Јоаким Бјорклунд
Јоаким Бјорклунд (15 март 1971) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата на среден бек. Тој е актуелен помошник тренер во клубот Хамарби во Алсвенскан лигата.
Започнувајќи ја својата играчка кариера со тимот Остерс и тимот на СК Бран, Бјорклунд освоил три шведски првенства, но со тимот Гетеборг пред да започне да настапува за клубовите во шкотската Премиер лига, во италијанската Серија А, во шпанската Ла Лига и англиската Премиер лига. Интернационалец бил помеѓу 1992 и 2000 година. Бјорклунд одиграл 78 натпревари за репрезентацијата на Шведска и бил дел од тимовите што се натпреварувале на ЕВРО 1992, ЕВРО 2000, и во тимот кој завршил на третото место на Светскиот куп на ФИФА 1994 година во САД.
Клупска кариера
уредиБјорклунд преземајќи од младинскиот тим на Остерс ИФ преминал и станал ѕвезда во тимот на норвешки Бран. Тој подоцна бил продаден на клубот ИФК Гетеборг.[1] Таму, неговиот тим постигнал изненадувачка победа од 3:1 над англискиот тим Манчестер Јунајтед во групната фаза од Лигата на шампионите 1994-95, што на крајот му помогнал на тимот да ја освои групата А пред тимот ФК Барселона, Манчестер Јунајтед и Галатасарај. Во четврт-финалето. Бран бил елиминиран од тимот на ФК Баерн Минхен. На крајот на следната сезона, тој заминал во тимот на Виченца во Серија А,[1] а следната година во тимот Ренџерс во шкотски премиерлигаш,[1] за сума од 2,2 милиони фунти.[2] Таму тој ја освоил шампионската титула на Шкотска. Тој подоцна на 20 јуни 1998 година се преселил во тимот на Валенсија за 2,5 милиони фунти [3] и поминал три години во тимот пред да премине во екипата на Венеција во Италија, каде што играл само една сезона. Додека бил во Валенсија, тој му помогнал на тимот да стигне до финалето на Лигата на шампионите на УЕФА 1999-2000 и во 2000-01.[4]
Бјорклунд му се приклучил на тимот на Сандерленд во јануари 2002 година за 1,5 милиони фунти,[5] но не можел да спречи тимот да испадне од првата лига во следната 2002-03 сезона. Сепак, сезоната 2003-04 била многу подобра, бидејќи му помогнал на тимот на Сандерленд да заврши на третото место во Дивизија 1 и да стигне до полуфиналето на ФА Купот. Неговите услуги повеќе не му биле потребни на менаџерот на Сандерленд, Мик Мекарти, па Бјорклунд одлучил да се приклучи на Вулверхемптон Вондерерс, кој штотуку испаднал од Премиер лигата.[6][7] Тој го напуштил клубот и подоцна се пензионирал по само една сезона. Спречен од повредите одиграл само пет натпревари, а клубот не успеал веднаш да се врати во првата Премиер лига.[8]
Меѓународна кариера
уредиДолги години Бјорклунд формирал успешно партнерство во централната одбрана со Патрик Андерсон за шведската репрезентација. Бјорклунд бил избран да настапува на УЕФА ЕВРО 1992,[9] на Светското првенство на ФИФА 1994 и на УЕФА ЕВРО 2000. На Светското првенство во 1994 година, тој му помогнал на тимот да заврши на третото место веднаш зад Бразил и Италија. Тој исто така бил член на шведскиот тим кој се натпреварувл на Летните олимписки игри 1992 година во Барселона.
Поради недостаток на време бидејќи играл за неговиот клуб Валенсија, Бјорклунд бил исфрлен од шведската државна репрезентација за време на раните подготовки во квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2002 година. Разочаран од таа одлука тој решил да се повлече од репрезентацијата на неполни 30 години.[10]
Кариера после професионалната кариера
уредиОткако ја завршил својата играчка кариера, тој работел како скаут (човек кој ги следи младите играчи) за Валенсија, главно насочени кон нордиските земји.Тој, исто така, работел како специјален стручен соработник за шведскиот Канал+, покривајќи го фудбалот во Ла Лига, (шпанската лига) неколку години.[11]
На 28 јануари 2018 година, Бјорклунд бил назначен за помошник тренер на Хамарби ИФ во Алсвенскан. Тој потпишал едногодишен договор (со опција за уште две) со клубот.[12]
Личен живот
уредиБјорклунд е син на шведскиот фудбалски тренер Карл-Гунар Бјорклунд и татко на фудбалерот Кале Бјорклунд кој игра за тимот на Хамарби ИФ.[13] Неговиот вујко по мајка е Томи Свенсон, менаџер на фудбалската репрезентација на Шведска во периодот од 1991 до 1997 година.
Статистика во кариерата
уредиМеѓународна статистика
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 1992 година | 9 | 0 |
1993 година | 4 | 0 | |
1994 година | 18 | 0 | |
1995 година | 8 | 0 | |
1996 година | 8 | 0 | |
1997 година | 8 | 0 | |
1998 година | 6 | 0 | |
1999 година | 7 | 0 | |
2000 година | 9 | 0 | |
Вкупно | 78 | 0 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Bjäreborn, Christoffer (19 June 2001). „Monaco vill ha Joachim Björklund“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 22 February 2011.
- ↑ „9IAR20: Joachim Signs For Gers“. Rangers Football Club. Rangers.co.uk. 5 July 2016.
- ↑ „On This Day: Jun 20“. Rangers Football Club. Rangers.co.uk. 20 June 2017.
- ↑ „Joachim Björklund: "Vi mötte ju ett gäng tyskar"“. Fotbollsmagasinet Offside (шведски). 25 May 2018. Посетено на 19 October 2020.
- ↑ „Black Cats snap up Bjorkland“. The Daily Telegraph. 28 January 2002. Посетено на 22 February 2011.
- ↑ „McCartney's new deal“. BBC. BBC Sport. 24 May 2004. Посетено на 22 February 2011.
- ↑ „Wolves sign Bjorklund“. BBC. BBC Sport. 5 August 2004. Посетено на 22 February 2011.
- ↑ Cooper, Scott (6 May 2005). „Wolves Defender Set To Retire“. thefootballnetwork.net. Посетено на 22 February 2011.
- ↑ Courtney, Barrie (22 June 2004). „European Championship 1992 – Final Tournament – Full Details“. rsssf.com. RSSSF. Посетено на 22 February 2011.
- ↑ „Jockes hämnd: nobbar Blågult“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 19 October 2020.
- ↑ Magnusson, Oskar (24 August 2010). „Björklunds nya jobb: tv-expert“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 22 February 2011.
- ↑ „Joachim Björklund ny assisterande tränare i Hammarby“. Hammarby Fotboll. Hammarby Fotboll. Архивирано од изворникот на 2021-11-28. Посетено на 28 January 2018.
- ↑ „Fotboll Sthlm möter Jocke Björklund: "Pappa är snabbast!"“ (шведски). Fotboll STHLM. 19 October 2018. Посетено на 16 February 2020.
- ↑ „Joachim Björklund - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2021-11-28.