Јужнокинески тигар
Јужнокинески тигар | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Felidae |
Род: | Panthera |
Вид: | P. tigris |
Подвид: | P. t. amoyensis |
Триномен назив | |
Panthera tigris amoyensis (Hilzheimer, 1905) | |
Распространетост на јужнокинескиот тигар |
Јужнокинескиот тигар (Panthera tigris amoyensis), познат и како Кинески или Амојски тигар, е подвид на тигар кој живее во шумите во јужниот дел на Кина. Овој тигар е еден од најмалите подвидови и е најкритично загрозен од сите останати тигри. Експертите сметаат дека во дивината има помалку од 20 единки, и се смета дека следната декада може да стане изумрен вид. Во октомври 2007 година, во резерват во Јужна Африка е роден првиот тигар надвор од границите на Кина[2]. Се смета дека овој подвид е „матичен“ подвид, односно дека од него потекнуваат останатите подвидови[3]. Неодамна, јужнокинескиот тигар е на списокот на десетте најзагрозени животни во светот[4].
Физички одлики
уредиЈужнокинескиот тигар е еден од најмалите подвидови. Мажјаците од главата до опашката достигнуваат должина од 2,6 метри и тежат околу 150 килограми. Женките се помали, и достигнуваат должина од 2,3 метри и тежат околу 110 килограми. Кратките и широки пруги кај овој тигар се многу пораздалечени од пругите кај бенгалскиот и амурскиот тигар[5].
Исхрана
уредиЈужнокинескиот тигар како и останатите подвидови тигри е строг месојад. Овие тигри ловат крупен дивеч, а познато е и дека ловеле и стока како крави и кози кога нивната популација била помногубројна. Како сите големи мачки, и овие тигри го убиваат пленот со загриз на задниот дел од вратот (кај средноголем плен) или го задушуваат со директен загриз на грлото (кај голем плен). Јужнокинескиот тигар може да се храни со било што, од мали инсекти до гаури. Во минатото кога ги имало во многу поголем број, овие тигри биле познати и како човекојадци[6].
Живеалиште
уредиВо минатото јужнокинескиот тигар бил најраспространет во шумите со умерена клима во Јужна Кина. Денес неговата распространетост е ограничена на три изолирани региони во јужно-централна Кина, каде се верува дека мали популации живеат во пределот на планинските граници меѓу провинциите. Како и за црно-ножната ласица, еден од најголемите фактори кој придонесува за драстично намалување на популацијата е уништувањето на нивниот плен. Другите два фактори се ловокрадството и фрагментирањето на популациите. Јужнокинеските тигри живеат во густи џунгли и сакаат да поминуваат доста време во вода.
Гонење на тигрите
уредиДо почетокот на 20 век, јужнокинескиот тигар бил доста распространет низ јужна Кина и британски Хонгконг. Последниот тигар во Хонгконг бил забележан во 1947 година. Во 1959 година, Мао Цетунг, за време на Големиот скок напред, објавил дека тигрите и другите грабливци како леопардите и волците се штетници и „непријатели на народот“. Како резултат на ова, почнале неколку кампањи „против-штетниците“[7]. Тигрите се сметале за неподобни бидејќи напаѓале фармери и селани[8]. Поради гонењето, популацијата во дивината до 1982 година паднала од повеќе од 4000 единки на помалку од 200[9]. Кинеската влада решила да го прекине ловот на тигри во 1977 година, но се чини дека веќе било предоцна. Јужнокинескиот тигар не е забележан во дивината повеќе од 20 години[10]. Денес се проценува дека популацијата брои 20-30 единки, кои живеат во провинциите Гуангдунг, Фуџен, Хунан, Џангсји и Џеџанг. Тигрите кои ги среќаваме во југоисточниот дел на кина припаѓаат на подвидот индокинески тигар.
Заштита на тигрите
уредиОд 1990 година, кинеката влада прави напори за заштита на јужнокинескиот тигар преку отворање на специјални природни резервати. Истражувањето напрaвено од кинески научници во 1987 година, покажало дека има уште неколку тигри во планините во Гуангдунг на границата со Хунан и Џангсји. Друго истражување во 1990 година, дало докази за дузина тигри кои живеат на планините во јужнокинеските провинции Гуангдунг, Хунан и Фуџен. За време на истражувањето не бил виден ниту еден тигар, меѓутоа доказите биле добиени од раскажување на поранешни ловци[5]. Во Кина има и неколку јужнокинески тигри во заробеништво кои се дел од програмата за спасување на овој подвид, со што би се спречило овој тигар да стане третиот подвид на тигар кој изумрел во модерното време. Пред студијата за регистрација на сите јужнокинески тигри во заробеништво се сметало дека нивниот број е премногу мал и дека нема доволно генетски диверзитет за програмата да биде успешна. Сепак, од започнувањето на регистрацијата, идентификувани се многу повеќе тигри од овој подвид низ зоолошките во Кина – факт што дава надеж за спасување на подвидот.
Save China’s tigers
уредиОрганизацијата за спасување на кинеските тигри (Save China's Tigers) постигнала договор со истражувачкиот центар во Кина за зголемување на бројот на јужнокинески тигри во дивината. Овој договор бил потпишан во Пекинг на 26 ноември 2002 година. Програмата се состои о селектирање на јужнокинески тигри од зоолошките градини во Кина, кои потоа се праќаат во 300 квадратни километри големиот резерват во близина на градот Филиполис во Јужна Африка. Во овој резерват тигрите учат да ловат, а младите на овие тигри се пуштаат во пробни резервати во Кина. Тренираните тигри остануваат во Јужна Африка за да се размножуваат [11]. Постои уште еден проект за рехабилитација на јужнокинеските тигри кој се одвива во Фуџен, Кина [12].
Можни докази за постоење на јужнокинески тигри во дивината
уредиНа 5 октомври 2007 година, јужнокинески тигар нападнал крава, а на 13 септември било пронајдено тело од азиска црна мечка која најверојатно била убиена и изедена од јужнокинески тигар. И двата инцидента се случиле во околијата Жен Пинг [13].
На 11 октомври 2007 година, Женглонг Жу, селанец од околијата Женг пинг, која се наоѓа во провинцијата Шаангси, тврдел дека си го ризикувал животот за да направи фотографии од тигар. Доколку ова било вистина, овие би биле првите фотографии на тигар во дивината дури од 1964 година [14][15].
Сепак, овие фотографии предизвикале сомневање за нивната автентичност [16]. Жител на Панжихуа открил дека тигарот кој го имал на постер, всушност е многу сличен со тигарот на фотограиите (исти пруги на дел од крзното). Постерот бил отштампан пет години претходно [17][18]. На 29 јуни 2008 година, одговорните објавиле дека се докажало дека сите објавени слики се лажни. Селанецот што ги објавил сликите бил уапсен поради измама [19]. Многумина сметаат дека и одговорните од оваа провинција се дел од измамата, сакајќи да привлечат фондови за спасување на тигрите и поголем број на туристи.
Иако владата на Шаанкси официјално ги прогласила за лажни, многу луѓе сè уште веруваат дека Женглонг Жу го ризикувал животот за да донесе докази за постоењето на јужнокинески тигри [20]. Лијуан Лиу, професор на Колеџот за науки за животот на Пекингскиот Универзитет, рекол дека не верува дека сликите се лажни [20]. Изворот за постерот е исто така сомничав. Произведуваот тврди дека постерите излегле во продажба не порано од јули 2002 година [21], но човекот која ја нашол сличноста на тигрот од сликите и оној на постерот тврди дека го купил пред пролетниот фестивал во 2001 година [22]. Постојат и докази дека тигрот на фотографиите на Жу се движи [23].
Наводи
уреди- ↑ „Panthera tigris ssp. amoyensis“. IUCN Red List. Version 2009.1. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 5 октомври 2009.
- ↑ „South China Tiger Info“. Архивирано од изворникот на 2009-02-21. Посетено на 2009-02-21.
- ↑ South China Tiger - Stem Tiger - Panthera tigris amoyensis
- ↑ South China Tiger Believed Still Exists in Wild - china.org.cn
- ↑ 5,0 5,1 „Save The Tiger Fund | South China Tiger“. Архивирано од изворникот на 2007-10-23. Посетено на 2009-10-17.
- ↑ Amoy Tiger (South China Tiger)
- ↑ Tigers | What immortal hand or eye? | Economist.com
- ↑ „Life is elsewhere… » Rare Chinese tiger dies in SA reserve“. Архивирано од изворникот на 2007-10-17. Посетено на 2009-10-17.
- ↑ South China Tigers - Panthera tigris amoyensis - Stem tiger
- ↑ „South China Tiger: Tigers In Crisis Endangered Species Website“. Архивирано од изворникот на 2008-02-16. Посетено на 2009-10-17.
- ↑ „FAQs | Save China's Tigers“. Архивирано од изворникот на 2011-02-15. Посетено на 2009-10-17.
- ↑ Xinhua - English
- ↑ „The Wild South China Tiger: The Photographers Account | Save China's Tigers“. Архивирано од изворникот на 2007-10-17. Посетено на 2009-10-17.
- ↑ BBC NEWS | World | Asia-Pacific | Rare China tiger seen in the wild
- ↑ 绝迹24年华南虎重现陕西 村民冒险拍下照片
- ↑ EastSouthWestNorth: The South China Tiger Photographs
- ↑ „Chinese Media Report Tiger Poster Identified as Model for Zhou's Tiger Photo | Save China's Tigers“. Архивирано од изворникот на 2008-03-09. Посетено на 2009-10-17.
- ↑ Poster heats up China "paper" tiger debate | Reuters
- ↑ „Shaanxi gov't: South China Tiger photos are fake“. Xinhuanet. Посетено на 2008-06-29.
- ↑ 20,0 20,1 „Liyuan Liu: I would never believe the tiger photos are fake even if Zhou admits the forgery“. the Beijing News. Посетено на 2008-06-30. Text " 刘里远:即使周正龙承认作假我也不信虎照为假 " ignored (help); Text " 新京报 " ignored (help)
- ↑ „The Dongfang Daily exclusively interviewed the manufacturer of the "paper tiger"“. the Dongfang Daily. Архивирано од изворникот на 2009-11-05. Посетено на 2008-11-19. Text "东方早报" ignored (help); Text "早报独家调查“纸老虎”年画生产商(图)" ignored (help)
- ↑ „The tiger poster appeared first in a community in Panzhihua City“. the Chengdu Biz News. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2008-11-18. Text "成都商报" ignored (help); Text "“老虎年画”最先在攀枝花民间现身" ignored (help)
- ↑ „The analysis report of the South China Tiger photos (full version)“. Sohu.com. Посетено на 2008-06-09. Text " 华南虎照片之科学分析报告(完备版) " ignored (help); Text " 搜狐网 " ignored (help)
Надворешни врски
уреди„Panthera tigris amoyensis“ на Викивидовите ? |
„Јужнокинески тигар“ на Ризницата ? |
- (англиски) Страница на Save China's Tiger, со информации за програмата за спасување на тигрите Архивирано на 27 септември 2007 г.
- (англиски) Видео од јужнокинески тигар кој лови. Тигрицата од ова видео е дел од програмата на Save China's Tiger
- (англиски) артикл на National Geographic за проектот Save China's Tiger
- (англиски) Видео од јужнокиески тигар.