Американски крокодил

Американски крокодил
Американски крокодил во Мексико
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Crocodylidae
Род: Crocodylus
Вид: C. acutus
Научен назив
Crocodylus acutus
(Cuvier, 1807)
Распространетост на Crocodylus acutus

Американскиот крокодил (Crocodylus acutus) е вид на крокодил кој се среќава во Средна Америка. Тој е најраспространетиот од четирите преживеани видови крокодили во Америка. Популациите живеат од атлантските и тихоокеанските брегови на јужно Мексико до Перу и Венецуела во Јужна Америка. Овој крокодил го среќаваме и во Куба, Јамајка и Хиспаниола (Антили), и постои и популација од помалку од 1200 единки на Флорида, САД. Живеалиштето најчесто му е во крајбрежните предели. Американскиот крокодил е доста голем вид на крокодил, и некои мажјаци достигнуваат големина и до 6,1 метар во Централна и Јужна Америка.

Особености

уреди

Како и останатите крокодиловидни животни, Американскиот крокодил е четвороножно животно, со 4 кратки нозе и долга моќна опашка. Во должина на грбот и на опашката има коскести израстоци[2]. Муцката му е издолжена и составена од пар јаки вилици. Очите имаат заштитна ципа и поседуваат жлезди кои лачат солзи.

Ноздрите, очите и ушите се наоѓаат на врвот на главата, што им овозможува да напаѓаат изненадно, криејќи го целото тело под вода[2]. Бојата на телото исто така овозможува одлична камуфлажа. Американските крокодили обично лазат на стомак, но исто така можат и да трчаат[3]. Поголемите единки можат да галопираат со брзина од 16 км/ч[4]. Пливаат со брзина од 32 км/ч движејќи го телото на змијулест начин. Сепак, крокодилите неможат да ја одржат оваа брзина долго време[5].

Американските крокодили се многу поосетливи на ладно отколку Американските алигатори[6]. За разлика од американскиот алигатор кој може некои време да издржи во вода со температура од 7,2 °C, американскиот крокодил брзо станува безпомошен и се дави[2]. Се претпоставува дека токму поради оваа слабост, американските крокодили не се распространиле толку северно како алигаторите. Сепак, крокодилите растат многу побрзо од алигаторите и се многу потолерантни на солена вода[2].

За разлика од крокодилите од Стариот Свет кои се чистат од паразитите со помош на птици, Американскиот крокодил за отстранувањето на паразитите се потпира на помош од риби[2].

Големина

уреди

Штотуку испилените младенчиња се долги околу 22 сантиметри и тежат околу 60 грама[7][8]. Просечната големина на возрасен мажјак изнесува 4 метри и тежи 182 килограми, додека просечната женка е со должина од 3 метри и тежи 73 килограми[9][10].

Во САД е пронајдена возрасна единка која била долга 4,6 метри[7][11]. Се смета дека овој вид расте најмногу во речните басени во Јужна Америка, но дури и старите мажјаци не се поголеми од 6 метри[11]. Пронајден е череп кој бил со големина од 72,6 сантиметри и се проценува дека припаѓал на крокодил долг 6,6 метри[12].

Распространетост

уреди
 
Crocodylus acutus во нивното природно живеалиште

Американскиот крокодил е најраспространет од четирите преостанати видови на крокодили во Америка[1]. Живее во води како мангрови мочуришта, утоки на реки, слатки и солени езера, а може да се најде дури и во Карипското Море поради големиот број на крокодили на Карипските острови[2]. Ги среќаваме и во Јужна Флорида, централните Антили и јужно Мексико, до Колумбија и Еквадор[7][13]. Голема популација од овие крокодили има и во Костарика[14]. Една од најголемите документирани популации на американскиот крокодил живее во езерото Енрикилјо, солено езеро во Доминиканската република[10]. Овој вид е најден и на островот Јамајка[15].

Предците на американскиот крокодил, се смета дека ја населувале Северна Америка за време на леденото доба, кога нивото на морето било 91 метар пониско од денешното ниво. Крокодилите преминале од Куба преку Флорида, и се сместиле во Северна Америка. Нивното навлегување кон внатрешноста на копното било спречено од алигаторите, па затоа ги населиле крајбрежните води[16].

Заштитен статус

уреди
 
Crocodylus acutus

Како последица на ловот, загадувањето, губењето на природното живеалиште и заробувањето на ворасните единки за одгледување во фарми, американскиот крокодил е загрозен вид во некои подрачја[8]. Во 1972, Венецуела го забранува ловењето на крокодилите поради нивната кожа за време од една декадa, после претераното ловење во 1950-тите и 1960-тите[17].

Една до две илјади американски крокодили живеат во Мексико и централна и јужна Америка, меѓутоа не се знае точниот број на популации[10]. Овој вид се смета за ранлив, но последен пат е проценуван во 1996 година[1]. Популацијата во дивината се проценува помеѓу 500 и 1200 единки во јужна Флорида[18]. На 20 март 2007 година во САД, статусот на американскиот крокодил се менува од „вид во опасност“ во „загрозен вид“, со што и понатаму останува заштитен од нелегален лов[19][20]

Контакти со човекот

уреди
 
Американски крокодил

Американскиот крокодил може да биде опасност за луѓето, и нападите од овие крокодили не се непознати во Мексико, Костарика и Гватемала. Овие напади ретко се познати на меѓународната јавност, па затоа овој вид не е толку прочуен како човекојадец како некои други негови роднини[2]. Во мај 2007 година, во една недела пријавени се 2 напади на деца кои завршиле трагично, еден во Мексико а другиот во Костарика[21][22]. Ниеден напад на човек од страна на американски крокодил не е регистриран во САД[23].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Crocodylus acutus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1996. Посетено на 7 декември 2008. Listed as Vulnerable (VU A1ac v2.3)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Guggisberg, C.A.W. (1972). Crocodiles: Their Natural History, Folklore, and Conservation. Newton Abbot: David & Charles. стр. 195. ISBN 0715352725.
  3. Gordon, Gregg. „Morphology & Physiology of the Crocodylia“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-07-20. Посетено на 2009-01-07. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Earth's Birthday Project | Rainforest Exploration | Teachers“. Earthsbirthday.org. Архивирано од изворникот на 2009-02-14. Посетено на 2008-12-12.
  5. „Everglades-American Crocodile“. Miamisci.org. Архивирано од изворникот на 2014-09-11. Посетено на 2008-12-12.
  6. Празен навод (help)
  7. 7,0 7,1 7,2 Roger Conant and Joseph T. Collins. Illustrated by Isabelle Hunt Conant and Tom R. Johnson.; Conant, R. and J. T. Collins (1998). Reptiles and Amphibians Eastern-Central North America, 3rd ed. Boston: Houghton Mifflin. стр. 142–3. ISBN 0395904528.
  8. 8,0 8,1 „The Croc Docs - Research - The American Crocodile: A Story of Recovery“. Crocdoc.ifas.ufl.edu. Архивирано од изворникот на 2008-02-09. Посетено на 2008-12-12.
  9. Savage, The Amphibians and Reptiles of Costa Rica: A Herpetofauna between Two Continents, between Two Seas. University Of Chicago Press (2005), ISBN 978-0-226-73538-2
  10. 10,0 10,1 10,2 „American Crocodile, American Crocodile Profile, Facts, Information, Photos, Pictures, Sounds, Habitats, Reports, News - National Geographic“. National Geographic.com. Посетено на 2008-11-29.
  11. 11,0 11,1 Behler JL, King FW. 1979. The Audubon Society Field Guide to North American Reptiles and Amphibians. New York: Alfred A. Knopf. 743 pp. LCCCN 79-2217. ISBN 0-394-50824-6.
  12. Wood, The Guinness Book of Animal Facts and Feats. Sterling Pub Co Inc (1983), ISBN 978-0-85112-235-9
  13. „Crocodilian Species - American Crocodile (Crocodylus acutus)“. Flmnh.ufl.edu. Посетено на 2008-11-29.
  14. „8 Crocodiles kill man in Mexico | Sindh Today“. Sindhtoday.net. Архивирано од изворникот на 2008-08-22. Посетено на 2008-11-29.
  15. Ahrenfeldt, Robert H. (1954-05-05). „Identification of the Amphibia and Reptilia Recorded in Jamaica by Hans Sloane (1688-89)“. Copeia. American Society of Ichthyologists and Herpetologists. 1954 (2): 105–111. doi:10.2307/1440328. Посетено на 2008-12-24.
  16. Liquid Land: A Journey Through the Florida Everglades by Ted Levin, University of Georgia Press, 2004 ISBN 0-8203-2672-0
  17. F. Harvey Pough ... (2004). Herpetology. Upper Saddle River, NJ: Pearson/Prentice Hall. стр. 628–9. ISBN 0131008498.
  18. „NPCA American Crocodile“. Архивирано од изворникот на 2008-12-11. Посетено на 7 декември 2008.
  19. „U.S. Crocodiles Shed "Endangered" Status“. National Geographic. 21 март 2007. Посетено на 7 декември 2008.
  20. American Crocodile No Longer Near Extinction. 21 март 2007.
  21. „Boy killed in crocodile attack in Mexico - Americas- msnbc.com“. Msnbc.msn.com. 3 мај 2007. Посетено на 2008-11-29.
  22. „Crocodile makes off with boy | WORLD | NEWS | tvnz.co.nz“. Tvnz.co.nz. Архивирано од изворникот на 2008-12-09. Посетено на 2008-11-29.
  23. Langley, Ricky L. (2005). „Alligator Attacks on Humans in the United States“ (PDF). Wilderness and Environmental Medicine. 16: 119–124. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-27. Посетено на 2009-01-07.

Надворешни врски

уреди