Албертов парк (Окленд)

Албертов парк (анг. Albert Park) е градски парк на рид во центарот на Окленд, Нов Зеланд кого го обиколуваат улиците Велсли Стрит Ист, Принцес Стрит, Бовен Евењу и Киченер Стрит. Од влезот на аголот на Боуен Ев. и Киченер Стр., се издигаат патеки меѓу ендемски дрва кон големиот рамен простор на врвот на ридот, каде има формална градина со фонтана, скулптури, топови и орнаментални цветни леи.

Универзитетската саат-кула од Албертовиот парк
Фонтаната од северната страна

Северно од фонтаната од леано железо (1881) се наоѓа бронзена статуа на Кралицата Викторија (1897); јужно се наоѓа оркестарска естрада (Џејмс Слејтор, 1901). Во орнаменталните градини, близу излезот на Принцес Стрит има голем цветен часовник направен во 1953 со помош на донацијата на Роберт Лејдло, основачот на ланецот стоковни куќи Фармерс. Овој излез е директно спроти главниот влез на Оклендскиот универзитет, кого го краси саат-кула.

Паркот содржи и други уметнички дела и паметници, како мермерен паметник на Бурската војна и статуа на Сер Џорџ Греј (1904), преместена на ова место од пред Градскиот дом (Auckland Town Hall).

Паркот зафаќа голем дел од поранешната „Албертова касарна“, една од најстарите европски воени утврдувања во земјата, која пак била израдена на местото на претходно „па“ (маорско утврдување) по име Те Хоротиу. Во 1880-тите касарната била преуредена во градски парк. Ридот првобитно имало прекрасен поглед на градот и пристаништето. Денес, од ридот се гледаат само згради, но најголемиот дел од нив се затскриени од веќе високо израснатите дрва. Дел од ѕидот на тврдината може да се види вон паркот, на кампусот на факултетот.

Интересно е да се спомене дека ридот на Албертовиот парк во себе содржи подземни тунели со вкупна должина од околу 4.8 км. Овие тунели се изградени во 1941 како скривници, но истите биле запечатени по војната, и така заборавени. Планирано е тунелите да се користат како туристичка атракција, но не се знае дали овој план ќе се реализира.

Ридот на Албертовиот парк е еден од најстарите вулкани во Оклендското вулканско подрачје, чија ерупција датира пред помеѓу 60.000 и 140.000 години.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди