Јордан Бадев (25 февруари 1888во Битола20 септември 1944во Софија, Бугарија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, литературен критичар, публицист и новинар во Бугарија.

Јордан Бадев
Роден 25 февруари 1888
Починал септември 1944
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Бадев е роден во 1888 година во Битола, тогаш во Отоманското Царство. Во 1906 година завршува Битолска машка гимназија. Студирал словенска филологија на Софискиот универзитет, а потоа учи во Лозана. Се враќа во Македонија и учителствува во Битола, Самоков и Софија. Во 1911 година Бадев ја поддржува иницијативата за создавање на легална политичка партија на Македонците - егзархисти во Отоманското Царство - проект кој пропаѓа поради зајакнувањето на политичките тензии и избувнувањето на Првата балканска војна [1]. По Втората балканска војна во 1913 година се населува во Бугарија и станува учител во Софија. Еден од членовите-основачи на Македонскиот научен институт [2].

Почнува да се занимава со литература и новинарство. Пишува во списанието "Златорог" и во весникот "Зора", а од 1931 година е уредник на културните прашања на "Зора". Уредува весниците "Народност" и "Миргород". Бадев има голем број на статии во врска со бугарската литература - како обшотеоретични статии и прегледи, така и портрети и погледи. Во 1938 година излегува неговата книга "Животот и уметноста" [3].

Бадев е масон[4] и активен учесник во македонското ослободителното движење. Одржува тесни контакти со раководителите на обновена по Првата светска војна, ВМРО, од која добива парична издршка [5]. По поделбата на организацијата на Протогеровисти и Михајловисти, тој застанува на страната на Протогеровистите.[6] Пишува во весникот "Македонија".[7].

Во годините пред Втората светска војна е приврзаник на ориентација на Бугарија кон Третиот Рајх, политика во која тој гледа надеж за позитивно решавање на македонското прашање. Бадев е автор на неколку книги, како "Даме Груев. Живот и дело "(Скопје, 1943) и многу статии посветени на учесници во македонското движење [8]. Бадев е и автор на потпишаната од ВМРО книга "Заговорот против Тодор Александров" [9].

Бадев е убиен без суд и пресуда по Деветосептемврискиот удар во 1944 година. Во март 1945 година е осуден посмртно на Случај № 6 на интелектуалците од серијата процеси на т.н. Народен суд [10] Реабилитиран е в 1996 година од Врховниот Суд на Бугарија.[11].

Библиографија

уреди
  • Бадев, Йордан (1924). Заговорът против Тодор Александров. По данни на Вътрешната Македонска Революционна Организация.
  • Бадев, Йордан (1943). Даме Груев, живот и дело.
  • „Македонија во бугарската поезија“, статија од Јордан Бадев објавена во сп. „Златорог“, год. III, книга 3-4, Софиja, 1922 г.

Наводи

уреди
  1. имеонов, Стоян. Из борбите на македонските българи. Два документа за основаването на легална политическа партия в Турция в навечерието на Балканската война, Македонски преглед, година ХІІ (1940), кн. 1, с. 86.
  2. Македонски научен институт. Учредители
  3. Йордан Бадев. Литературна критика.
  4. Масоните в България: Членовете на Българските масонски ложи, родени в Македония (до 1944 г.), Брошура на Главно управление на архивите към Министерски съвет на Р. България, С., 2003 г.
  5. „Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр.166
  6. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 57. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  7. „Български масонски печат“. Архивирано од изворникот на 2014-12-15. Посетено на 2011-09-17.
  8. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, Тинапрес, 1993.
  9. „Литературен форум“. Успешен творчески тандем. Десислава Неделчева разговаря с Ива Бурилкова и Цочо Билярски
  10. „Горещо червено, „Литературен вестник", брой 36, 06.11.2002“. Архивирано од изворникот на 2010-11-28. Посетено на 2011-09-17.
  11. Вълев Стоян. „Йордан Бадев. Непрочетеният литературен критик“