Габичната инфекција е предизвикана од габата Кандида Абиканс, која е нормален жител во вагината и на кожата кај многу жени. Таа обично не предизвикува никакви проблеми и се размоножува со спори кои се широко распространети во воздухот. Кога спорите ќе се спуштат на топло и влажно место како што се интимните делови на телото започнуваат да растат. Иако габичните инфекции не се класификувани како сексуално преносливи болести, тие сепак се пренесуваат преку сексуален контакт ако кај машкиот партнер под кожинката на пенисот има габични спори. Симптомите кај жената се чешање, болка во вид на горење, карактеристичен габичен мирис, вагинален секрет кој е обично бел или во вид на изварок, непријатност или болка за време на мокрење и полов однос. Симптомите на габичната инфекција се почести во периодот пред менструација и ова се должи на промената на киселоста на вагиналниот секрет во овој период. Исто така инфекцијата е почеста кај бремените жени, кај неконтролираниот диабет и кај корисниците на орални контрацептиви. Кандидата почесто се појавува после земање антибиотици кои ги уништуваат корисните бактерии (лактобацилусите), кои се исто така жители во вагинатга. Ако ги нема нив настанува бактериолошки дисбаланс што овозможува кандидата несметано да се развива. Кај некој жени габичната инфекција е повторувачка. Оваа појава понекогаш е поврзана со ниски нивоа на железо во организмот. Железото им е потребно на белите крвни клетки за да направат хемикалии кои ја уништуваат кандидијалната инфекција. Затоа, ако се јавуваат чести габични инфекции потребно е да се провери во крвта нивото на Феритин (складирано железо во организмот).

Габични инфекции
Габични инфекции ICD10 = B35-B49

Дијагноза

уреди

Поставување дијагноза за Кандидијална инфекција само врз основа на симптомите може да доведе до грешка во лекувањето, бидејќи и други состојби, како на пример бактериската вагиноза, предизвикуваат слични симптоми, но се лекуваат поинаку. Ако постојат генитални симптоми, најдобро е да се посети специјалистичка гинеколошка или уролошка ординација со цел да се направи комплетен скрининг и поставување на точна дијагноза .

 
Габична инфекција-причинител

Превенција

уреди

Најважно е да се избегнува потењето преку избегнување на носење тесен долен веш (особенo најлонски или тесни панталони како фармерки) и да се користат влошки во текот на денот. Да се користат чорапи и памучен долен веш кој е вриен или пеглан на висока температура. Ова е потребнo поради тоа што модерните прашоци за перење користат пониска температура на водата, која не е доволна да ги уништи спорите на кандида. На тој начин можно е повторно заразување од сопствениот веш кој бил испран на пониска температура. Да се избегнува користење на разни додатоци при капењето, вагинални деодоранти или вагинални испирања, бидејќи тие ја намалуваат природната одбрана на вагината (киселоста на вагиналната средина во чии услови не можат да се развиваат габите и бактериите). Да се користи исхрана богата со железо и да се земаат мултивитамини или минерални додатоци кои користат железо. Храната што содржи витамин Ц, како на пример портокалите, помага во апсорпцијата на железотo од цревата. Партнерите да користат антигабични кремови, бидејќи и мажите можат да имаат спори на кандида и да ги пренесуваат на жените без самите да имаат некакви симптоми. Да се дискутира со својот матичен лекар дали има потреба од проверка на нивоата на железо во крвта (да се исклучат ниски нивоа) и да се провери дали има помалку активна штитна жлезда.

Лекување

уреди

За лекување на кандидата постојат разни антигабични лекови кои се достапни на рецепт или без рецепт. Некои лекови, како на пример клотримазол и миконазол, се користат како кремови или вагиналети. Истo така, достапни се и орални антигабични лекови (флуконазол и итриконазол). Но, каков и да е начинот на користење на лековите, потребни се два до три дена за да повлечат симптомите, бидејќи болното место треба да се опорави по уништувањето на габите. Сексуалните контакти треба да се избегнуваат додека не се повлечат сите симптоми.

Користена литература

уреди