Државен пат 11 (Грција)

пат во Солунско, Егејска Македонија

Државен пат 11 или ЕО11 (грчки: Εθνική Οδός 11) — пат во поширокото градско подраје на Солун, Егејска Македонија. Предвиден е во 1975 г. и пуштен во употреба во 1990-тите. Сочинува северозападен дел на Внатрешната солунска обиколница. Има две ленти, по една во секој правец, но надградбите се во тек.

Државен пат 11 shield

Државен пат 11
Информации за правецот
Должина: км
Постоел:1990-ти – денес
Поважни клучки
Источен крај: за Драготин, Нова Мудања
Западен крај: Нова западна пристапница за Јанина
Местоположба
Области:Егејска Македонија
Поважни градови:Солун
Патна мрежа
Државни патишта во Грција

Почнувајќи од клучката со автопатот А25 во северен Солун, минува низ општините Павлос Мелас, Корделио-Арманќој (Корделио-Евосмос) и Амбелокипи-Менемени, па се поврзува со Новата западна пристапница на Солун (А122) и автопатот А2 („Егнатија“).

Патот се надградува на автопатен стандард со изградбата на три клучки.[1] Со завршувањето на работите, предвидено новиот автопат да биде наречен А121.[2]

Населени места

уреди

Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед:[2]

Округ Излез Населено место Одредишта Белешки
Солун
(Тесалоники)
К16 Гаскарка (Калохори) — клучка   Нова западна пристапница (иден А122)
К17 ул. „Монастиру“  
 
во изградба
ул. „25 март“, Нов Арманќој-Корделио (Евосмос)
 
во изградба
ул. „Меандрос“. Нов Арманќој-Корделио (Евосмос)
 
во изградба
ул. „Макријанис“, Ставруполи
 
во изградба
К18 ул. „Лангадас“, Ставруполи  
 
во изградба
К5 Лембет (Евкарпија)   (прод. Внатр. солунска обиколница)

Наводи

уреди
  1. Περιφερειακή Θεσσαλονίκης: Γκαζώνει η κατασκευή από Λαχαναγορά μέχρι Ευκαρπία. 8 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 2016-05-13. Посетено на 20 февруари 2015. Неважечки |script-title=: missing prefix (help)
  2. 2,0 2,1 Автопатишта — Списоци на излези: А121