Александар Македонски (група)
Александар Македонски (Aleksandar Makedonski)[1] - македонски рок бенд од Скопје.
Формиран бил од страна на Владимир Петровски-Картер во март 1987 година со иста почетна формација, членовите на Бадмингтонс (Badmintogns).
Александар Македонски (група) | |
---|---|
Потекло | Скопје, Република Македонија |
Жанрови | Рок-музика, Поп-рок |
Период на активност | 1987–1996 |
Издавачи | Jugodisk Aura Diskos Makoton<br/ |
Соработници | Бадмингтонс |
Поранешни членови | |
Владимир Петровски
Кокан Пандиловски Зоран Јанковиќ Мелита Стефановиќ Венко Серафимов Мите Брљамов Шпенд Ибраими Михајло Костадинов Власто Јаневиќ Игор Атанасовки Вера Јанковиќ Деан Шкартов |
Историја
уредиПочетокот-1987
уредиВо 1987 бендот Badgmintons после обидите за повторно враќање на сецна во кои не успеале,го промениле своето име во Aleksandar Makedonski но останале во иста формација како предходно,нивното првото нивно официјално настапување под име Aleksandar Makedonski било во „Dom Omladine“ во Белград, во март 1987 година.Подоцна го прошириле бендот со тогашниот пензиониран басист на легендарните Triangl, Кокан Пандиловски,а на 20.4.1987 македонската јавност за првпат го слушнала името Aleksandar Makedonski.По само еден отсвирен концерт Кокан си заминал а неговото место го заземал Зоран Јанковиќ-Бајо кој во бендот ја донел и својата сопруга Вера Јанковиќ, ја вметнале и Мелита Стефановиќ како придружен вокал ја комплетирале познатата постава на бендот.
Првите успеси-1987
уредиКонцертно премиерно претставување на оваа постава се случило за прв пат на отворањето на „Штипско културно лето“, на 10 јуни, а по неколку дена и во рамките на „Скопско лето“ кој бил одржан на 26 јуни и на големиот концерт кој се организирал на Градскиот стадион, на кој меѓу останатите десетина бендови од Југославија („EKV“, „Elektični Orgazam“, „Film“ и други) и од Македонија (Мизар, Leb i Sol, Зијан) настапил и бендот Aleksandar Makedonski. По настапот на големиот концерт тие (Aleksandar Makedonski) се изолирале на еден месец и успеале да снимат комплетен материјал за албум на македонски јазик но тој останал необјавен.
Следниот настап бил на традиционалната манифестација „Palilulska Olimpijada Kulture 87“,на кој имало 100 пријавени бендови,Aleksandar Makedonski бил еден од петте финалисти кои настапиле во легендарниот клуб „Akademija“, на 13.9.1987. Одличниот настап и присуството на голем број новинари и претставници од издавачки куќи, членовите го искористиле за промоција на снимениот материјал, но условот што го поставил Картер, објавување на албумот не повеќе од неколку месеци по снимањето, единствено го прифатила издавачката куќа „Jugodisk“. Снимањето на материјалот во Скопје, го финансирала самата издавачка куќа. Но непосредно од кога се вратиле во Скопје, Бут го напуштил бендот, а решението за нов тапанар го дал Деан Шкартов-Деко, со кое го повикал соработникот од Коцка Лед, Владимир Димовски-Чавче. Конечно, во ноември, во студиото „М-2“ на РТ Скопје, со Братислав Зафировски-Брацо како снимател и продуцент и со новинарот Дејан Поповски како извршен продуцент и тогашен менаџер на бендот, Aleksandar Makedonski го снимил својот деби-албум „Za heroje i princeze“. Единствената песна што ја отпеале на македонски јазик е и нивниот најголем хит од овој албум, Bezabi babi. По снимањето Вера Јанковиќ го напуштила бендот, но сепак нејзиниот глас како придружен вокал бил присутен на снимените материјали. Годината бендот ја завршил на сцената на Домот на млади „25 Мај“, на традиционалниот концерт „Преглед на македонската рок музика – рок предизвик“ одржан на 26.12.1987, на кој настапиле 10 од најзначајните македонски состави таа година.
последни моменти заедно, „растројство“ на поставата-1988
уредиНа почетокот на 1988 година, започнал периодот на исчекување на албумот. Сакајќи некако да го потполни тој празен период, групата Aleksandar Makedonski како и ред други македонски состави, прифатила да биде дел од патувачкиот караван на Музичката младина, која ја популаризирала македонската рок-музика во околните рурални средини. Aleksandar Makedonski настапиле во селото Зелениково и селото Радишани. Во февруари правиле не многу вообичаен потег за еден бенд, во тој период, објавиле касетен сингл, како промо-издание без омот, на кој се наоѓала само една песна Да да да, која послужила за промоција на сè уште необјавениот албум. Последниот воопшто настап на таа постава била на 21 март, на збирниот концерт што бил најавуван под името „Пролетен Калабалак“ во Домот на младите „25 Мај“. Конечно, на 1.6.1988 „Jugodisk“ и ги извадил првите примероци од поп-рок албумот со примеси на алтернативниот рок-звук, Za Heroje I Princeze на македонскиот состав Aleksandar Makedonski. Кон средината на месецот албумот започнува да се дистрибуира низ музичките продавници на просторите на Југославија. Последното нешто што произлегло од оваа постава се две нови песни, на почетокот на септември, евергринот Еден бакнеж и рокабили класикот на Џин Винсент, Be-bop-a-lula. Обете задолжителни, поради учеството во ТВ-фестивалот „Македонска Рок Лига“. Непосредно по снимањето Деко,Чавче,Мелита,Бајо и Вера,го напуштиле бендот
Нова постава,враќање на сцената 1989-1997
уредиНа почетокот на 1989 година Картер ја најавил новата постава на Aleksandar Makedonski, која ги вклучувала Венко Серафимов (екс Concorde) на гитара, Мите Брљамов (екс Kora) на бас и Шпенд Ибраими (екс Падот на Византија) зад тапаните. Вака екипиран, во април, повторно финансиран од „Jugodisk“, бендот влегол на снимање во Радио Скопје. Како гостин на конги, во снимањето учествувал и Ацо Богдановски-Конга (екс Фора). Бендот во мај го завршил материјалот со работно име Тенки Ѕидови, кој содржел десет песни, дел на српски, а дел на македонски јазик, и го доставил до „Jugodisk“. Но ова време започнувале и немирите во Југославија, „Jugodisk“ инсистирал бендот да го промени името во Aleksandar Veliki а Картер се спротивставил и материјалите ги откупил сараевски „Diskos“. Оваа издавачка куќа никогаш не го објавила материјалот, а мастерите засекогаш останале загубени во некои од уништените згради на воено Сараево. Единствената објавена песна од овој материјал ( Ми се Игра...) се наоѓала на компилациската касета на Младинско радио „Клуб 100“, летото 1990 година. Од овој период започнала и кириличната употреба на името Александар Македонски. Како по правило и оваа постава била со краток здив,не успеала ни концертно да се промовира. По еден подолг хиатус, есента 1990 година Картер оформил нова постава и договорил ново снимање на албум, во студиото „Aura“ на Никола Димушевски-Кокан. Новата постава ја сочинувале: Михајло Костадинов-Мики (екс Супер Нова) на тапани, Власто Јаневиќ-Лаки (екс Клержо) на бас и Игор Атанасовски-Харе (Банкрот Блуз Бенд) на гитара. За жал, новоснимениот материјал, десет песни, од нејасни причини останал недоработен. Единствена завршена била соработката со Горан Таневски (Мизар), во темата Воз. По многу години, песната се нашла на дигитална компилација составена во Австралија. Единствениот концерт што бендот го имал во оваа постава е настапот по повод дочекот на новата, 1990 година, на Градскиот плоштад во друштво со Leb I Sol, Last Expedition, Royal Albert Hall…
Картер на крајот на 1991 заминал за Германија, каде што почнал да работи во студио како продуцент, но воедно изучувал аудиоинженеринг и видеомонтажа. Таму останал цели три години, и во одреден период бил дел од бендот со име Ei. На почетокот на наредната година ја формирал и новата реинкарнација на Александар Македонски, во која освен него и повратниците Бут и Бајо, членувал и новиот гитарист Александар Крстевски-Цане.Веднаш одржале концерт, на 6 април во МКЦ. Снимањата на новите материјали биле порелаксирани од минатото. Картер веќе имал и свое домашно студио („Макотон“) и во него, во периодот од мај 1995 година па во цела наредна година, биле снимени 12 песни. Една од првите снимени песни, Ako bide se vo red, во верзија што е малку поразлична од онаа во албумот (под името Ако ми дадеш), кон крајот на годината таа се нашла и на компилациското цеде Македонски Документ 2. Цели осум години од деби-изданието и во едно сосема поинакво државно уредување, сега веќе во самостојна Македонија, Картер во јуни 1996 година го издал само вториот албум во својата долга музичка кариера, под најсоодветното можно име, Моето Царство. Песните што ќе му го дадат потребниот легитимитет на ова издание се секако двата најголеми хита на Александар Македонски, Ако ми дадеш и Убав ден. На првата, гостин со својата легендарна органа бил и оригиналниот член, Деан Шкартов. По десет години, овие две теми, заедно со легендарната Сите обични луѓе од опусот на Badmingtons, биле дел од македонскиот филм на Игор Иванов-Изи, „Превртено“. Kако резултат од таа соработка било објавено и цеде-издание на кое трите споменати теми, случајно а веројатно намерно, биле запишани како дел од опусот на групата Badmingtons. Концертната промоција на оваа постава и на дел од веќе снимените материјали од вториот албум, се случила на едно од позначајните концертни случувања од тој период, фестивалот „Strip & Sound“,кој се одржал во периодот од 1 до 7 септември 1995 година, во летниот клуб „Music Garden“. Интересно е што на концертот како придружен вокал се појавила и Вера Јанковиќ. Последнотo појавување на бендот во јавноста било на новогодишната програма на ТВ Сител, на 31.12.1996, во рамките на празничното издание на музичката емисија „Досие“. Со почетокот на наредната, 1997 година, Картер и дефинитивно означил крај на музичкиот бенд Александар Македонски.
Дискографија
уредиАлбуми
уредиНаслов | Носач на звук | Издавачка куќа | Година |
---|---|---|---|
Za Heroje I Princeze | LP | Jugodisk | 1988 |
Моето Царство | MC | Макотон | 1996 |
Компилации
уредиНаслов | Носач на звук | Издавачка куќа | Година |
---|---|---|---|
V.A. - Демоскоп 1 / Ми се игра... | MC | Младинско Радио “Клуб 100” | 1990 |
V.A. - Македонски Документ 2 / Ako bide se vo red | CD | Trot | 1995 |
Наводи
уреди- ↑ Филиповски, Тошо (2018). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс,Тошо Филиповски. стр. 29, 30, 31, 32. ISBN 978-608-66200-0-4.