Анаис Нин
Ангела Анаис Хуана Антолина Роса Еделмира Нин и Кулмел (шпански: Angela Anaïs Juana Antolina Rosa Edelmira Nin y Culmell), позната под името Анаис Нин (Anaïs Nin[1]) е американска писателка. Дете на родители од шпанско-кубанско потекло, е родена во Франција на 21 февруари 1903 година. Таа поминала одреден период од својот живот во Шпанија и Куба но поголем дел од своето време го поминала во Америка каде оформила кариера на препознатлив писател. Таа ги има објавено своите дневници кои опфаќаат повеќе од 60 години од нејзиниот живот. Почнала да пишува од својата 11 година и продолжила да ги пишува дневниците до крајот на својот живот. Пишувала новели, критики, есеи, раскази и книги со еротски содржини. Голем дел од нејзините пишани материјали биле објавени по нејзината смрт, како што се книгите Делта на Венера и Мали птици.
Анаис Нин | |
---|---|
Портрет на Нин, c. 1920 | |
Роден/а | Ангела Анаис Хуана Антолина Роза Еделмира Нин и Кулмел 1903 Нили-сир-Сен, Париз |
Починат/а | јануари 14, 1977 Лос Анџелес | (возр. 73)
Занимање | Писател |
Националност | Американка |
Жанр | Дневници Еротска литература Раскази Есеи |
Сопруг/а | Хју Паркер Гилер (1923–1977) Руперт Пол (1955–1966) |
Роднини | Јоакин Нин (татко), Јоакин Нин-Кулмел (брат) |
Потпис |
Почетоци
уредиАнаис Нин е родена во семејство на уметници. Нејзиниот татко, Јоакин Нин бил познат кубански пијанист и композитор[2], додека нејзината мајка Роса Кулмел била позната француска пејачка, која работела во Куба. Нејзиниот прапрадедо за време на револуцијата се доселил во Франција, за подоцна да се пресели во Куба каде учествувал во градењето на првата железничка пруга.[3]
Поминувајќи го детството во Европа таа била израсната според правилата на Римокатоличката црква.[4] По разделбата на нејзините родители, мајката на Анаис заедно со нејзините браќа, Торвалд Нин и Јоаким Нин-Кулмел, се преселиле во Барселона, а подоцна во Њујорк. Според нејзините дневнички записи собрани под заедничкиот наслов “Оган” – Нин на 16 години го напушта школувањето, за подоцна да работи како модел во уметничко ателје. Откако поминала многу време во Америка, Нин комплетно го заборавила шпанскиот јазик, но го усовршила францускиот.
На 3 март 1923 година во Хавана (Куба), Нин се омажила со првиот сопруг Хуг Паркер Гилер (1898–1985), уметник и банкар, откако станал познат режисер на експериментални филмови во доцните 40-ти, станува познат под името Ијан Хуго. Парот се преселил во Франција, каде Гилер ја продолжил својата кариера како банкар, додека Нин ја развивала својата писателска кариера, во нејзините дневници исто така напоменува дека била одлична фламенго танчерка во Париз во средината на 1920та година. Нејзиното прво објавено дело било Критичка евалуација на Д.Х. Лоренс-Непрофесионално истражување, дело кое е напишано во рок од 16 дена.
Комплетна трансформација доживеала со терапијата на психологот Ото Ранк,[5] човекот кој ги откажал своите соработки со Фројд поради неможноста Фројд да ја цени женственоста, сексуалноста, како и односнот мајка-дете. Во нејзините дневници, таа искажува впечаток на прероденост при секоја посета со Ранк. Ранк ѝ помогнал во пишувањето на нејзините дневници, односно во можноста Анаис да ги изрази сопствените емоции кои таа ги доживувала невозможни за опишување. Тој воедно ѝ бил и љубовник.[6] Таа ја открила длабочината на нејзините чувства во една поврзаност на тоа што би сакала да каже и што не би требало да се каже.
“Додека Ранk зборуваше, јас помислував на своите тешкоти со моето сопствено изразување на емоции. За моите потешкотии при пронаоѓање на јазикот на мојата интуиција, самите емоции постануваа илузивни, суптилни и безимени”.[7]
Во 1939 година, поради војната која ѝ се заканувала на Франција, Нин заминува во Њујорк со својот сопруг. (сите записи за нејзиниот сопруг биле отстранети од дневниците по барање на Гулиер, па неговата улога во нејзиниот живот сè уште не е комплетно јасна).
Личен живот
уредиСпоред нејзините дневници, Нин водела боемски животен стил со Хенри Милер за време на нејзиниот престој во Париз. Сопругот Гилер не е воопшто дел од нејзините записи иако во почетокот на дневникот таа јасно изјавува дека е мажена, но и дека сопругот нема да биде дел од нејзините пишувања.
Нин се појавува во неколку филмови, Откривањето на куполата на задоволството (1954) режисиран од Кенет Ангер, Ритуалот на времето што се менува (1945) од Маја Дерен, Ѕвоната на Атлантис (1952) од Гулиер (Ијан Хуго), филм исполент со електронска музика од Луис и Бебе Барон. Во нејзините дневници таа опишува страствена поврзаност со Хенри Милер, при што верувала дека била бремена од него, иако во 1932 се одлучила за абортус.
Во 1947 година, на 44 годишна возраст, таа се среќава со поранешниот глумец Руперт Полво Менхетен. Двајцата започнуваат патување низ Калифорнија, без разлика што Пол бил 16 години помлад од Нин. На 17 март 1955 година тие се венчаат во Аризона. Гулиер останува во Њујорк при што не бил запознаен со вториот брак на Нин сè до нејзината смрт во 1977 година. Сепак биографот Дидре Баир истакнува дека Гулиер сепак знае што се случува со Нин додека таа престојувала во Калифорнија, но свесно одбрал да не ја истакнува таа информацијата и да ја игнорира.
Нин ги опишува своите истовремени брачни случувања како "трапез што ги поврзува истокот и западот". Според Дидре Баир, Анаис живеела двоен живот, едниот во Лос Ангелес другиот во Њујорк, но нејзината ситуацијата постана мошне комплицирана, па Анаис со себе постојано носела една голема чанта, односно нејзината" кутија со лаги"- како што знаела да ја нарече. Во таа чанта, Анаис имала креативни бележници, едниот содржел многу бројни лаги што ги кажувала во Њујорк а другиот ги содржел кажаните лаги во Лос Ангелес. Таа често знаела да каже
"Премногу лажам, па некогаш си фаќам забелешки за моите сопствени лаги, за да не се збунам во иднина".
Инспирација црпела од познатите цитати на авторите Џуна Барнес и Д.Х. Лоренс. Таа изјавува во своите дневници дека исто така голема инсприација пронаоѓала во делата на писателите Марсел Пруст, Андре Жид, Жан Кокто, Пол Валери и Артур Рембо.
Кариера
уредиДневници
уредиОсвем голем број на објавени книги сепак Анаис Нин е најпозната по своите дневници. Пишувани во долг временски период, Нин овозможува подлабоки гледишта во нејзиниот приватен живот и романтичните врски. Нин се поврзала честопати на интимно ниво со писатели, уметници, психоаналитичари и други личности за кои често пишувала, особено голем пишан материјал е посветен на Ото Ранк. Исто така како припадничка на понежниот пол, со нејзините описи за многубројните машки славни личности, се овозможила еден балансирана перспектива на машкиот род, од женска гледна точка.
Во третиот том на дневникот, Инцест, сликовито пишува за татко ѝ (207–15) и за наводната сексуална злоупотреба кога била на 9 годишна возраст.[8]
Останати необјавени дела станале силно прифатени од читателите, дела како што се- "Кафулето во вселената", "Дневникот за литература на Анаис Нин", а најновото дело е составено од лични писма и записи, со наслов - "Анис Нин и Јоаким Нин- Писма помеѓу татко и ќерка".
Досега биле објавени 16 книги од серијата "Дневниците на Анаис Нин" .
Еротски пишувања
уредиНин е прогласена од многубројни критичари како еден од најдобрите писатели на еротска литература. Таа е прва писателка што комплетно ја истажувала еротската литератуа, како и прва жена од Западот што воопшто пишувала еротика. Пред нејзините дела, еротското пишување било применето од многу малку жени, со одредени исклучоци, како делата на Кејт Шопен.
Според нејзините дневници објавени во 1966 година, Нин првпат во својот живот прочитала еротска содржина кога летото во Париз со нејзиниот маж, мајка и браќа, престојувале во апартман на некој Американец. Таму Нин ја забележала неговата богата еротска литература:
" Ги читав книгите, една по една, нивната содржина беше комплетно ново доживување за мене...Пред да ги прочитам сите книги бев многу наивна, но подоцна дознав многу работи поврзани со сексуалната експлоатација. Се здобив со мојата диплома во еротска ученост."[9]
Соочени со големи финансиски кризи, Нин, Милер, и останатите нивни пријатели по очајна потреба за пари, започнале во 1940 година да пишуваат еротски приказни за анонимен колекционер, кој ги плаќал по еден долар за напишана страна.[10] (не е јасно дали Милер воопшто ги напишал овие приказни или едноставно дозволил неговиот потпис да биде искористен[11]). Нин верувала дека нејзините еротски ликови биле доста екстремни и никогаш не би помислила да ги објави нејзините еротски дела, но се премислила во раните 70-ти и дозволила кратките еротски приказни да бидат објавени со наслов "Делта од Венера"[12][13] и "Мали птици". Во 2016, колекција еротски приказни, Аулетрис, за првпат била објавена.[14]
Нин била пријателка и во одредени случаи и љубовница на водечки книжевници како Хенри Милер, Џон Штајнбек, Антонин Арто, Едмунд Вилсон, Гор Видал, Џејмс Аги, Џејмс Лео Херлих и Лоренс Дурел. Нејзината љубовна врска со Милер силно влијаела на неа како писател и како жена. Нин исто така во нејзините дневници ја опишува поврзаноста со надреалистот познатиот умерник Бриџит Баре Тишенор. Гласината дека Нин била бисексуална е спомната во филмот Хенри и Џун од Филип Кауфман. Оваа гласина е исто така поддржана од личните описи на Нин односно од неколку спомнати средби напишани во нејзиниот дневник. Првата средба е со нејзина пациентка (Нин работела како психолог во Њујорк) Турема Сокол, без телесни односи. Исто така Нин во нејзиниот дневник опишува средба со некоја женска личност со почувствувала физичка привлечност. Во дневникот објавен во 1940 година, Нин јасно изјавува дека не е бисексуалка, односно дека еротски може да биде привлечена од некоја жена, но дека самиот сексуален чин би бил премногу неудобен за неа.
Животниот тек и наследство
уредиПопуларноста на феминистичките движења во 1960 година создадоа една феминистичка слика на пишувањата на Нин во изминативе 20тина години, при што во голем број на универзитети се изучуваат нејзините книжевни дела, но самата Нин има изјавено дека не се доживува како припадник на каков било политичи активизам или движење. Во 1973 година Анаис добила почесна докторска титула од Колеџот за уметност во Филаделфија.[15] Таа починала во Лос Анџелес, Калифорнија на 14 јануари 1977, по три години битка со ракот. Нејзиното тело било кремирано, а нејзината пепел расфрлана во заливот Санта Моника Беј. Нејзиниот прв сопруг, Хју Хуилер, починал во 1985 година, а неговата пепел исто така била расфрлана на истото место. За новите објавени изданија од Нин после нејзината смрт, се погрижил Руперт Пол. Филип Кауфман го режирал филмот Хенри и Џун во 1990 година, врз основа на приказната Хенри и Џун[16], извадок од нејзините дневници. Во филмот таа е портретирана од Марија де Медеирос додека улогата на Џун ја игра Ума Турман.
Библиографија
уредиНаводи
уреди- ↑ Sayre, Robert F., уред. (1994). American Lives: An Anthology of Autobiographical Writing. University of Wisconsin Press. стр. 597. ISBN 978-0-299-14244-5.
- ↑ Liukkonen, Petri. „Anaïs Nin“. Books and Writers (kirjasto.sci.fi). Finland: Kuusankoski Public Library. Архивирано од изворникот на January 23, 2012. Не се допушта закосување или задебелување во:
|website=
(help) - ↑ Diaries, Volume 1, 1931–1934
- ↑ Stuhlmann, Gunther. A Spy In The House Of Love (Foreword). Swallow Press. стр. 3.
- ↑ Oakes, Elizabeth H. (2004). American Writers. Infobase Publishing. стр. 255. ISBN 978-1-438-10809-4.
- ↑ Anais Nin, Journal (1931-1934), Paris: Le Livre de Poche, 1966, p. 138, 171-172, 237, 404, 505, passim.
- ↑ Nin, Anaïs,The diary of Anaïs Nin: 1931–1934, Volume 1,publisher=Houghtin Mifflin Harcourt,1966, 276 p.
- ↑ „Anais Nin & Narcissim and Deception“. A Psychotherapist in Paris. September 7, 2012. Посетено на October 5, 2017.
- ↑ Нин, Анаис (1966). Дневници.
- ↑ Gertzman, Jay A. (2011). Bookleggers and Smuthounds: The Trade in Erotica, 1920-1940 (Reprint. изд.). University of Pennsylvania Press. стр. 344. ISBN 978-0-812-20585-5.
- ↑ Noël Riley Fitch, Anaïs: The Erotic Life of Anaïs Nin (Boston: Little, Brown and Company, 1993) ISBN 0-316-28428-9
- ↑ Kowaleski-Wallace, Elizabeth (1997). Encyclopedia of Feminist Literary Theory. Taylor & Francis. стр. 190. ISBN 0-8153-0824-8.
- ↑ Gibson, Andrew (1999). Postmodernity, Ethics and the Novel: From Leavis to Levinas. Routledge. стр. 177. ISBN 0-415-19895-X.
- ↑ Raab, Diana (November 3, 2016). „The Sexual Censorship Controversy“. Psychology Today. Посетено на October 5, 2017.
- ↑ „Times Woman of the Year – Anais Nin“. Los Angeles Times. June 6, 2011. Посетено на February 2, 2015.
- ↑ Henry and June: From A Journal of Love. The Unexpurgated Diary of Anaïs Nin (1931–1932) (1986), edited by Rupert Pole after her death
- ↑ Deirdre., Bair (1995). Anaïs Nin : a biography. New York: Putnam. ISBN 0399139885. OCLC 30895634.
- ↑ Riley., Fitch, Noel (1993). Anaïs : the erotic life of Anaïs Nin (1. изд.). Boston: Little, Brown. ISBN 0316284289. OCLC 27680353.
Надворешни врски
уреди- Официјален блог на Анаис Нин Архивирано на 28 април 2009 г.
- Sky Blue Press Чување и промоција на нејзиното книжевно дело
- Анаис Нин
- Нин "Анаис Нин"[мртва врска] Енциклопедија Британика
- Дела од или за Анаис Нин на Интернет архива (скенирани книги)
- Анаис Нин на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Дела од или за Анаис Нин во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Анаис Нин, Писма,1932–1946 Архивирано на 21 септември 2020 г.
- Анаис Нин видео текст Архивирано на 5 јуни 2014 г.