Врвнојазична согласка

(Пренасочено од Апикална согласка)

Врвнојазична согласка (апикална)[1] е глас што се создава со попречување на минувањето на воздухот со врвот на јазикот. Противположна е на рамнојазичната согласка, што се создава со попречување на воздухот со рамниот дел на јазикот (веднаш зад врвот).

Врвнојазична согласка
◌̺
МФА-бр.409
Шифрирање
Единица (дек.)̺
Уникод (хекс.)U+033A

 
Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Оваа разлика во творбата не е баш често застапена во рамките на поединечните јазици, и обично важи само за струјните и слеаните гласови. Така, македонскиот има само рамнојазични парници на [t]/[d], а англиските наречја имаат или врвнојазични или рамнојазични (не обете). Меѓутоа, некои варијанти на арапскиот како хадрамскиот, го реализираат [t] како рамнојазично, но [d] како врвнојазично.

Српскохрватскиот и баскискиот ја имаат оваа разлика кај венечните струјни согласки. Мандаринскиот ја корист кај задновенечните струјни гласови (т.н. „венечно-предонепчената“ и „свиената“ низа). Канадскиот јазик лилует ја има како споредно својство (со споредна творба) кај противположноста на веларизираните и невеларизираните струјни согласки. Многу австралиски јазици прават разлика помеѓу врвнојазична и рамнојазична творба кај носните, избувните и, најчесто, страничните приближни согласки.

Во Меѓународната фонетска азбука (МФА), врвнојазичните гласови се означуваат со дијакритичкиот знак U+033A ̺ придружнен подреден превртен мост (HTML: ̺).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
  1. Наречена и апикал.