Јасир Асани

фудбалер

Јасир Асани (роден на 19 мај 1995 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Вардар и на македонската репрезентација до 21 година.

Македонија Јасир Асани
Лични податоци
Роден на 19 мај 1995(1995-05-19)(29 г.)[1]
Роден во Скопје, Македонија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар Вардар
Број 11
Младинска кариера
Вардар Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013– Вардар Вардар 27 (10)
Репрезентација
2013-2014 Македонија Македонија 19 3 (0)
2014 Македонија Македонија 20 1 (1)
2014- Македонија Македонија 21 2 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Асани е производ на младинската школа на Вардар, а за првпат во порвиот тим бил вклучен во јули 2013 година. Своето деби во Првата македонска лига го имал при гостувањето на Вардар кај Хоризонт Турново во поразот со 2-0 на 25 август 2013, влегувајќи во игра на местото на Мирослав Јовановски во 84-тата минута. Својот прв погодок во дресот на Вардар го постигнал на 14 март 2014, во поразот од Работнички со 2-1, иако неговиот гол во 37-мата минута му донел предност на Вардар. Подоцна истиот месец го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 6-0 над Напредок на домашен терен.[2] Својата прва професионална сезона ја завршил со 12 настапи и 7 гола.

Репрезентативна кариера

уреди

Асани ја има претставувано Македонија во селекциите под 19 и под 20 години, а на 13 август 2014 го направил своето деби за селекцијата под 21 година, во поразот со 3-0 на домашен терен од Израел во квалификациите за Европското првенство 2015.[3]

Хет-трик

уреди

Натпревари во кој постигнал хет-трик

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Јасир Асани-Биографија“. Архивирано од изворникот на 2015-04-05. Посетено на 2015-02-11.
  2. Напредок во играта на првакот
  3. „Димитар Иванов и Јасир Асани вечерва ќе дебитираат за репрезентацијата на Македонија У-21“. Архивирано од изворникот на 2014-08-15. Посетено на 2015-02-11.