Акутен бронхитис (Bronchitis acuta) претставува краткотрајно (акутно) воспаление на слузницата на бронхиалното стебло. Најчесто се јавува во есен и зима т.е во студена и влажна сезона. Се развива во три етапи: - на почетокот како ринофарингетис, што значи кијавица и ангина, во траење од еден до три дена; - потоа сув бронхитис со кашлица, оскудна слузава плунка и покачена температура до 38 степени; - и најпосле како катарален бронхитис со кашлица и течна обилна плунка. Акутниот бронхитис може да се јави како самостојна болест или во склоп на друго заболување, на пример мали сипаници. Кај возрасните поминува лесно за неколку денови, а кај децата може да се комплицира со бронхопнеуномија.

Акутен бронхитис
СпецијалностПулмологија
СимптомиКашлица со спутум, свирење во градите, недостиг на здив, треска, чувство на стегање во градите[1][2]
ВреметраењеДо 6 недели[3]
ПричинителиВообичаено вирусна инфекција[1]
Ризик-факториПушење, прашина, загаден воздух[2]
Дијагностички методВрз основа на симптомите[4]
Диференцијална дијагнозаАстма, пневмонија, бронхиолит, бронхиектазија, ХОББ[1]
СпречувањеИзбегнување на загаден воздух, миење на рацете[5]
ЛекувањеОдмор, парацетамол (ацетаминофен), НСАИЛ[3][6]
Честота~5% една или повеќе епизоди годишно[7][8]

Етиологија и патогенеза

уреди

Најчеста примена за настанување на акутниот бронхитис е вирусна инфекција при настинка особено во зимскиот период. Друга причина се бактерии како: хемофилус инфлуенце, стрептококи и др. коишто најчесто од горните дишни патишта се спуштаат према долу. Поретка причина може да биде алергиска реакција, габични инфекции и физички фактори. Основни промени во бронхиите се едем, зголемена секреција, а понекогаш и бронхоспазам.

Клиничка слика

уреди

Кашлицата е основен знак и секогаш е присутна при акутен бронхитис. Во почетокот е сува и непродуктивна, а подоцна станува продуктивна, со искашлубање на мукоидна, мукопурулентна содржина. Кашлицата понекогаш е пратена со препотување. Болниот може да чувствува лесна омалаксаност, субфебрилност, секреција од носот. Кашлицата понекогаш може да се јави во пароксизби – напади предизвикани со вдишување на ладен воздух, пушење, физички напор, зборување или смеење. Ако има гушење и свирење во градите значи има присуство на бронхоспазам.

Тек на болест

уреди

Трае 5- 7 дена, но кашлицата и искашлувањето можат да траат 3- 4 недели.

Лекување

уреди

Лекувањето е етиолошко и симптоматско. Кај повеќето болни тоа е симптоматско и се состои од одмор во постела, примање на течности (2- 4 литри дневно, во облик на чаеви, сокови, лимонада), витамини, андол. Кај упорна сува кашлица може да се даде и антитусик и се забранува пушењето. Кога има зголемена слузаво- гнојна секреција болеста се третира и етиолошки со антибиотици со широк спектар како пеницилин.

Терапија:

уреди

1. Течности
2. Витамини (Vitamin C 500 гр. 2- 3 пати по една таблета)
3. Антипиретици (paracetamol, analgin, upsarin, andol)
4. Антитусици (сируп herbion- сируп од тегавец, prospan, бел слез)
5. Муколитици (сируп herbion – јаглика, prospan, tusidil, medoprim)


Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AFP2010.
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NIH2011Def.
  3. 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Tac2012.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NIH2011Diag.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NIH2011Pre.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NIH2011Tx.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Wen2006.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Flem2007.

Надворешни врски

уреди
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори