Спутум
Спутум (или експекторат, колоквијално наречен и како шлајм) претставува секретот (слузта) на слузницата на респираторниот помешана со клетки која се исфрла од белите дробови со искашлување.
Клетките во спутумот, можат со помош на цитолошко испитување да диференцираат (разликуваат) во бели крвни зрнца, епителни клетки, а во случај на бронхијален карцином и како малигни клетки. Покрај тоа, спутумот може да содржи и плунка, остатоци од храна, прашина, честички од чад, патогени, гној и крв.
Спутумот може да се користи за откривање и испитување на болести, особено бронхијални и белодробни заболувања, како што се пневмонија, акутен бронхитис или егзацербација (влошување) на хроничен бронхитис или за дијагностицирање на туберкулоза и тумори на долниот респираторен тракт.
Земање примерок за испитувања на спутумот
уредиСобирањето на утринскиот спутум од пациентот е помалку стресно за него, но лесно може да доведе до контаминација со бактерии од назофаринксот.
Дијагноза
уредиБојата на спутумот дава индиции за можните причини:
- Жолто-зелена (гноен спутум ): може да се работи за гнојна, акутна бактериска инфекција.
- Бело: повеќе во насока на вирална инфекција.
- Бело-пенливо: индикација за пулмонална конгестија до степен на едем.
- сивкасто: Бактериска инфекција во процесот на заздравување, често поврзана со пневмонија.
- кафеава: најверојатно стара крв, може да биде безопасно.
Овие изјави не треба да се пренагласуваат.[1] На пример, во една студија со пациенти кои страдаат од акутен бронхитис, беше откриено дека во само 22 од 136 случаи на жолт или зелен спутум можат да се детектираат бактериски патогени. При силна кашлица со текот на времето се оштетува бронхијалната слузница и нормално е да има неколку мали „линии“ крв во спутумот.
Наводи
уреди- ↑ C. C. Butler, M. J. Kelly u. a.: Antibiotic prescribing for discoloured sputum in acute cough/lower respiratory tract infection. In: European Respiratory Journal. 38, 2011, S. 119–125, doi:10.1183/09031936.00133910.