Германска национална библиотека
Германска национална библиотека (германски: Deutsche Nationalbibliothek или скратено DNB) — главна архивска библиотека и национална библиотека на Германија. Нејзина задача е да ги собира, архивира, документира и библиографски забележува сите германски публикации и публикации издадени на германски јазик од 1913, странски публикации за Германија, преводи на германски дела и дела на германски емигранти издадени во странство помеѓу 1933 и 1945 и да овозможи да станат достапни на јавноста.[2] Германската национална библиотека одржува соработки со надворешни субјекти на национално и меѓународно ниво. На пример, таа е водечки партнер во развивање и одржување на библиографски правила и стандарди во Германија и игра значајна улога во развојот на меѓународните библиографски стандарди. Соработката со издавачите е регулирана со закон од 1935 за Германската библиотека Лајпциг и од 1969 за Германската библиотека Франкфурт.
Земја | Германија |
---|---|
Тип | национална библиотека |
Основана | 1912 |
Законски налог | закон посветен на Германската национална библиотека |
Место | Франкфурт на Мајна, Лајпциг, Германија |
Фонд | |
Збирка на | печатени дела, микрофилмови, носачи на звук и дигитални публикации зачувани на физички уреди и онлајн публикации |
Обем | 25,4 милиони дела (2009)[1] |
Критериуми за | сите публикации издадени во Германија, сите публикации на германски јазик издадени во странство, сите преводи на други јазици на германски дела издадени надвор од Германија, сите публикации на странски јазик за Германија објавени надвор од Германија, познати како „Германика“, печатени дела пишувани или објавени помеѓу 1933 и 1945 од германски емигранти |
Задолж. примероци | да, од 1935 |
Пристап и употреба | |
Услов за членство | Германската национална библиотека е депозитна библиотека, што значи дека публикациите се достапни за употреба само во читалниците. Корисниците мора да имаат најмалку 18 години да поседуваат валидна лична карта или пасош. Библиотеката наплаќа за своите услуги. |
Обрт | 883.000 (2007) |
Други информации | |
Буџет | 40,5 милиони евра |
Директор | Елизабет Нигеман |
Кадар | 649 |
Службена страница | www.d-nb.de |
Карта |
Должностите се поделени помеѓу објектите во Лајпциг и Франкфурт на Мајна и секој објект ја насочува својата работа во одредени области. Третиот објект, Германскиот музички архив Берлин (Deutsches Musikarchiv Berlin; основан 1970), се занимава со сите музички архивирање (како печатени, така и снимени материјали).
Инвентар
уреди- Вкупно: 27,7 мил. дела[3]
- Лајпциг: 16,7 мил. дела
- Франкфурт на Мајна: 10,3 мил. дела
- онлајн публикации: 719.000 дела
Галерија
уреди-
Германската национална библиотека во Франкфурт
-
Германската национална библиотека во Лајпциг
-
Нова зграда на библиотеката во Лајпциг
Поврзано
уреди- Обединета нормативна податотека (Gemeinsame Normdatei или GND)
Наводи
уреди- ↑ Die DNB im Überblick[мртва врска]
- ↑ Мареј, Стјуарт (2009). The Library: An Illustrated History. Њујорк: Skyhorse Pub.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-21. Посетено на 2013-12-06.
Надворешни врски
уреди- Германска национална библиотека на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 29 ноември 2014 г.
- Германски музички архив Берлин Архивирано на 14 ноември 2008 г.
- AG Sammlung Deutscher Drucke Архивирано на 18 октомври 2008 г.
- theeuropeanlibrary.org[мртва врска] - Комбиниран пристап до 48 национални библиотеки во Европа
- Libraries-Link.net Архивирано на 1 април 2019 г. - Германски портал за библиотеки
50°7′51.98″N 8°40′59.35″E / 50.1311056° СГШ; 8.6831528° ИГД