Свети Павле (солунска населба)
предградие на Солун
Свети Павле (грчки: Άγιος Παύλος, Агиос Павлос) — североисточно предградие на Солун, Егејска Македонија. Населението брои 6.086 жители (2021).
Свети Павле Άγιος Παύλος | |
---|---|
Поглед на Свети Павле | |
Координати: 40°38.26′N 22°57.48′E / 40.63767° СГШ; 22.95800° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Неаполи-Сикјес |
Надм. вис. | 140 м |
Население (2021)[1] | |
• Општ. един. | 6.086 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиНаселбата се наоѓа на североисточниот раб на Солун, крај шумата Шејх Су во северозападното подножје на планината Хортач. Поврзана е со остатокот од градот преку Внатрешната солунска обиколница.
Историја
уредиНаселбата е основана во 1920-тите од грчки преселници од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Свети Павле се води како чисто дојденска населба со 275 жители од 83 семејства.[2]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 3.933 | 4.707 | 5.650 | 6.370 | 7.169 | 7.440 | 7.978 | 6.852 | 6.086 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
Надворешни врски
уреди- Свети Павле (солунска населба) на Ризницата ?