Антиохиска православна црква

(Пренасочено од Антиохиска патријаршија)

Антиохиска православна црква (арапски: بطريركية أنطاكية وسائر المشرق للروم الأرثوذكس, грчки: Πατριαρχεῖον Ἀντιοχείας) или Антиохиска патријаршија — автокефална црква, која во православниот свет се наоѓа на третото место со ранг на патријаршија. Црквата ја возглавува Антиохискиот патријарх Јован X.

Антиохиска православна црква
بطريركية انطاكية وساير المشرق للروم الارثوذك

Основач Апостол Петар
Независност Апостолска ера
Признавање православие
Поглавар Јован X
Седиште Дамаск, Сирија
Територија Палестина, Египет, Сирија, Либан, Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија, Израел, Турција, САД, Канада, Мексико, Австралија
Власт
Јазик арапски, грчки, турски
Верници 2.000.000
Портал http://www.antiochpat.org/
Соборниот храм на Дева Марија во Дамаск, Сирија, е седиште на Антиохиската православна црква од 1342 година

Во православните цркви, таа се наоѓа на третото место, веднаш зад Цариградската и Александриската црква. Таа се смета за една од петте древни цркви во раното христијанство. Според преданието, била основана од страна на апостол Петар и апостол Павле во 37 година, во Антиохија. Од 451 година црквата се здобила со ранг на патријаршија.

Од оваа црква произлегле неколку поважни светители како: Свети Јован Златоуст, Јован Дамаскин и Иларион Велики. Антиохиската црква ги опфаќа Сирија, Либан, Ирак, Кувајт и неколку епархии во Европа, Африка и Америка.

Денеска, патријаршијата се наоѓа во градот Антиохија во Турција. Во времето на Римското Царство градот претставувал еден од најголемите христијански центри. Христијанството на овие простори било многу рано присутно. Повеќемина истражувачи сметаат дека во Антиохија се случил еден фундаментален настан поврзан со христијанството, а тоа е пишувањето на Евангелието по Матеј. Во "Дела апостолски" (11: 25-26), за присуството на Апостол Павле и Свети Варнава во Антиохија, пишува: "Во Антиохија, учениците, и тоа за првпат, беа наречени христијани".

Поврзано

уреди