Алексо Мусалевски

Алексо Мусалевски (роден на 20 јануари 1920 година во село Драгош, Битолско - починал на 22 март 1994 година во Скопје) — македонски агроном, првоборец и општественик.[1]

Алексо Мусалевски
Роден 20 јануари 1920
село Драгош, Битолско, Кралство Југославија
Починал 22 март 1994
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање агроном
партизан

Животопис

уреди

Алексо Мусалевски завршил Реална гимназија во Битола како талентиран ученик со стипендија. Студиите ги започнал во ЗемунБелград, но поради Втората светска војна истите ги прекинал. Се вклучил во НОБ и ја завршил како комесар на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Носител е на Партизанска споменица од 1941. Како ветеран останал во чин мајор.

Во 1946 година ги продолжил студиите на Земјоделскиот факултет во Прага. Поради случувањата во 1948 година се вратил во Скопје и на новоформираниот Земјоделско-шумарски факултет дипломирал како прв студент. Потоа се вработил на истиот факултет како асистент по генетика. Бил на специјализација во Шведска и во Германија. Освен на поголем број објавени научни и стручни трудови, автор е и на пет новосоздадени сорти: ’рж (3), пченица (1) и афион (1). Еден мандат (1953–1957) бил народен пратеник во Народното Собрание на РМ. За својата работа има голем број признанија.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мусалевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 999–1000. Text "series " ignored (help)