Љубош
Љубoш (или Љубаш) — историско село во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.
Љубoш | |
Координати 41°55′22″N 21°29′20″E / 41.92278° СГШ; 21.48889° ИГД | |
Општина | Студеничани |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 415 м |
Љубoш на општинската карта Атарот на Љубoш во рамките на општината | |
Љубoш на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во Скопската Котлина, во областа Торбешија. Селото се наоѓало на 2 км од Батинци.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 15 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 45 мажи христијани, со 1 новороденчe. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 172 жители.[3]
Според Леонард Шулце Јена (1927)[4] и Афанасиј Селишчев (1929)[5] селото имало нејасен етнички состав.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Турци.[6]
Демографија
уредиСпоред пописот од 2002 година селото нема жители.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |