Парацетамол

Парацетамолот, исто така познат како ацетаминофен, претставува на широко употребуван аналгетик (против болки) и антипиретик (за намалување на температурата).

Парацетамол
Paracetamol-skeletal.svg
Paracetamol-from-xtal-3D-balls.png
Систематско (IUPAC)
N-(4-хидроксифенил)етанамид
N-(4-хидроксифенил)ацетамид
Клинички податоци
Licence dataUS FDA:врска
Бременосна
категорија
  • AU: A
  • US: B (Без ризик во не-човечки студии)
  • safe
Начин на издавање
Начин на
примена
Oral, rectal, intravenous
Фармакокинетички податоци
Биорасположливостскоро 100%
Метаболизам90 до 95% црнодробен
Полувреме на елиминација1–4 h
ЕкскрецијаRenal
Назнака
CAS-број103-90-2
ATC кодN02BE01
PubChemCID: 1983
DrugBankAPRD00252
ChemSpider1906
Хемиски податоци
ФормулаC8H9NO2
Моларна маса151,17 g/mol

Се смета дека е сигурен за употреба во препорачани количества. За акутно предозирање се смета земањето на повеќе од 1000 mg од еднаш и повеќе од 4000 mg во текот на еден ден за возрасни.

Од Светската здравствена организација се смета како едно од основните лекарства за најголемиот дел од популацијата.

ФармакокинетикаУреди

После перорална администрација, парацетамолот брзо се апсорбира во тенкото црево, додека апсорпцијата во желудникот е занемарлива. Поради тоа брзината на апсорпција зависи од празнењето на желудникот, но степенот на апсорпција останува ист.[1] Кај исти испитаници, максималната плазматска концентрација на парацетамол се постигнала за 20 минути кога се зема на празен желудник, наспроти 90 минути кога се зема со храна. Храна богата со јаглехидрати, но не и со протеини и масти, ја намалува максималната плазматска концентрација на парацетамолот за четири пати. Дури и при празен желудник, брзината на апсорпција на парацетамол е варијабилна и зависи од формулацијата, при што максимална плазматска концентрација се постигнува за 20 минути до 1.5 час.[2]

Биорасположливоста на парацетамолот е дозно-зависна: се зголемува од 63% за доза од 500 mg до 89% за доза од 1000 mg.[2] Полуживотот на елиминација изнесува 1.9–2.5 часа,[2] а волуменот на дистрибуција е околу 50 L.[3] Врзувањето за плазматските протеини е занемарливо, освен при предозирање, кога може да достигне 15–21%.[2] Максималната плазматска концентрација после вообичаена доза на парацетамол достигнува 30 μg/mL (200 μmol/L).[4] После 4 часа, концентрацијата вообичаено е помала од 10 μg/mL (66 μmol/L).[4]

 
Метаболизам на парацетамолот.

Парацетамолот се метаболизира главно во црниот дроб, преку глукуронидација и сулфатација, а добиените продукти се елиминираат преку урината (види на сликата). Само 2–5% од лекот се екскретира непроменет преку урината.[2] Глукуронидацијата под дејство на ензимите UGT1A1 и UGT1A6 сочинува 50–70% од метаболизмот на лекот. Дополнителни 25–35% од лекот се конвертира во сулфат под дејство на ензимите SULT1A1, SULT1A3, и SULT1E1.[5]

Помала количина на лекот (5-15%) се оксидира под дејство на ензимите цитохром P450, воглавно од CYP2E1, при што се формира токсичен метаболит познат како NAPQI (N-ацетил-p-бензокинон имин).[5] NAPQI е одговорен за хепаталната токсичност на парацетамолот. При вообичаените дози на парацетамол, NAPQI се коњугира со глутатион и преминува во нетоксичен метаболит. Нетоксичниот коњугат APAP-GSH се презема од страна на жолчката и понатаму се деградира до коњугати на меркаптурна киселина и цистеин кои се екскретираат преку урината. При предозирање, доаѓа до исцрпување на количината на глутатион, поради големата количина на формиран NAPQI, при што тој се врзува за митохондриските протеини во црниот дроб предизвикувајќи оксидативен стрес и токсичност.[5]

Друг минорен, но важен метаболички пат е деацетилација на околу 1–2% на парацетамол при што се формира p-аминофенол. p-Аминофенолот во мозокот се конвертира во AM404 под дејство на хидролаза, соединение кое делумно може да е одговорно за аналгетското дејство на парацетамолот.[3]

НаводиУреди

  1. Prescott LF (October 1980). „Kinetics and metabolism of paracetamol and phenacetin“. British Journal of Clinical Pharmacology. 10 (Suppl 2): 291S–298S. doi:10.1111/j.1365-2125.1980.tb01812.x. PMC 1430174. PMID 7002186.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Forrest JA, Clements JA, Prescott LF (1982). „Clinical pharmacokinetics of paracetamol“. Clin Pharmacokinet. 7 (2): 93–107. doi:10.2165/00003088-198207020-00001. PMID 7039926. S2CID 20946160.
  3. 3,0 3,1 Graham GG, Davies MJ, Day RO, Mohamudally A, Scott KF (June 2013). „The modern pharmacology of paracetamol: Therapeutic actions, mechanism of action, metabolism, toxicity, and recent pharmacological findings“. Inflammopharmacology. 21 (3): 201–232. doi:10.1007/s10787-013-0172-x. PMID 23719833. S2CID 11359488.
  4. 4,0 4,1 Marx J, Walls R, Hockberger R (2013). Rosen's Emergency Medicine - Concepts and Clinical Practice. Elsevier Health Sciences. ISBN 9781455749874.
  5. 5,0 5,1 5,2 McGill MR, Jaeschke H (September 2013). „Metabolism and disposition of acetaminophen: recent advances in relation to hepatotoxicity and diagnosis“. Pharm Res. 30 (9): 2174–87. doi:10.1007/s11095-013-1007-6. PMC 3709007. PMID 23462933.