Азе ле Ридо

(Пренасочено од Азе-ле-Ридо)

Азе-ле-Ридо (фр. Azay-le-Rideau) — општина во департманот Ендр и Лоара во Франција.

Азе-ле-Ридо
Azay-le-Rudeau
Замокот Азе-ле-Ридо
Замокот Азе-ле-Ридо
Азе-ле-Ридо is located in Франција
Азе-ле-Ридо
Азе-ле-Ридо
Координати: 47°15′44″N 0°28′01″E / 47.2622222222° СГШ; 0.466944444444° ИГД / 47.2622222222; 0.466944444444
ЗемјаФранција
РегионЦентар-Долина на Лоара
ДепартманЕндр и Лоара
ОкругШинон
КантонАзе-ле-Ридо
Управа
 • Градоначалник (2008–2014) Мишел Вердије
Површина127,34 км2 (1,056 ми2)
Население (2006)23.337
 • Густина1,2/км2 (3,2/ми2)
INSEE/Пошт. бр.37014 / 37190
Надм. висина36 м
(прос. 45 м)
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Замок

уреди

Замокот („шато“) Азе-ле-Ридо е изграден во периодот од 1518 до 1527 год., како еден од првите француски ренесансни дворци. Лежи на остров на одстров на реката Ендр, така што темелите му се издигаат директно од вода.

Историја на замокот

уреди

Жил Бертело, државен ризничар на кралот Франсоа I и градоначалник на Тур, почал да гради на оваа веќе утврдена локација, која делумно била наследство на неговата сопруга. Меѓутоа таа самата (Филипа Лезбахи) раководела со изградбата, и ја добила новата идеја да се постави централно скалиште (escalier d'honneur), кое е најголемата иновација на овој замок. Кога Бертело бил фатен во финансиска проневера, тој бил принуден да избега од недовршениот замок во 1528 и никогаш повторно не го видел. Потоа кралот го конфискувал имотот и го доделил како награда на еден висок офицер.

Низ вековите замокот се менувал неколкупати, заклучно со XX век кога бил купен од владата и реставриран. Неговата внатрешност била сосема обновена со збирка ренесансни предмети. Денес замокот е отворен за посети од јавноста.

Стил

уреди

Долгите, ниски пропорции и скулптурната декорација на Азе се италовидни, во новиот антички стил, но аголните кули со шилести покриви, вертикалните групирани прозори одделени со тенки ленти, како и накосениот покрив се воочливо француски. Игривите утврдувања и средновековните донжонски кули му дале чувство на традиционална благородност на новооблагородениот кралски ризничар.

При влегување во замокот главна улога игра централното скалиште. Тоа е делумно вградено во самата зграда, на француски начин, елемент сличен на оној кај Блоаскиот замок.

Скулптурните детали на Азе-ле-Ридо се особено забележителни. На приземјето наоѓаме жлебести пиластери на високи основи кои ги држат амблемите со саламандер и невестулка, симболи на кралот Франсоа I и кралицата Клода.

Подоцна, кај романтистите се јавил обновен интерес и восхит за замокот. Оноре де Балзак го нарекол „избрусен дијамант вграден во Ендр.“[1] Денес Азе-ле-Ридо е окружен со карактеристично парколика пејзажна англиска градина со многу видови дрва, особено егзотични четинари: атласки кедар, барски чемпрес и секвои од Новиот Свет.

Белешки

уреди
  1. "Un diamant taillé à facettes, serti par l'Indre."

Надворешни врски

уреди