Липобелковина со мала густина

(Пренасочено од ЛДЛ)

Липобелковини со мала густина (LDL, angl. Low-Density Lipoprotein) — една од петте групи на липобелковини кои го пренесуваат холестеролот и другите масти низ телото.[1] Тие се образуваат во крвта од липобелковини со многу мала густина (VLDL) преку липобелковините со средна густина (IDL). Од крвт се отстранува во црниот дроб и екстрахепаталните ткива со рецепторно посредувана ендоцитоза.[2] Зголемената концентрација на ЛДЛ во крвта е фактор на ризик за појава на атеросклероза.[2] Липобелковините со мала густина понекогаш колоквијално се нарекуваат „лош холестерол“ поради нивното влијание врз развојот на атеросклероза со ослободување на холестерол на ѕидовите на артериите, за разлика од липобелковините со висока густина, кои го пренесуваат холестеролот од крајните ткива до црниот дроб и колоквијално се нарекуваат „добар холестерол“.[3]

Липобелковините со мала густина го пренсуваат холестеролот до помалите крвни садови и затоа се поврзани со развој на атеросклероза и потенцијална блокада на артерискиот лумен. Тие исто така играат многу важна улога во доведувањето на мастите до целните ткива за нормално функционирање на телото.

Преглед

уреди

Липобелковините пренесуваат липиди или масти низ телото до екстрацелуларната течност и на тој начин ги носат мастите до целните ткива со помош на рецепторно посредувана ендоцитоза.[4][5] Липобелковините се сложени честички составени од различни белковини. Во еден липобелковин има од 80 до 100 белковини.[6] На површината на комплексот LDL се наоѓа аполипобелковини, кој овозможува негово опстојување во водната средина, активирање на специфични ензими, врзување за мембранските рецептори и пренос на молекули помеѓу липобелковините.[7] Димензијата на ЛДЛ честичка изнесува околу 220-275 ангстреми во пречник и пренесува од 3.000 до 6.000 молекули маснотии. Вистинската големина на LDL честичката зависи од бројот и составот на молекулите на маснотиите што ги содржи.[6] Ги пренесува сите видови на молекули маснотии, но преовладуваат холестеролот, фосфолипидите и триглицеридите, а нивниот сооднос може многу да се разликува помеѓу различни честички.

Се претпоставува дека високите нивоа на ЛДЛ го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Според една од широко распространетите хипотези, првата фаза во процесот на образување атеросклероза е ендотелијална дисфункција поради оштетување на васкуларниот ендотел. Во процесот на атеросклероза, пропустливоста на ендотелот се зголемува, што исто така овозможува премин на липобелковини со мала густина низ спојниците помеѓу ендотелните клетки во интимата, каде честичките LDL оксидираат со помош на реактивен кислород и азотни соединенија. Притоа се ослободуваат многу воспалителни медијатори.[8] Меѓутоа, оваа хипотеза не е целосно потврдена.[9]

Биохемија

уреди

Градба

уреди

Кај липобелковините со мала густина, масните компоненти се емулгираат и на тој начин се овозможува нивно пренесување низ телото во инаку водена средина. Секоја LDL честичка содржи молекула аполипобелковин Б-100 (Apo B-100; протеин од 4536 аминокиселински остатоци и маса од 514 kDa) и 80 до 100 други помошни белковини. Средиштето на честичката LDL е силно водоотпорно и содржи полинезаситена масна киселина линолова и стотици до неколку илјади естерифицирани или неестерифицирани молекули холестерол (во просек 1500 молекули). Јадрото исто така содржи различен број триглицериди и други молекули маснотии и е опкружено со обвивка од фосфолипиди и нестерификувани молекули холестерол и една молекула аполипобелковин Б-100. Пречникот на ЛДЛ честичка во просек изнесува 22 nm до 27,5 nm, а нејзината маса изнесува околу 3 милиони далтони.[10] Заради различната содржина на видот и количината на поединечни масни состојки, масата и големината на различни честички LDL се разликуваат.[6]

Наводи

уреди
  1. „LDL and HDL: Bad and Good Cholesterol“. CDC. Посетено на 11 септември 2017.
  2. 2,0 2,1 https://www.termania.net/slovarji/slovenski-medicinski-slovar/5524931/lipoprotein?query=lipoprotein&SearchIn=All, Slovenski medicinski e-slovar, vpogled: 15. 12. 2019.
  3. https://medlineplus.gov/ldlthebadcholesterol.html, vpogled: 15. 12. 2019.
  4. „A phospholipidomic analysis of all defined human plasma lipoproteins“. Sci. Rep. 1 (139): 139. 2011. Bibcode:2011NatSR...1E.139D. doi:10.1038/srep00139. PMC 3216620. PMID 22355656.
  5. „Proteome of human plasma very low-density lipoprotein and low-density lipoprotein exhibits a link with coagulation and lipid metabolism“. Thromb. Haemost. 111 (3): 518–530. 2014. doi:10.1160/TH13-02-0178. PMID 24500811.
  6. 6,0 6,1 6,2 Segrest JP, Jones MK, De Loof H, Dashti N (september 2001). „Structure of apolipoprotein B-100 in low density lipoproteins“. Journal of Lipid Research. 42 (9): 1346–1367. PMID 11518754. Архивирано од изворникот на 2019-09-12. Посетено на 2019-12-15. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. https://www.termania.net/slovarji/slovenski-medicinski-slovar/5506600/apolipoprotein?query=apolipoprotein&SearchIn=All, SLovenski medicinski e-slovar, vpogled: 15. 12. 2019.
  8. Lunder M., Žiberna L. (2009). Mehanizmi zaščitnega delovanja rdečega vina pri preprečevanju razvoja ateroskleroze. Medicinski razgledi, letnik 48, številka 4, str. 339-351.
  9. LDL-C does not cause cardiovascular disease: a comprehensive review of the current literature.
  10. Campos, Hannia (1992). „LDL Particle Size Distribution“. Arteriosclerosis, Thrombosis, and Vascular Biology. 12 (12): 1410–1419. doi:10.1161/01.ATV.12.12.1410.