Келераба
Келераба или алабаш (латински: Brassica oleracea var. gongylodes) - двегодишно растение што се употребува како зеленчук во исхраната, вид зелкова култура.[1]
Келераба | |
---|---|
Алабаш со лисја | |
Вид | Brassica oleracea |
Сортна група | Gongylodes Group |
Членови на групата | многу; види го текстот. |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
6,2 g | |
Шеќери | 2,6 g |
Влакна | 3,6 g |
0.1 g | |
1,7 g | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (0 %) 2 μг |
Тиамин (Б1) | (4 %) 0,05 мг |
Рибофлавин (Б2) | (2 %) 0,02 мг |
Ниацин (Б3) | (3 %) 0,4 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (3 %) 0,165 мг |
Витамин Б6 | (12 %) 0,15 мг |
Фолна кис. (Б9) | (4 %) 16 μг |
Витамин Б12 | (0 %) 0 μг |
Витамин Ц | (75 %) 62 мг |
Витамин Д | (0 %) 0 μг |
Витамин Е | (3 %) 0,48 мг |
Витамин К | (0 %) 0,1 мг |
Минерали | |
Калциум | (2 %) 24 мг |
Железо | (3 %) 0,4 мг |
Магнезиум | (5 %) 19 мг |
Манган | (7 %) 0,139 мг |
Фосфор | (7 %) 46 мг |
Калиум | (7 %) 350 мг |
Селен | (1 %) 0,7 μг |
Натриум | (1 %) 20 мг |
Други состојки | |
Вода | 91,00 g |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Распространетост
уредиКелерабата е омилена во Германија и во Индија, а најмногу се одгледува во Северна и Западна Европа, од каде што потекнува. Таа е култивирана сорта на дивата зелка, а името потекнува од германските зборови за зелка (kohl) и репка (rube), бидејќи потсетува на овие две билки.
Градба и состав
уредиСтруктурата и вкусот на келерабата се слични на срцевината на зелката, но постојат неколку сорти келераба, кои се разликуваат по вкусот и по бојата (од светлозелена до темновиолетова). Келерабата (лисјата и стеблото) се јаде само додека е млада, а плодот е сочен, мек и вкусен. Таа е богата со витамин Ц (62 милиграми во 100 грама плод), а содржи и провитамин А, фосфор, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, тиамин, ниацин, пантотенска киселина и фолна киселина; содржи малку калории - 6,2% јаглехидрати и 1,7% белковини.[2]
Наводи
уреди- ↑ „келераба“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Нискокалоричната келераба е ризница на витаминот Ц“, Здравје, понеделник, 20 октомври 2014, стр. 22-23.