Ана Билинска

полска сликарка

Ана Билинска (позната и како Ана Билинска-Бохданович; 8 декември 185418 април 1893) била полска сликарка и претставник на реализмот, позната по нејзините портрети. Таа го поминала поголемиот дел од својот живот во Париз и се смета за „првата меѓународно позната полска уметница“.[1]

Ана БИлинска
Автопортрет со престилка и четки, 1887
Роден(а)8 декември 1854
Златопол, Херсонска губернија, Руска Империја
Починал(а)Предлошка:Death-date and age
Варшава, Конгресна Полска
НационалностПолска
ОбразованиеЖулијанска академија
Познат(а) поСликарство
Значајни делаМурзинка (1884)
На морскиот брег (1886)
ПравецРеализам
СопружникАнтони Бохданович

Живот

уреди

Раните години

уреди

Таа била родена во 1854 година во Златопол (поранешен пограничен град на Руската империја, денес дел од Новомиргород, Украина) како Ана Билинска, а детството го поминала таму со нејзиниот татко, полски лекар. За своето потекло, таа се шегувала дека „има козачки темперамент, но полско срце“ (полски: ma temperament kozaczy, ale serce polskie).[2] Семејството подоцна се преселило во Централна Русија, каде што првите учители по уметност на Ана биле Игнациј Јасински и Михал Елвиро Андриоли, и двајцата депортирани од царската влада во Вјатка како казна за нивната улога во јануарското востание од 1863-1864 година.

Во 1875 година, мајката на Билинска го преселила семејството во Варшава, запишувајќи ги нејзините полнолетни деца во конзерваториумот. Ана била талентирана пијанистка, дејност која се сметала за соодветно достигнување за жена од нејзината класа и време. Но, сликарството, посомнителна желба за жена, ќе постане нејзина вистинска страст.[1]

 
Фотографија на Билинска на 18-годишна возраст, од Војчех Пјечовски, Национален музеј во Краков

Во 1877 година, таа стана ученичка на сликарот Војцех Герсон и почнала да ги изложува своите дела во варшавското здружение за промоција на ликовната уметностЗахента (полски: Towarzystwo Zachęty Sztuk Pięknych).[3] Наспроти желбата на нејзините родители, таа најмила сопствено студио на улицата Нови Свиат бр. 2, продавајќи ги нејзините слики и плаќајќи ја киријата на студиото со сопствени средства.[1]

Европа: патувања во Австрија, Италија и Париз

уреди

Во почетокот на 1882 година, таа ја придружувала својата хронично болна пријателка Клементина Красовска на патување во Минхен, Салцбург, Виена и северна Италија, пред да пристигне и остане во Париз, каде студирала заедно со Марија Башкирцева и англиската уметница Емелин Дин во Жулијанската Академија,[4] и каде подоцна предавала. Во 1884 година, Красовска и нејзиниот татко Јан Билински починале, што таа лошо го емоционално поднела. Сепак, нејзината иднина била финансиски обезбедена балгодарение на тестаментот на Красовска и за неа се грижела сликарката Марија Гажич која живеела во Нормандија.[5]

Во 1889 година, таа го претставила својот Автопортрет на Exposition Universelle во Париз за што била наградена со сребрен медал и добила право да ги изложува своите дела надвор од конкуренција за време на идните настани.[6] Ова се покажа како нејзин прв голем меѓународен успех. Во 1889 година, нејзините дела биле изложени во Кралската академија за уметност во Лондон.[7] Во 1891 година, тие биле прикажани на годишна меѓународна изложба во Берлин каде што била наградена со златен медал.[8]

Таа живеела во Франција до 1892 година, кога се омажила за Антони Бохданович, доктор по медицина, и го земала неговото презиме. По нивниот брак, тие се вратиле во Варшава, каде што имала намера да отвори уметничко училиште во париски стил за жени, но се разболела од срцева болест и починала една година подоцна, на 18 април 1893 година. Таа била погребана на варшавските гробишта Стари Повонзки.[9]

Дела

уреди
 
Ана Билинска, Мурзинка (1884). Во официјалниот директориум на Полска за културно наследство ограбено за време на Втората светска војна, вратена во 2012 година[10]

Ана Билинска е најпозната по нејзините портрети, особено оние на жени, насликани со голема интуиција. Нејзиниот Автопортрет со престилка и четки (1887) развила нова автопортретска поза со поставување на уметникот пред заднината на моделот, наведувајќи на тој начин дека таа е сопствен модел.[11] Нејзиниот портрет со наслов „ Крај прозорецот“ (1890), насликан со пастелна техника, критичарите од 19 век го сметале за најмодерното сликарство на Билинска имајќи ја предвид нејзината тема, кадрирањето и употребата на светлина. Тој прикажува млада девојка која се потпира низ прозорецот кон градината осветлена од сонце и веројатно бил насликан за време на летниот одмор на уметникот поминат во рибарското село Бојардвил.[6] Меѓу нејзините значајни машки портрети е портретот на американскиот скулптор Џорџ Греј Барнард насликан во 1890 година на барање на Алфред Корнинг Кларк.[6] Таа, исто така, сликала мртва природа, жанровски сцени и пејзажи користејќи маслени акварели, а понекогаш и пастели.

Две од сликите на Билинска исчезнале по Втората светска војна : Мурзинка (1884) и Италијанката (1880). Првата била повторно откриена на аукција во Германија во 2011 година и успешно вратена во Полска во 2012 година благодарение на напорите на Министерството за култура и националното наследство на Полска. Во моментов таа е изложена во Националниот музеј во Варшава.[12]

Нејзините слики може да се најдат во Националниот музеј во Варшава, Националниот музеј во Вроцлав, Националниот музеј во Краков, Викторијанска уметничка галерија во Бат, Музејот на модерни уметности во Сент Етјен, Лавовската национална уметничка галерија, Музејот на уметност во Гетеборг, Пенсилванскиот државен музеј, Музејот на музички инструменти во Берлин, како и во приватни колекции.[13]

Наследство

уреди
 
Емелин Дин, Портрет на уметникот Ана Билинска-Бохданович (1886) Викторијанска уметничка галерија, Бат, Обединето Кралство

Билинска се смета за првата полска уметница која добила професионално уметничко образование на академско ниво и добила признание од критичарите во странство.[1][14] Таа била вклучена во изложбата од 2018 година на Американската федерација на уметноста насловена Жени уметници во Париз, 1850–1900.[15]

Набргу по смртта на таткото на Билинска во 1882 година, портретот на Билинска, кој го прикажува уметникот во длабока жалост, го насликала нејзината пријателка, Емелин Дин, во Париз. Оваа слика (денес во Викторијанската уметничка галерија) предизвикала таков емоционален интензитет на загуба што, кога била изложена во Париз и Лондон, „предизвикала толкава возбуда што била прикажана во цртан во списанието „Панч“.“[16] Делото се смета за значајно затоа што во тоа време не било вообичаено жените сликари да создаваат формални портрети во салонски стил на други жени сликари, а камоли да ги изложуваат.[17]

Делата на Билинска не биле добро познати во текот на 20-тиот век, дури и во нејзината родна земја. Некои ги наведуваат „предрасудите на времето и нејзината рана смрт и кратката кариера“ како причини за ова непрепознавање,[16] но, ако е така, тоа е судбина што ја имала како заедничка со многу други надарени жени сликарки од 19-тиот век. Во 2017 година, триесет и седум од овие „заборавени женски уметници“ била дел од патувачката изложба Жени уметници во Париз, 1850–1900. Изложбата била можеби позабележителна за кодифицирање на делата на бројните жени-уметници од 19-тиот век кои, всушност, не биле заборавени и чии слики почнале сè повеќе да се ценат. Шоуто било критикувано поради тоа што не успеало соодветно да објасни зошто овие уметници „продолжуваат да бидат потценети“.[18]

Во 2021 година Националниот музеј во Варшава одржал голема ретроспектива на творештвото на Билинска, прикажувајќи над 120 слики (вклучувајќи го и портретот на Дин од 1886 година).[14] Биографските белешки на изложбата дале навремена проценка на нејзината работа, прогласувајќи дека сликите на Билинска станале „дел од канонот на полската уметност“, а истовремено напоменувајќи дека истражувата за нејзиното „цело творештво и животна приказна“ сè уште се нецелосни.[19] Консензусот на рецензентите на изложбата бил дека изложбата конечно ѝ го даде на Билинска „признанието што го заслужува“,[16] а во исто време поставил дополнителни прашања за нејзината уметност и живот.

Изложби

уреди

Постхумно

уреди

Галерија

уреди

Избрани дела

уреди

Библиографија

уреди
  • Клара Ерскин Климент, Жените во ликовната уметност од седмиот век п.н.е. до дваесеттиот век од нашата ера, 1904 година
  • Magdalena Schlender, Die Selbstbildnisse der polnischen Malerin Anna Bilińska (Автопортретите на полската сликарка Ана Билинска), Хамбург 2005 г.
  • Магдалена Шлендер, Ана Билинска Бохданович, веројатно 2009 г.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Tyszkiewicz, Olga (2020-10-22). „Striving For Freedom: The Artistic Career of Anna Bilińska-Bohdanowicz“. culture.pl. Adam Mickiewicz Institute. Посетено на 28 May 2022.
  2. Renata Higersberger. Piękna, Skradziona, Odzyskana. nimoz.pl
  3. "Artystka. Anna Bilińska 1854-1893". Nowa wystawa w Muzeum Narodowym w Warszawie“ (полски). 28 June 2021. Посетено на 20 July 2021.
  4. „Anna Bilińska-Bohdanowicz“. Culture.pl.
  5. „Anna Bilińska: the groundbreaking 19th-century artist who defied adversity to inspire others“. 29 June 2021. Посетено на 20 July 2021.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Anna Bilińska: Niezwykła portrecistka“ (полски). Посетено на 20 July 2021.
  7. „Anna Bilińska-Bohdanowicz“ (полски). Посетено на 20 July 2021.
  8. "Artystka". Anna Bilińska 1854 –1893, w Muzeum Narodowym“ (полски). 25 June 2021. Архивирано од изворникот на 2023-04-22. Посетено на 20 July 2021.
  9. „Warszawskie Zabytkowe Pomniki Nagrobne“. Архивирано од изворникот на 2021-07-22. Посетено на 20 July 2021.
  10. „Another WW II looted painting returned to Poland“. The Central Registry of Information on Looted Cultural Property, 1933-1945, Commission for Looted Art in Europe. 20 March 2012. Посетено на 2022-05-29.
  11. Frances Borzello, Seeing Ourselves: Women's Self-Portraiture, 1998.
  12. „Murzynka“. Архивирано од изворникот на 2021-07-12. Посетено на 20 July 2021.
  13. "Artystka. Anna Bilińska 1854–1893" w Muzeum Narodowym w Warszawie“ (полски). Посетено на 20 July 2021.
  14. 14,0 14,1 Konopka, Blanka (2021-07-02). „Painting pioneer who 'dazzled Paris' goes on display to place her as one of Poland's greats“. thefirstnews.com. Polish Press Agency . Посетено на 2022-05-28.
  15. Madeline, Laurence (2017). Women artists in Paris, 1850–1900. New Haven & New York: Yale University Press & American Federation of Arts. ISBN 978-0300223934.
  16. 16,0 16,1 16,2 Wall, Katharine (2021-01-28). „The Great British Art Tour: time at last to pay Anna Bilinska proper attention“. The Guardian. UK. Посетено на 2022-05-28.
  17. Top 10 Treasures of Victoria Art Gallery: EMMELINE DEANE: ANNA BILINSKA / Series (англиски), Посетено на 2022-05-29
  18. Bissonnette, Meghan (2018). „Her Paris: Women Artists in the Age of Impressionism“. Art Inquiries. 17 (3): 336 – преку Gale.
  19. 19,0 19,1 „Artystka, Anna Bilińska 1854–1893“. National Museum in Warsaw. 2021. Посетено на 2022-05-29.
  20. „Women Artists in Paris, 1850–1900“. The Clark Art Institute. Jun 2018. Посетено на 2022-05-29.

Надворешни врски

уреди