Јанко Ниловиќ е мулти-инструменталист, музички аранжер, композитор, диригент, пејач-вокалист и продуцент со француско-црногорско потекло. Од инструменти свири клавијатури, ударалки и тапани, гитара, бас, како и многу дувачки инструменти. Неговите главни изведувачки стилови и музички правци му се џезот (кубански, "Fusion" и Big Band Jazz) и фанк.

Роден е на 20. мај 1941 година во Истанбул, Турција. Живее во Франција од 1960 година. Државјанство добил во 1973 година.

Јанко Ниловиќ пишува и создава музика во сите стилови од класична и поп музика до џез и фанк. Карактеристичниот стил на Ниловиќ е длабок и инструментално богат џез со постојан призвук на фанк. Тој, исто така, компонирал и музика за деца, класична музика за оркестар со 16 тромбони,[1] а неговите џез остварувања популарни се дури и во Јапонија.[2]

Биографија

уреди

Јанко Ниловиќ е роден во Истанбул, од татко Пренц Ниловиќ, Црногорец, и мајка Катина, Гркинка. Неговиот татко во 1918 година бил во посета на Турција кај неговиот брат Лук, кој работел во британската амбасада во Анкара, а потоа самиот се вработил тука, во француската амбасада. Работел во Истанбул и Анкара 35 години. Таткото на Јанко бил склон кон музика, свирел на флејта и гусла. На својот син Јанко најпрвин му купил панска флејта и хармоника, а подоцна и виолина на кои свирел по слух.

Јанко Ниловиќ е самоук музичар. На возраст од дванаесет години тој веќе свирел пијано, се усовршувал под рацете на професорот по пијано Марте Папазијан (Marthe Papazian). Во тоа време Јанко бил фасциниран од танцот, па почнал да се занимава со него и дури толку се посветил што танцувајќи со помалата сестра во пар, го освоил првото место на натпревар во танц.

Јанко го интересирала и литературата, пред се хрватската, српската, руската итн. Така, веќе на 15-годишна возраст, тој се сметал себеси за поет, музичар и танчер.[3]

Меѓутоа, следејќи го трендот кој се појави во музиката – рокот – драстично го променил правецот на неговата инспирација. Додека студирал обоа и тапани на Конзерваториумот во Истанбул, свирел „ буги-вуги “ и блуз на пијано. Сметал дека е голема среќа што во тие денови го слушал рокенролот на радио во изведба на Елвис Присли, Бил Хејли, Фетс Домино и други. Тоа толку многу влијаело на него што во 1955 година го напуштил музичкото училиште и го основал својот прв бенд. Како водач и пејач на групата, тој свирел и на осум дополнителни инструменти: пијано, гитара, бас, тапани и 4 саксофони. Почнал да настапува професионално во џез клуб во Истанбул, свирејќи во една од најдобрите музички состави во Турција во тоа време. Нивниот репертоар им бил во џез и афро-кубански стил.

Веќе на 17-годишна возраст, Ниловиќ пишувал и аранжирал музички нумери во сите стилови од џез преку класична музика до ритам и блуз (Rhythm 'n' Blues). Во 1960 година, на 19 години, заминал во Париз, каде заработувал свирајќи во клубови, а во меѓувреме студирал хармоника и фуга кај познатиот учител Жилиен Фолк (Julien Falk). Бидејќи иднината со ваков начин на живот во Париз не му ветувала многу, тој решил да се вклучи во шоу-бизнисот. Со американскиот пејач Дејви Џонс, ја основал музичката куќа „Ju Ju“ Records, а по средбата со издавачот Монпарнас 2000(Montparnasse 2000) започнал долга кариера во музичката продукција. Во текот на следните години за оваа музичко студио тој компонирал околу 60 ЛП плочи, кои ќе му станат завиден извор на средства. Така, ги стекнал условите да работи на неговата прва независна ЛП, Psyc' Impressions. Монпарнас 2000 во 1970 година ја пласирал оваа плоча, инспирирана од тогашниот „психоделичен“ тренд ( Пинк Флојд, Кинг Кримсон и други) и станала апсолутен успех. Јанко на 29 години бил на врвот на кариерата.[3]

Во осумдесетите се обидел и во Холивуд, а потоа и во Њујорк, Канада и Јапонија, обидувајќи се својата новела „Пијано во вселената“("A Piano In Space") да ја преточи во филм, но не успеал. Таа идеја, во модернизирана форма, сè уште му е на ум. Чекајќи инспиративен продуцент, го адаптирал делото и за мјузикл, анимиран филм, стрип ...[3]

Јанко се до денес е екстремно продуктивен музичар. Во текот на 60-тите и 70-тите години бил толку активен што не се знае точниот број на неговите дела. Самиот вели дека снимил најмалку 150 синглови, но бројот е веројатно многу поголем.[4]

За време на неговата музичка кариера ги користел и следните псевдоними: Алан Блеквел (Alan Blackwell), Емилијано Орти (Emiliano Orti), Џони Монтевидео (Johny Montevideo), Енди Лур (Andy Loore), Хајнц Кубе (Heinz Kube), Бил Мајер (Bill Mayer), Енио Моранди (Ennio Morandi), Филип Греј (Philippe Gray), Д Тексас Травелерс (The Texas Travellers) и други.

Јанко и неговата сопруга Јохана живеат во Париз, имаат два сина Саша и Јован. Тој планира да отвори џез клуб во Будва.[3] Моментално држи концерти со неговиот бенд, Janko Nilovic Trio (пијано, бас, тапани) а со други, JNB - Janko Nilovic Band снима во студио.[4] Меѓу другите, тој пишувал музика за Џеј-Зи (Jay-Z) и Бијонсе.

Дискографија

уреди
1968 —
  • Visions Fantastique (Telemusic)
  • Hommage a monsieur Charlie Chaplin (Trema)
  • Janko Nilovic & Herve Roy (Telemusic)
  • King Set - Jezebel/Mon Brouillard
  • Janko Nilovic, Raymond Guiot & Herve Roy (Telemusic)
  • Jehan Jonas (SFP)
1969 —
  • Jehan Jonas - L' album de famille (AZ)
  • Yohana - C'est lui/Hiroshima (AZ)
  • Musique au soleil (Neuilly)
  • International Circus Band - Rande parade de cirque (Neuilly)
  • Los patos - Voodoo ju ju obsession (Festival)
  • Lana Grey-malaise (Orion)
  • Spots & Cues (radio/tv/film) (Travel Music)
  • Davy Jones and the Voodo Funk Machine - Sookie Sookie (Philips)
  • Daniel J. White - Music pour (MP 2000) 01
  • Daniel J. White - Music pour (MP 2000) 02
  • Abra k Dabra - "Groovy Kind Of Samba / The Ju Ju & The Thing" (Ju Ju)
1970 —
  • Davy Jones - Voodoo (Philips)
  • Janko Nilovic and Dave Sucky - Music and sound effects (MP 2000) 03
  • Images musicales enfantines (Neuilly)
  • Ambience et rythmes (Neuilly)
  • Generiques (Neuilly)
  • Tonton Roland - piano solos (Neuilly)
  • Piano bastringue (Neuilly)
  • Guy Frassetto (RCA)
  • Special sports d'hiver vol.9 (Neuilly)
  • Vous avez aime (Carissima)
  • Rene Costy & Janko Nilovic (MP 2000) 03
  • Daniel J. White - Musique pour... (MP 2000) 05
  • Psyc' impressions (MP 2000) 06
  • La nuit est une fete (Telemusic)
  • Janko Nilovic & J.J. Debout - Music bazaar (Telemusic)
  • Pop Revolution (Telemusic)
1971 —
  • Andy Loore & Claude Benaya - Bastringue au saloon (Crea Sound)
  • Musique en couleurs (Neuilly)
  • Musique pour les enfants sages (Neuilly)
  • Musique pour films muets (Neuilly)
  • Texas Travellers - Western Panorama (Neuilly)
  • Texas Travellers - La conquete de l'ouest
  • Andy Loore - Los indios paraguayos (Atlanta)
  • Musique en Vrac (Telemusic)
  • Les désaxées (Pueblo)
  • Vocal Impressions (MP 2000) 08
  • Bobby Cannon - Moon Man /Lover's Summer Song (Ju Ju Records)
  • Janko Nilovic & Pascal Auriat - Power (Briand)
  • Andy Loore - Evasion (Crea Sound)
  • Andy Loore - Open Air (Crea Sound Ltd)
1972 —
  • Pop Impressions (MP 2000) 11
  • Prosit (Neuilly)
  • Comte de Saint-Germain - Les rivilations (Briand)
  • Grande parade du cirque (Neuilly)
  • Musique pour les enfants sages (Crea Sound Ltd)
  • Johny Montevideo - Violin Cartoons (Crea Sound Ltd)
1973 —
  • Johny Montevideo - Love Vacances (Crea Sound Ltd)
  • Jerry Mengo, Janko Nilovic and Richard Morand - Black Jack Party (MP 2000) 12
  • Michel Laurent - "Black Young Love" (Heloïse)
  • Bill Mayer Orchestra - Bier und Musik (Atlanta)
  • Il etait une fois la revolution (Atlanta)
  • Daniel J. White - Le monde musical de racine (MP 2000) 15
  • Janko Nilovic and Dave Sucky - Supra Pop Impressions (MP 2000) 16
  • Jazz Impressions 1 (MP 2000) 17
  • Jazz Impressions 2 (MP 2000) 18
1974 —
  • Classical Phases (MP 2000) 24
  • Jouets musicaux (MP 2000) 28
  • Giant (MP 2000)
  • Chorus (MP 2000) 34
  • Daniel J. White - Illustration Sonore Vol. 2 (Vega)
  • Power - Number One (AZ)
  • Rythmes contemporains (MP 2000) 36
  • Stylissimo (MP 2000) 40
1975 —
  • Percussions dans l'espace (MP 2000) 42
  • Funky Tramway (Vogue)
  • Soul Impressions (MP 2000) 43
1976 —
  • Un couple dans la ville (MP 2000) 50
  • Water Show - Aquatic Sports (MP 2000) 55
  • Richard Morand - Nusicalement (MP 2000) 61
  • Janko Nilovic & Dave Sucky - Ballad for a Horse / Rush On the Ball (MP 2000)
  • Los astros (S'Germain des pres)
  • Guitare clasique (MP 2000) 69
  • Pop Shopin' (MP 2000) 71
  • Panorama (MP 2000) 74
  • Super America (MP 2000) 103
  • Atchika Boum
  • V.A. - Jingle for You (Cre Sound)
  • Hervé Roy / Janko Nilovic - "Fugue a katmandou / La nuit est une fete
  • Janko Nilovic / Noel Magali - "Coloquinte"
  • Christmas Roses (Zéro)
  • V.A. - Les N°1 du hit-parade de la musique publicitaire (Zéro)
  • Star Cat Local Band directed by Janko Nilovic (Cat Music)
1977 —
  • Concerto pour un fou (MP 2000) 82
1978 —
  • Un homme dans l'univers (MP 2000) 84
  • Samsong (Trema)
  • L'ensemble de trombones de Paris performs Suite Balkanique & double concerto by Janko Nilovic (Crystal)
  • Pepmusic
  • Sweet Colours (Crea Sound)
  • Wind of the East
1979 —
  • Un piano dans l'ouest (MP 2000) 86
  • Histoires sans parole (MP 2000) 88
  • Balkans Impression (Selection)
  • Orsho Michel - Orchestre Nilovic J. - Dis lui bien que je l'aime (Riv)
  • Hoffman Marc - Orchestre Nilovic J. - Dis lui bien que je l'aime (AZ)
  • Daniel White - Le meonde musical de racine (MPS)
1981 —
  • Michel Becquet - Trombone extraordinaire (Simphony Land)
  • The String Orchestra (Selection)
1990 —
  • Neo baroque luxurian (FEF)
1991 —
  • Neobaroque luxuriant chamber music (Forest/Eurodif)
1992 —
  • Extra Strong (Forest/Eurodif)
1993 —
  • Pianos a deauville, Music for 2 pianos (Forest/Eurodif)
2000 —
  • The Best Of Janko Nilovic - Impressions Vol.1 (Dare-Dare)
  • The Best Of Janko Nilovic - Impressions Vol.2 (Dare-Dare)
2002 —
  • Paris Pop Galaxy (Cosinus)

Наводи

уреди
  1. L'ensemble de trombones de Paris performs Suite Balkanique & double concerto by Janko Nilovic (1978)
  2. Forum B92, razgovor o Nilovicu Архивирано на 30 април 2024 г. - pristupljeno 31. avgusta 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Janko Nilovic interview – 24. фебруар 2013.
  4. 4,0 4,1 „The official Janko Nilovic home page authorized by Janko Nilovic“. Архивирано од изворникот на 12 септември 2016. Посетено на 3 септември 2016.

Надворешни врски

уреди