Џамфел Ѓацо (1758-1804) бил осмиот далај-лама.

Јамфел Ѓацо
Осмиот далај-лама
На престол1785 - 1804
ПретходникКелзанг Ѓацо
НаследникЛунгток Ѓацо
ДинастијаДалај-лама
Џамфел Ѓацо,осмиот далај-лама

Роден е во месноста Лари Ганг во горен Цанг во југоападен Тибет.Неговиот татко Сонам Дарѓе и неговата мајка Фунцок Вангмо биле од Кам.Тие биле далечни потомци на еден од најголемите херои во епот за царот Гесар, Драла Цеѓал.

Традиционална историја

уреди

Кога бил смислен Џамфел Ѓацо во селото имало голема берба на јачмен каква што немало претходно во Тибет.Кога мајката на Џамфел,Фунцок Вангмо вечерала со своите роднини се појавило виножито коешто ја допрело за рамо и и дало знак дека ќе роди свето дете.

Наскоро по раѓањето во шестиот месец од годината на огнениот бик (1758),светото бебе честопати пробувало да седне во позиција на медитација и да се сврти кон небото.Кога за тоа дознал шестиот панчен-лама Лобзанг Палден Јеши, тој изјавил дека тоа е всушност реинкарнација на далај-лама.

На возраст од две и пол години Јамфел бил однесен во манастирот Ташилхунпо во Шигатсе каде што била извршена церемонија во чест реинкарнацијата на далај-ламата.

Тој бил однесен во Ласа и прогласен за водач на Тибеќаните во Потала во седмиот месец од годината на водниот коњ(1762).Тогаш тој имал само 5(некаде 4) години,а церемонијата ја водел Демо Тулку Јамфел Јеши,првиот намесник којшто го претставувал далај-ламата кога тој бил многу мал.Церемонијата бил одржана во „Храмот над мислата во Втора Потала.“

Кратко потоа тој го дпбил и името Џамфел Ѓацо од Лобзанг Пандел Јеши, а целосно бил почестен во 1777.

Со земјата продолжиле да управуваат намесниците и за време на годината на дрвениот змеј (1784) кога намесникот бил испратен како амбасадор во Кина, па далај-ламата управувал само до враќањето на намесникот во 1790 година којшто дошол да му помогне.

Во 1788 имало конфликт помеѓу непалските трговци со волна и припадници на етничката заедница Гурка.Во 1790 Гурците извршиле инвазија на Тибет и освоиле неколку провинции вклучувајќи ги и Ња-нанг и Кји-дронг.Градот Шигатсе бил освоен заедно со манастирот Ташилхунпо,но Гурците се вратиле во Непал во 1791 година.Помеѓу двете страни било склучено примирје во 1796.

Англискиот далај-лама го изградил паркот Норбулинка и Летниот дворец во предградијата на Ласа. Тој исто така поставил и статуа на Буда за луѓето од јужен Тибет коишто во шеесеттите години на XX век биле однесени во Индија.

Џамфел Ѓацо починал во 1804 година, на возраст од 47 (некаде 46) години.

Претходник
Келзанг Ѓацо
Реинкарнација на далај-лама Наследник
Лунгток Ѓацо