Џеки Дешенон

американска кантавторка

Џеки Дешенон (англ. Jackie DeShannon; родена како Шерон Ли Мајерс (англ. Sharon Lee Myers; р. 21 август 1941 година)[4][5] ― американска кантавторка и радиодописник, композитор и изведувач на неколку хит-песни почнувајќи од 1960-тите. Таа била една од првите кантавторки во рокенрол-периодот. Најпозната е како пејачка на песните: „What the World Needs Now Is Love“ и „Put a Little Love in Your Heart“, и како текстописец на: „When You Walk in the Room“ и „Bette Davis Eyes“, кои станале хитови за The Searchers и Ким Карнс, соодветно.

Џеки Дешенон
Џеки Дешенон во 2011
Животописни податоци
Родено имеШерон Ли Мајерс
Роден(а)21 август 1941(1941-08-21)(83 г.)
Хејзел, Кентаки, САД
Жанрови
Период на активност1955–денес
Издавачи
Мреж. местоjackiedeshannon.com

Од 2009 година таа е дописник и известува за новостите на членовите на групата Битлси за радио-програмата Појадок со Битлси.[6]

Живот и кариера

уреди

Де Шенон била родена во Хејзел, Кентаки;[7] во 1951 година со семејството се преселила родниот град на неговата мајка Аурора, Илиноис, а една година подоцна во Батавија, Илиноис, каде што учела средно училиште.

Започнала да снима песни под различни имиња, како: Шери Ли, Џеки Ди и Џеки Шенон, со различен успех. На крајот се одлучила да го смени името во Џеки Дешенон и под ова име снимила многу синглови во најразлични жанрови како: тинејџерски поп, кантри балади, рокабили, госпел и соул во стилот на Реј Чарлс, но сите тие не поминувале добро на топ-листите.

На музичката сцена се пробила во 1964 година кога ги поддржала Битлси на нивната прва турнеја во САД и со гитаристот Рај Кудер основала група за турнеја.

Дешенон била котекстописец на песната „Breakaway“ која ја снимила Ирма Томас во 1964 година и Трејси Улман во 1983 година. Таа, исто така, ја напишала „Don't Doubt Yourself Babe“ за Mr. Tambourine Man, првиот албум од The Byrds од 1965 година. Нејзината музика во оваа фаза била под големо влијание на музиката од американскиот Западен брег и народната музика. Во Англија во 1965 година, Дешенон склучила партнерство за пишување текстови за песни со Џими Пејџ, а како резултат на тоа биле напишани песните „Dream Boy“ и „Don't Turn Your Back on Me“. Дешенон, исто така, напишала песни за Меријен Фејтфул, вклучувајќи го и нејзиниот хит „Come and Stay With Me“. Во 1965 година (истата година), Шер ја снимила песната за нејзиниот прв соло-албум All I Really Want to Do.

Откако се преселила во Њујорк, Дешенон заедно со Ренди Њуман напишала песни за себе и за Дилејни Брамлет. Во март 1965 година, Дешанон ја снимила песната од Барт Бахарах и Хал Дејвид „What the World Needs Now Is Love“, што довело до клупски турнеи и редовни настапи на телевизија.

Дешенон продолжила да пишува и снима, но следниот хит го забележала дури во 1969 година; синглот „Put a Little Love in Your Heart“ од истоимениот албум бил продаден во над еден милион примероци и бил награден со златен диск.[8] Песната „Put a Little Love in Your Heart“ била изведена како завршна нумера на концертот „Музика за УНИЦЕФ“, емитуван ширум светот од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година, а била преработена во 1988 година како дует од Ени Ленокс и Ал Грин (стигнувајќи до девето место на Billboard Hot 100) и од Доли Партон во 1993 година. Синглот „Love Will Find a Way“ од истиот албум исто така бил умерен хит.

Во 1970 година Дешанон се преселила во Лос Анџелес и потпишала договор со Atlantic Records со кој ги снимила критички успешните албуми Jackie (1972) и Your Baby Is a Lady (1974). Во 1973 година, Ван Морисон ја поканил да пее на неговиот албум Hard Nose the Highway (пеела пратечки вокал на насловната песна и на „Warm Love“). Во 1974 година, Дешенон го издала албумот New Arrangement со Columbia Records. Заедно со Дона Вајс напишала четири песни за албумот, вклучувајќи ја и „Bette Davis Eyes“. [9] Песната станала светски хит за Ким Карнес во 1981 година, а Вајс и Дешенон добиле Греми награда за песна на годината во 1982 година.

Дешенон продолжила да снима. Во 2000 година го издала албумот со оригинални песни You Know Me,[10] а во 2011 албумот When You Walk in the Room кој содржел препеви на нејзините најпопуларни песни.[11] На 17 јуни 2010 година, Дешенон била примена во Куќата на славата на текстописците.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  • Jackie DeShannon (1963)
  • Breakin' It Up on the Beatles Tour (1964)
  • Don't Turn Your Back on Me (1964)
  • This Is Jackie DeShannon (1965)
  • In the Wind (1965)
  • Are You Ready for This? (1966)
  • New Image (1967)
  • For You (1967)
  • Me About You (1968)
  • Laurel Canyon (1969)
  • Put a Little Love in Your Heart (1969)
  • To Be Free (1970)
  • Songs (1971)
  • Jackie (1972)
  • Your Baby Is a Lady (1974)
  • New Arrangement (1975)[9]
  • You're the Only Dancer (1977)
  • Quick Touches (1978)
  • You Know Me (2000)
  • When You Walk in the Room (2011)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Horowitz, Steve (February 16, 2018). „GETTING STONED COLD SOUL WITH JACKIE DESHANNON DURING HER CAPITOL RECORDS DAYS“. PopMatters. Посетено на 2023-03-12.
  2. Gaydos, Steven (January 3, 2020). „Singer-Songwriter Jackie DeShannon Remembers the Late-1950s L.A. Music Scene“. Variety. Посетено на 2023-03-12.
  3. 3,0 3,1 Leggett, Steve. „Jackie DeShannon Biography“. AllMusic. Посетено на 2023-03-12.
  4. "Sharon Lee Myers, Only 13, Is Talented Batavia Vocalist", Batavia Herald [Batavia, Ill.], May 5, 1955, p. 1.
  5. "Batavia Banter: On Television Show." Batavia Herald [Batavia, Ill.], March 1, 1956, p. 12
  6. Haber, Dave (October 8, 2009). „Jackie DeShannon joins Breakfast with the Beatles“. BearlesNews.com. Посетено на May 15, 2018.
  7. „Jackie DeShannon – Biography & History – AllMusic“. AllMusic. Посетено на April 24, 2018.
  8. Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London, UK: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 258. ISBN 0-214-20512-6.
  9. 9,0 9,1 „Jackie DeShannon 'New Arrangement' 1975“. Waddywachtelinfo.com. January 1, 1980. Посетено на March 25, 2012. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Waddywachtelinfo.com“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  10. „You Know Me“. AllMusic. Посетено на May 16, 2017.
  11. Gottlieb, Bob. „FAME Review: Jackie DeShannon – When You Walk in the Room“. Folk and Acoustic Music Exchange. Посетено на May 16, 2017.

Надворешни врски

уреди