Јукуз Ова

село во Кожанско, Егејска Македонија

Јукуз Ова, Јуќуз Ова или Ѓузово (грчки: Σκάφη, Скафи, до 1927 година грчки: Οκιούζ Οβά, Јукуз Ова) [2]село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители.

Јукуз Ова
Σκάφη
Јукуз Ова is located in Грција
Јукуз Ова
Јукуз Ова
Местоположба во областа
Јукуз Ова во рамките на Кожани (општина)
Јукуз Ова
Местоположба на Јукуз Ова во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°25′N 21°56′E / 40.417° СГШ; 21.933° ИГД / 40.417; 21.933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански Округ
ОпштинаОпштина Кожани
Општ. единицаХелеспонт
Надм. вис.&10000000000000927000000927 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа источно од Кожани.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Јукуз Ова е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Јукуз Ова живееле 200 Турци.[3]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Јукуз Ова станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Јукуз Ова има 225 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 41 семејства и 166 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Скафи.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ιντέλοβα -- Σκάφη
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
  4. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.