Џејмс Меклеин

(Пренасочено од Џејмс МекКлеин)

Џејмс Меклеин (англиски: James McClean) — ирски фудбалер роден во Северна Ирска, крило на Вест Бромвич Албион и на ирската репрезентација.

Ирска Џејмс Меклеин
Лични податоци
Роден на 22 април 1989(1989-04-22)(35 г.)
Роден во Дери, Северна Ирска
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион
Број 14
Младинска кариера
Институт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 Институт 1 (0)
2008–2011 Дери Сити Дери Сити 78 (18)
2011–2013 Сандерленд Сандерленд 59 (7)
2013–2015 Виган Атлетик Виган Атлетик 73 (9)
2015– Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 68 (3)
Репрезентација
2009-2010 Северна Ирска Северна Ирска 21 7 (0)
2012- Ирска Ирска 51 (9)
* Ажурирано на: 17 мај 2017
** Ажурирано на: 4 јуни 2017

Тој играл за младата репрезентација на Северна Ирска до 21-на година, но за своја сениорска репрезентација ја избрал селекцијата на Република Ирска.

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Сандерленд

уреди

Во својата кариера Меклеин играл за тимовите на Институт во Северна Ирска и Дери Сити во Република Ирска пред да стигне во Сандерленд во август 2011 година. Тој потпишал за Сандерленд кога на клупата бил менаџерот Стив Брус, но сè додека тој бил водич на клубот, Меклеин не запишал ниту еден меч. Откако Брус бил отпуштен, и на неговото место дошол новиот менаџер Мартин О'Нил, МекКлеин доби шанса да дебитира во Премиер лигата и станал редовен член во првиот тим на црните мачки. Тој дебитирал за Сандерленд на 11 декември 2011 против Блекбурн, во првиот натпревар на Мартин О'Нил како менаџер на овој клуб. Својот прв гол во Премиер лигата за Сандерленд тој го постигнал на 3 јануари 2012 против Виган Атлетик во победата нагости со 4-1. Нешто подоцна, МекКлеин го постигнал единствениот гол во мечот со Стоук Сити на Британија во снежни услови за да донесе победа за неговиот тим од 1-0. Само една недела подоцна тој го отворил резултатот и во натпреварот против Арсенал, кога Пер Мертезакер лошо згазнал и самиот се повредил оставајќи му ја топката да излезе сам пред голманот, но сепак Сандерленд на крајот загубил со 1-2.[1]

Виган Атлетик

уреди

На 8 август 2013 Меклеин потпишал тригодишен договор со неодамна испаднатиот клуб од Премиер лигата, Виган Атлетик.[2] Своето деби за новиот клуб го направил на 11 август во поразот од Манчестер Јунајтед со 2-0 во Комјунити Шилд натпреварот.

Наводи

уреди
  1. Sinnott, John. „Sunderland 1 -2 Arsenal“. BBC Sport. BBC. Посетено на 11 February 2012.
  2. „МекКлеин станал десеттото летно засилување“. ФК Виган Атлетик. 8 август 2013. Посетено на 9 август 2013.

Надворешни врски

уреди