Јован Дамаскин (грчки: Ἰωάννης Δαμασκήνος, латински: Iohannes Damascenus; роден околу 675 во Дамаск – починал на 4 декември 749 во Ерусалим[1]) — сириски монах и теолог и христијански светец.

Свети Јован Дамаскин
Ἰωάννης ὁ Δαμασκηνός (грчки)
Ioannes Damascenus (латински)
يوحنا الدمشقي (арапски)
Свети Јован Дамаскин (арапска икона)
Doctor of the Church
Роден(а) околу 675 или 676, Дамаск, Омејадски калифат
Починал(а) 4 декември 749(749-12-04), Ерусалим, Омејадски калифат
Слава 4 декември
27 март
Обележја Одсечена рака, икона
Заштитништво Фармацевти, сликари на икони, студенти по теологија

Животопис

уреди

Јован Дамаскин е роден околу 675 година во Дамаск, период кога во околината се распространувал исламот. Неговиот татко Сергиј бил висок чиновник во служба на калифатот. Главно поради функцијата на неговиот татко, младиот Јован се стекнал со добро образование кај еден калабриски монах од грчко потекло, Козма. Кај него Јован се здобил со знаење од областа на аритметика, геометрија, музика, астрономија, реторика, дијалектика и етика по Платон и Аристотел, и теологија. По смртта на неговиот татко, Јован го наследил на уште поголема функција, како „првосоветник“ на дворот на калифот Ал-Валид I (705-715)[2][3].

Во истото време, во Византија започнало Византиското иконоборство, поддржано од царот Лав III Сириец (717-741). Биографијата на Јован во следниот период се смета дека е легендарна[4][5]. Јован Дамаскин бил меѓу првите кои се спротивставиле на иконоборството, започнувајќи писмена борба за одбрана на иконите. Ова негово делување го разгневило византискиот цар, кој го наклеветил кај калифот дека Јован сака да пружи помош на Византијците во освојувањето на Дамаск. Калифот веднаш го симнал Јован од високата положба во калифатот, му ја отсекол десната рака и го вовел во градот сиот окован. Според христијанските верувања, истата ноќ Јован се молел пред иконата на Пресвета Богородица, која му се јавила во сон, и велејќи му дека раката му е исцелена, му укажала на неопходноста од неговата борба, со нејзина помош. Кога се разбудил, Јован Дамаскин видел дека раката му е исцелена[4] , по кое калифот му побарал прошка, која тој ја одбил.

Кон почетокот на 8 век, Јован заедно со својот учител Козма, заминал во Манастирот на Св. Сава Освештен во Ерусалим, каде станал монах, свештеник и теолог на Ерусалимската црква.

Свети Јован бил разноврстен и плоден црковен писател, со оригинален, методичен и концизен начин на изразување. Пишувал на висок стил на грчки јазик, и сите дела ги напишал во лаврата на Свети Сава.

Неговиот спомен се слави на 4 односно 17 декември

Дела

уреди

Бројните богословски трудови на Јован Дамаскин можат главно да бидат групирани како полемички и систематски, иако во некои од нив е тешко едното да се разликува од другото. Јован полемизира со иконоборството како актуелна тема во времето во кое живеел, како и против други ереси, како несторијанството, а исто така и исламот. Главно дело на Јован Дамаскин е „Правилно изложување на Православната вера“, кој е обид за составање на догматски систем по теркот на раните црковни философи на Кападокиската школа, како свети Григориј Богослов, Кирил, Лав Римски, Леонтиј, Дионисиј и Максим.

Други дела на Јован Дамаскин се: „Дијалектика или Философски поглавја“, „За ересите накратко“ и „Свети паралели“.

Наводи

уреди
  1. M. Walsh, ed. Butler's Lives of the Saints (HarperCollins Publishers: New York, 1991), p. 403.
  2. Suzanne Conklin Akbari, Idols in the East: European representations of Islam and the Orient, 1100-1450, Cornell University Press, 2009 p. 204
  3. David Richard Thomas, Syrian Christians under Islam: the first thousand years, Brill 2001 p. 19.
  4. 4,0 4,1 Catholic Online. „St. John of Damascus“. catholic.org.
  5. Jameson 2008, стр. 24

Надворешни врски

уреди