Невестулка
Период: Late плеистоцен–денес
Mustela nivalis -British Wildlife Centre-4.jpg
Невестулка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Месојади
Семејство: Куни
Род: Куна
Вид: Невестулка
Биномен назив
Mustela nivalis
Linnaeus, 1766
Распространетост на невестулката во светот

Невестулка или мала лисица (науч. Mustela nivalis) — животно од родот куна (Mustela) на семејството куни (Mustelidae). Ова е најмалото месојадно животно.

За неаУреди

Невестулката не е ценета како ловен дивеч, а нема ни кавлитетно крзно, но како многу опасен штетник заслужува да ѝ се обрне посебно внимание.[2] Во состојба е да ги усмрти речиси сите видови од заштитениот ситен дивеч. И покрај тоа што не е потешка од 100 грама, може да усмрти срна тешка 25 кг. Ако успее да ѝ скокне на вратот и да ги загризе вратните жили, таа лакомо ѝ ја цица крвта и во дива трчаница, не можејќи да се ослободи од неа, срната редовно искрварува и умира.

ИзгледУреди

Бојата на крзното ѝ е лисеста, а должината на телото изнесува до 15 см (без опашка).

РазмножувањеУреди

Се пари нередовно - во текот на целата година и не е утврдено дали има едно или две легла. Во едно гнездо може да се најдат од 5-7 млади што се 22-25 дена слепи.

НаводиУреди

  1. Mustela nivalis. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 21 March 2009.
  2. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври, 1978

Надворешни врскиУреди