Македонски документ

Македонски документ (англиски: Macedonian document step 1) - рок-албум (компилација од 14 песни на разни македонски изведувачи), објавен од издавачката куќа „Трот“ во 1994 година.

СодржинаУреди

Албумот содржи 14 песни:[1]

  1. Падот на Византија, „Сепак истата состојба“ (мај 1985)
  2. Badmingtons, „Сите обични луѓе“ (мај 1984)
  3. Anstasia, „Давидова харфа“ (април 1990)
  4. Vermilion Deviate, „Криза“ (април 1992)
  5. Кисмет, „Heaven in Asia“ (јануари 1993)
  6. Fresh, „Revolution (април 1991)
  7. Seth, „Мирна“ (септември 1992)
  8. Архангел, „Сениште“ (септември 1989)
  9. Lola V. Stain, „Афионови полиња“ (февруари 1988)
  10. Нора, „Dear Prudence“ (јануари 1994)
  11. Don't! Who? One., „Ugly Children From Ugly Parents“ (мај 1994)
  12. Green Grass Dreams, „2 m. Underground“ (февруари 1991)
  13. Cyborg, „Waiting No More“ (февруари 1992)
  14. Suns, „Дваца“ (февруари 1992)

Информации за албумотУреди

Албумот е објавен како прво издание на издавачката куќа „ТРОТ“. Неговото издавање го подготвило музичкото списание „Тротоар“, а со финансиска помош од Фондот отворено општество на Македонија. Инженер на звукот бил Бојан Угриновски, автор на фотографијата на обвивката е Киро Галевски.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Македонски документ / Macedonian Document step 1. ТРОТ, CD 001, 1994.