Десни хегелијанци

Десни хегелијанци или старохегелијанци — следбеници на германскиот филозоф Георг Вилхелм Фридрих Хегел на почетокот на XIX век кои ја одвеле неговата филозофија во конзервативна насока. Често се сопоставуваат наспроти младохегелијанците (левите хегелијанци), кои ја земаат неговата политичка филозофија во полза на внесување на разни новини во политиката и религијата.[1]

Според Хегеловиот историзам, идеите и нациите можат да се сфатат само преку увид во нивното минато. Хегел цел живот бил ортодоксен член на Лутеранската црква на Прусија. Посветил големо внимание на Апсолутот — севкупноста на стварноста со која се оправдува вербата во Бога. Во делото „Филозофија на правото“, Хегел вели:

Државата е апсолутно рационална кога ја остварува суштинската волја, остварена во дадената самосвест подигната на рамниште на универзалност. Оваа суштинско единство е апсолутна побуда и цел само за себе. Во оваа цел, слободата го достигнува своето највисоко право. Но оваа цел има највисоко право врз поединецот, чија највисока должност е да биде член на државата.

Филозофија на правото, „Државата“

Десните хегелијанци ја надополниле оваа претстава за етатизмот, користејќи ја како темел за правата на државата и правоверноста во религијата. Хевеловиот историзам може да се толкува во полза на неизбежноста на денешните државни и општествени установи; нацијата е Идеал кој, во Хегеловиот идеализам, постои над и меѓу луѓето кои ја сочинуваат. Залагањето за политички промени така би се толкувало како напад врз Идеалот на навионалната држава. Десните хегелијанци сметале дека тогашните напредни европски општества (првата половина на XIX век) го претставувале врвот на општествениот развој — производ на дотогашната историска дијалектика. Највеќето од нив се изразувале пофално за пруската држава и нејзиниот опширен систем на државни служби, добри високи установи, индустријализација и голема вработеност, напредокот и отелотворение на „духот на времето“ (Zeitgeist).

Многу деснохегелијански мислители стекнале големо влијание во академските и црковните кругови, особено на Берлинскиот универзитет, каде ги држеле деканатите на филозофскиот и теолошкиот факултет. Во подоцнежниоте периоди овие дејци биле подзаборавени и засенети од младохегелијанците како Бруно Бауер и Карл Маркс. Најголем белег оставиле во теологијата. Нивните усилби не успеале да го наметнат чувството за неизбежност на верата како производ на историјата, но станале основоположници на вишата критика, покажувајќи го влијанието на една ера врз развојот на христијанството.

Позначајни десни хегелијанци

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Dallmayr, Fred. „The Discourse of Modernity: Hegel and Habermas“. JSTOR: The Journal of Philosophy, Vol. 84, No. 11, (1987 ), стр. 682-692. JSTOR 2026775. Наводот journal бара |journal= (help)