Бруно Алферд Деблин (германски: Bruno Alfred Döblin, Штетин, 10 август 1878 -Емендиген, 26 јуни 1957 ) бил германски експресионистички писател и драматург од еврејско потекло. Неговите дела се одликуваат со силна критика на општеството и елементи на фантазијата. Тој е најпознат по неговиот роман „Берлин Александерплац“ .[1]

Алфред Деблин
Alfred Doeblin
Деблин ок. 1930
Роден/аБруно Алфред Деблин
10 август 1878(1878-08-10)
Шчеќин, Померанија, Германија
(денес во Полска)
Починат/а26 јуни 1957(1957-06-26) (возр. 78)
Емендинген, Западна Германија
ПсевдонимЛинке Пот
Занимањеписател, лекар
НационалностГерманско, француско
Период20 век
Жанрроман, есеи
Сопруг/аЕрна Рајс
Деца
  • Бодо Кунке
  • Петер Дебли
  • Волфганг Деблин
  • Клаус Деблин
  • Штефан Деблин
Потпис
Ернст Лудвиг Кирхнер портрет на - 'Бруно Алферд Деблин, масло на платно '
Зигфриед Вехрмеистер - Бруно Алферд Деблин, бронзена биста

Биографија

уреди

Тој е роден во еврејско трговско семејство. Студирал медицина во Берлин, но во исто време бил заинтересиран за филозофијата. Кратко работел како новинар за да отвори психијатриска клиника во Берлин подоцна. Првиот роман, „Три скока на Ванг Лун“, бил објавен во 1915 година.[1] Објавувал експресионистички приказни во списанието „Дер Штурм“. Тој станал претседател на Здружението на писатели на Германија во 1924 година. Романот „Берлин Александарплац“ е пишуван за животот на еден криминалец, во 1929 година. Кога Нацистите ја презеле власта, тој избегал во Париз, каде што добил француско државјанство во 1936 година. Тој ја напишал „Амазонската трилогија“ во 1937 година. Кога Германците ја окупирале Франција, се преселил во Холивуд . Тука, во 1941 година. се пробратил во католик, цитирајќи ги филозофските инспирации за овој чин.[1] По војната, се вратил во Европа и живеел во Германија и Франција.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Алфред Деблин“. Градска књижара. Архивирано од изворникот на 2019-04-18. Посетено на 20 јануари 2019.

Надворешни врски

уреди