Љупчо Мирчовски
Љупчо Мирчовски (Русиново, Беровско, 19 октомври 1964 – Танушевци, Скопска Црна Гора, 28 март 2001) бил македонски бранител, капетан во АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 28 март 2001 кај Танушевци при налет на нагазна мина.[1]
Капетан Љупчо Мирчовски | |
---|---|
19.10.1964 – † 28.03.2001 (36 г.) | |
Роден во: | Русиново, СР Македонија |
Починал во: | Танушевци |
Служба во: | Македонија |
Период на служба: | 1987 г. — 2001 г. |
Чин: | Капетан во АРМ |
Единици: | АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001
|
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и смрт
уредиЉупчо Мирчовски е роден на 19 октомври 1964 година во с. Русиново, Берово. Завршил воена академија во Белград 1987 година. Прво вработување во ЈНА во Загреб, потоа Приштина, а од 1 април 1992 година во АРМ во Скопје. Стаса до чинот капетан прва класа во хиерархијата на АРМ. Мирчовски беше Командант на Воената полиција кој на 28 март 2001 година бил извикан од состанок во корава соба во Генералштабот, а бил и со тогашниот Претседател на Р Македонија Борис Трајковски пред Генералштабот пред да тргне, каде било одлучено токму тој да појде веднаш на Скопска Црна Гора - Рамно.
Командантот на Воената полиција Љупчо со група војници каде се упатил со војнички „пух“ и точно во 17 часот и 15 минути возилото на патот на Рамно нагазува на против тенковска мина поставена од страна на терористите на УЧК. На лице место животот го загубува капетанот Љупчо Мирчовски, додека останатите војници биле само повредени.
Во вечна црнина и тага Љупчо го остави своето семејство сопругата Надица и двете ќерки, како и родителите во Беровско каде е и неговиот вечен дом.[2][3] Љупчо Мирчовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Одбележување на тринаесет години од трагичното загинување на Командантот на Баталјонот на Воената полиција“. Армија на Република Македонија. 28 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-02. Посетено на 2015-01-28.
- ↑ „Берово денес повторно се сеќаваше и плачеше по изгубените бранители во конфликтот во 2001-ва“. malesh.net. 16 март 2009. Посетено на 2015-01-28.[мртва врска]
- ↑ „Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Македонските Бранители“. berovo.gov.mk. 2009. Посетено на 2015-01-28.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.