу концептите со кои размислуваме и го разбираме светот.
Оваа филозофска мисла се разликува од субјективниот идеализам на Беркли, трансценденталниот идеализам на Кант и покантовскиот трансцендентален идализам на Фихте и раните дела на Шелинг.[3]
Учења
уредиСпоред претставата на Хегел, сите концепти со кои го поимуваме светот настануваат од заемодејството на спротивностите кое се одвива на дијалектички начин. Ова се јавува не само во поединечниот ум, туку и воопшто, низ историјата. Во неговата Феноменологија на духот, Хегел ја изложува историјата на човековата свест како патешествие низ разни фази на објаснувања на светот. Секое следно објаснување во себеси израѓа проблеми и спротивставености, водејќи до судир кој може да се реши само ако ги разбереме како дел од више единство. Во својата основа, духот го има разумниот развој. Ова значи дека самиот апсолут е токму тој разумен развој. Тврдењето дека „сета стварност е дух“ значи дека сета стварност разумно се упоредочува себеси, а притоа ги изнедрува спротивставеностите кои ги среќаваме во неа. Дури и природата не е различна од духот, бидејќи самата таа се упоредочува според одредниците што ги определува духот. Природата, како нешто што не е дух, како таква е определена од духот, што значи дека природата не е апсолутно инаква од него, туку само така се поимува.
Целта на Хегел е да ни покаже во нашиот однос со светот, тој не е нешто подруго од нас, и дека ние постојано се навраќаме на светот како негов нераздвоен дел. Со сознанието дека умот и светот се упоредочуваат по истите разумни начела, ние имаме обезбеден пристап до него — нешто што се изгубило со Кантовото тврдење дека „стварта сама по себе“ е сепак недостапна за нас.
Неохегелијанство
уредиНеохегелијанството е филозофски правец чии идеи и гледишта се вдахновени од Хегеловата мисла. Се однесува на учењата на идеалистичката школа која го предводела мислителството во Велика Британија и САД помеѓу 1870 и 1920 г, но се однесува и на други филозофии изведени од Хегеловата, како онаие на Бенедето Кроче и Џовани Џентиле.
Хегелијанството по Хегел
уредиПо смртта на Хегел во 1831 г. неговата мисла продолжила да живее во политиката, но неговите следбеници се раздвоиле на десни и леви хегелијанци.
Во филозофијата на религијата, Хегеловата мисла набргу добила на големо влијание во англојазичниот свет. Тоа довело до јавување на британскиот идеализам (кој е делумно заснован на Хегел), чии застапници биле мислители како Томас Хил Грин, Бернард Бозанкет, Френсис Херберт Бредли, Вилијам Волес и Едвард Керд. Главно поле на интерес за британските идеалисти била политичката филозофија и општествената политика, но правецот се занимавал и со метафизика, логика и естетика.
На почетокот на XX век, неохегелијанството се јавило и во Германија, делумно како производ на неокантијанската мисла.
Во САД, Хегеловата мисла набргу се придвижила во насока на прагматизмот.
Значајни неохегелијанци
уреди- Френсис Херберт Бредли (1846–1924) — британски апсолутен идеалист кој ја прилагодил Хегеловата метафизика.
- Бернард Бозанкет (1848–1923) — британски идеалист, влијателен во политичката филозофија и општествената политика.
- Џосаја Ројс (1855–1916) — американски застапник на апсолутниот идеализам.
- Бенедето Кроче (1866–1952) — италијански филозоф кој го застапувал Хегеловото гледиште за развојот на историјата. Пишувал претежно за естетиката, уметничкото вдахновение и личното изразување.
- Џовани Џентиле (1875–1944) — клучен филозоф во фашистичкото движење.
- Александар Кожев (1902–1968) — изложил нов поглед на Хегел во Франција во 1930-тите. Неговите предавања ги посетувале влијателни интелектуалци како Ремон Кено, Жорж Батај, Морис Мерло-Понти, Андре Бретон, Жак Лакан, Ремон Арон, Роже Кајоа, Мишел Лерис, Анри Корбен и Жан Иполит.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Absolute Idealism – Britannica.com
- ↑ Поимот „апсолутен идеализам“ (absoluter Idealismus) првпат се јавува во Шелинговото дело „Идеи за природната филозофија како вовед во оваа наука“ (Ideen zu einer Philosophie der Natur als Einleitung in das Studium dieser Wissenschaft, том 1, P. Krüll, 1803 [1797], стр. 80).
- ↑ Nectarios G. Limnatis, German Idealism and the Problem of Knowledge: Kant, Fichte, Schelling, and Hegel, Springer, 2008, pp. 138, 166, 177.