Јане Задрогаз е драмско дело напишано од македонскиот драматург Горан Стефановски[1].

Јане Задрогаз
АвторГоран Стефановски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрдрама
Издадена
1974
МедиумПечатена
Страници50

Ликови и сцени

уреди

„Јане Задрогаз“ е текст со поднаслов - народна фантазија со пеење

Сосоавен е од -Пролог и Десет сцени

Ликови:

•Царицата

•Јане

•Змејот

•Јанкула

•Секула

•Петрула

•Тасе Свирачо

•Дафина

•Божин Лебаро

•Магда

•Најде Еќимо

•Васка

•Димче Ковачо

•Костадинка

•Ицо терзијата

•Цена

•Тоде Мудрецо

Кога Горан Стефановски се појавил на македонската книжевна и театарска сцена во 1974 год. со драмскиот текст „Јане Задрогаз“ и со своите дваесет и три години успеал да презентира драмско дело достојно за почит, македонските критичари во ова дело за жал не успеале да ги препознаат одликите на новиот европски книжевен и културен правец, постмодернизмот. Првосоздаденото дело на Стефановски дури во деведесеттите години на дваесеттиот век добива соодветни и издржани критики. Дотогаш критичарите го коментираат „Јане Задрогаз“ со суперлативи, но теорискиот алат кој го поседуваат е недоволно прецизен за да изврши издржана и објективна анализа на истиот. Драмата „Јане Задрогаз“ добива највисоки оцени, но само поради нејзината содржина, користењето на фолклорот како предлошка, како и поради користењето на народниот јазик.

Јелена Лужина дава неколку различни периодизации на неговите дела. Најпрвин во „Македонската нова драма“ таа драмата „Јане Задрогаз“ ја вбројува во т.н. драма на поетски начин на артикулација на драмскиот говор. „Јане Задрогаз“ е колективно дело на целата театарска екипа која учествувала во реализацијата на оваа драма, а не на самиот Горан Стефановски, и самоуверено поентира: „Како и сите авангардистички театарски авантури, и оваа македонска ќе потрае сосема кратко. Нејзините траги, подоцна долго ќе се забележуваат во конкретната театарска практика (особено во ракописите на македонските режисери од новата генерација, Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин и Слободан Унковски), ама никогаш повеќе нема да се допрат со драмското пишување на самиот Горан Стефановски. Макар што неговите текстови кои низ Европа доста се играат последниве години (од „Сараево“, праизведено во Амстердам 1993-та, до „Хотел Европа“, праизведен во Стокхолм 2000-та) на прв поглед наликуваат на отворени драмски структури од – условно кажано – „авангардно потекло“, нивното повнимателно читање укажува дека првиот впечаток залажува.

„Јане Задрогаз“ со своите литерарни вредности ја дели македонската драмска литература на две поголеми јадра –модернистичко и постмодернистичко. Таа во овој труд се повикува на модалноста на Јелена Лужина, во која Лужина тврди дека во македонската драматургија во средината на седумдесеттите се јавува т.н. режисерски театар во кој режисерот го добива доминантното место во креација на театарското уметничко дело, а драматургот е во постојана корелација со режисерот. Оттаму Катица Ќулавкова тврди дека драмските текстови кои во тоа време се јавуваат се некој вид иницијален и незавршен синопсис, дека се надминуваат литерарните рамки, а текстот се отвора кон амфитеатарот, кон гледалиштето. Зошто Ќулавкова тврди дека „Јане Задрогаз“ е меѓата? Затоа што во овој текст ги наоѓа сите елементи на постмодерната, затоа што тој е: „…пастиш кој во себе вградува, цитира, парафразира или иронизира текстови кои се веќе напишани, искажани, раскажани, испеани или драматизирани.“[2].

Кратка идејна содржина

уреди

Толкувачкиот пристап кон еден текст како еден објективен чин кој е во голема мера определен како до историскиот и социјалниот така и од културниот контекст, на еден романтичарски начин ни ја потврдува сè уште свежата актуелност на значењето и пораката кои ги носи ова драмско дело во себе. Царицата си остана иста, Змејот облече црно одело и запали пура, Царчињата само го изменија жаргонот и реторичкиот елемент и наметнаа современа облека (делови од сценската реализација на „Јане Задрогаз“ на Прилепскиот театар, 2009 година), Јане сè уште ја преигрува истата судбина на оној кој дејстува, и кој со тоа боде очи на надредените. Народот сè уште работи за туѓи бели дворови. И денес Јане не потсетува колку е сизифовски да се гледа критички и толкувачки на светот и општеството кои не опкружуваат. Дури и интерперетативниот чин насочен кон ова драмско дело со сета своја моќ на конструирање на значењето во денешен контекст, од денешен аспект ги дава истите поразувачки резултати.Сè е исто, само волкот го смени крзното. Тажно и жалосно е, дури и во 21-от век, колку „романтично“ се приврзани луѓето за она народно творештво, кое полно со мудрост и длабока смисла не учи на висока и истовремено едноставна животна филозофија. Не учи како да го надминеме него, лекција која очигледно освен Горан Стефановски никој друг не ја научи. Никој друг не ја ни прочитал како што треба. „Јане Задрогаз“ не учи дека наместо да се користат тие народни мудрости и фолклорно наследство како готов толкувачки елемент во осознавањето на светот, треба токму нив критички да ги толкуваме за да го осознаеме светот.

Текстот спаѓа во класиката на македонскиот театар и е еден од најубавите текстови во нашата драматургија. Составен е од приказни, поговорки, на кои Горан го инспирирало творештвото на Марко Цепенков. Текстот сè уште е многу актуелен.

„Јане Задрогаз“ е текст – провокација сам по себе. Иако е авторско дело на Стефановски, неговиот внатрешен текст е преземен од приказните на Марко Цепенков. Ако се знае дека во почетокот на седумдесетите години на минатиот век се за прв пат објавени Собраните дела на Марко Цепенков, веќе веднаш ќе ни биде јасно зошто младиот автор се решава за пишување на еден ваков драмски текст. Од друга страна, пак, македонската драма и театар во седумдесеттите години на минатиот век, јадефинираат својата модерност и кокетирањето со постмодерната во корелација со светските, поточно западноевропските трендови. Контекстот е поставен на релација – постмодерен театар – интертекст – објавувањето на делата на Цепенков. Откако на почетокот на седумдесеттите ќе биде објавено десеттомното издание на собраните дела на Марко Цепенков, интересот за фолклорната и традиционална естетика ќе стане повеќе од очигледен во македонскиот театарски простор. Затоа и не треба да нè чуди, тоа што Горан Стефановски решава да ја напише својата прва драма составена од текстот на приказните на Марко Цепенков. Како своевиден куриозитет е тоа што драмската структура е авторска, но приказните се директно од Цепенков. Монтажирајќи ги во своевиден интертекстуален колаж, давајќи им ја номиналната драматуршка форма на постмодерната драматургија – фрагментарноста, Горан Стефановски со оваа драма ја отвора постмодерната драма и театар во македонската театарска практика.

Библиографија на Горан Стефановски

уреди

Драми

уреди

•Стефановски, Г. (2002). Собрани драми. Книга прва. Скопје: Табернакул.

•1. Јане Задрогаз (1974)

•2. Диво месо (1979)

•3. Лет во место (1981)

•4. Хај Фај (1982)

•5. Дупло дно (1983)

•6. Тетовирани души (1985)

• Стефановски, Г. (2002). Собрани драми. Книга втора. Скопје: Табернакул.

•1. Црна дупка (1987)

•2. Лонг плеј (1988)

•3. Кула вавилонска (1989)

•4. Чернодрински се враќа дома (1990/91)

•5. Сараево (1992/93)

•6.Сега му е мајката (едночинка,1994/95)

•7. Баханалии (1996)

•8.Казабалкан (1997)

• Стефановски, Г. (2010). Собрани драми. Книга трета. Скопје: Табернакул.

•1. Гоце (едночинка,1991)

•2.Екс-ју (едночинка, 1996)

•3. Евроалиен (1998)

•4. Хотел Европа (1999/2000)

•5. Жив чоек (2002)

•6. Духот на слободата (2003)

•7. Демонот од Дебар маало (2006)

•8. Остави тоа! (2010)

• Стефановски, Г. (2015). Собрани драми. Книга четврта. Скопје: Табернакул.

•1. Одисеј (2012)

•2. Огнени јазици (2013)

•3. Figurae Veneris (2014)

Необјавени драмски текстови за театарски продукции

уреди

•1. Сега му е мајката (1995)

•2. Сите сме луѓе (1998)

•3. Приказни од еден град (1999)

•4. Хаг (2000)

Некнижевни жанрови

уреди

•1. Травијата (1989, либрето за рок- опера)

•2. Зодијак (1990, либрето за рок-балет)

•3.Го сакам Чернодрински (1991, либрето, мултимедијален перформанс)

•4. Old Man Carrying Stones/Старецот кој носи камења (1994, текст за танц, театар и музика нарачан од Green Candle Dance Co. Ltd.)

•5. On the Road to Baghdad/На пат за Багдад (1999, адаптација/сценарио според романот на Ѓунели Ѓун за танцов театар Green Candle, Sadler`s Wells, Лондон)

•6.Стефановски, Г. (2003). Мала книга на стапици (помагало за пишување драми). Скопје: Табернакул.

•7. Стефановски, Г. (2004) Конзервирани импресии. Скопје: Темплум.

Радио драма

уреди

•1. Чиракот Шекспир (1975)

Сценарија за телевизиски продукции на драмите

уреди

•1. Клинч (1974)

•2. Сослушувањето на железничарот (1977)

•3. Томе од бензинската пумпа (1978)

•4. Тумба, тумба, дивина (1982)

•5. Диво месо (1984)

•6. Лет во место (1984)

•7. Дупло дно (1985)

ТВ серии

уреди

•1.Наши години (1979)

•2. Бушава азбука (детска образовна серија, 31 епизода, 1985)

•3. Аирлија транзиција (нарачано од USAID, 1996)

•4. Наше маало (нарачано од CTW/ Children’s Television Workshop, САД, автори на Sesame Street, 1999-2001)

Сценарија за долгометражни филмови

уреди

•1. Хај-Фај (1988) (режија Владимир Блажевски)

•2. Walter and Virginiа (2005) (прва верзија за сценарио, режија Сузане Остен)

•3. Frau Einstein (2011) (соработник на сценарио, документарно-игран филм, режија Милош Јовановиќ)

•4. До балчак (2014) (режија и косценарист Столе Попов)

Избрана критичка библиографија

уреди

•1. Димитрова, А. (2012). Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок.

•2. Аврамовска, Н. (2004). „Автореференцијалноста на фолклорниот интертекст во драмите на Горан Стефановски“. Аврамовска. Н. Во вителот надереализацијата: дуплото дно на македонската драма. Скопје: Култура, 246-307.

•3. Смилевски, В. (2000). „Драмското творештво на Горан Стефановски“. Литературни студии. Скопје: Култура, 131-204.

•4. Ќулавкова, К. (1997). “Постмодернистичката димензија и интертекстот во драмата Јане Задрогаз на Горан Стефановски“. Лужина, Ј. (Прир.) Македонската драматика/драматургија помеѓу традицијата и современоста. Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински“, 41-46.

На англиски јазик

уреди

•1. Marsh Stefanovska, P. (2019). „Foreword“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 8-33.

Интернетски страници

уреди

•1. Димитрова, А. (2019, 01.05.) „Македонската книжевна критика за Горан Стефановски“. Пристапено на 06.08. 2019, на Блесок: https://www.blesok.mk/mk/блесок-изданија/блесок-бр-123[мртва врска]

•2. Смилевски, Г. (2015) PDF. „Просторот/местото во драмите Казабалкан, Евроалиен и Хотел Европа од Горан Стефановски“. Спектар 66: 83-97. Пристапено на 08.08. 2019, на https://www.ceeol.com/search/viewpdf?id=522803

•3. Аврамовска, Н. (2012). PDF. „Европа на сцената на современата македонска драма“. Пристапено на 10.08. 2019, на https://www.researchgate.net/ publication/282402026_Evropa_na_scenata_na_sovremenata_makedonska_ drama

Цитирана литература

уреди

Книги и статии:

• Аврамовска, Н. (2004). „Автореференцијалноста на фолклорниот интертекст во драмите на Горан Стефановски“. Аврамовска. Н. Во вителот на дереализацијата: дуплото дно на македонската драма. Скопје: Култура, 246-307.

• Димитрова, А. (2012). Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок.

• Лужина, Ј. (2000 а). „Најмладата македонска драма: македoнските драматичари пост-модернисти“. Лужина, Ј. Театралика: студии и есеи на театролошки теми. Скопје: Матица македонска, 222-239.

• Luzina, J. (2000 б). Ten Modern Macedonian Plays. (Ed.). Skopje: Matica makedonska, 24-26.

• Marsh-Stefanovska, P. (2019). „Some biographical notes“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 3-7.

• Marsh-Stefanovska, P. (2019). „Foreword“. Stefanovski, G. Five Plays by Goran Stefanovski. Canterbury: The Conrad Press, 8-33

• McKinley, J. (1985). Hi-Fi & The False Bottom. College of Arts and Sciences, University of Missouri, Kansas City: BkMk Press, 1-2.

• Мојсова-Чепишевска, В. (2000). „Митолошките, т.е. демонолошките наслојки во Јане Задрогаз“. Мојсова-Чепишевска, В. Литературни преокупации. Скопје: Менора, 257-284.

• Николовска, К. (2012). „Рецензија“. Димитрова, А. Постмодернистички стапици во драмите на Горан Стефановски. Скопје: Културна установа Блесок, v-viii.

• Павловски, М. (1992). „Диво месо на Горан Стефановски“. Силјан, Р. (Прир.) Сто години македонска драма Скопје: Матица македонска, 627.

• Смилевски, В. (1998). „Модерен драмски израз“. Смилевски, В. Фокусирања. Скопје: Матица македонска, 334-355.

• Смилевски, В. (2000). „Драмското творештво на Горан Стефановски“.

•Смилевски, В. Литературни студии. Скопје: Култура, 131-204.

• Старделов, Г. (1987). „Драмите на Горан Стефановски“. Павловски, Б. (Прир.). Горан Стефановски: одбрани драми. Скопје: Мисла, 333-353.

• Тодоровски, Г. (1990). „Подалеку од занесот, поблизу до болот!“ Силјан, Р. (Прир.) Македонска драма XIX и XX век. Скопје: Македонска книга, 424-439.

• Ќулавкова, К. (1997). „Постмодернистичката димензија на интертекстот во драмата Јане Задрогаз на Горан Стефановски“. Лужина, Ј. (Прир.) Македонската драматика / драматургија помеѓу традицијата и совеменоста. Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински“, 41-46.

• Уреднички вовед. (2019). „Горан Стефановски 1952-2018“. Културен живот 1/2, 5-9.

Интернетски страници

уреди

• Аврамовска, Н. (2012, н.д.). „Европа на сцената на современата македонска драма“. Пристапено на 10.08. 2019, на https: // www. Researchgate. net / publication / 282402026 _ Evropa_na_scenata_na_sovremenata_makedonska_drama Slavia Meridionalis 12 SOW, Warszawa 2012, 13-26. PDF

• Дамјаноски, М. (2011, н.д.). „Дискурсот на виктимизацијата во современата македонска драма“. Спектар, 58/2011, 467-476. http://iml.edu.mk/images/dokumenti/kniga2.pdf Архивирано на 11 јули 2020 г.

• Димитрова, А. (2019, 01.05.). „Македонската книжевна критика за Горан Стефановски“. Пристапено на 06.08. 2019, на Блесок: https://www.blesok.mk/mk/блесок-изданија/блесок-бр-123[мртва врска]).

• Димоски, С. (2018, 04.12.). „Горан Стефановски – во броеви, букви и бронза – накусо“. Пристапено на 15.08.2019, на https: // www. mkd. mk/kultura/teatar-i-film/goran-stefanovski-vo-broevi-bukvi-i-bronza

• Смилевски, Г. (2015, н.д.). „Просторот/местото во драмите Казабалкан, Евроалиен и Хотел Европа од Горан Стефановски“. Спектар 66: 83-97. Пристапено на 08.08. 2019, на https://www.ceeol.com/search/viewpdf?id=522803). PDF

• Стефановски, Г. (2016). „Sir Tom Stoppard in Coversation with Goran Stefanovski“. (2016, 25.01.) Пристапено на 28.08.2019, на https://www.youtube.com/watch?v=ZACKt4_Ds1o

• Стефановски, Г. (2018, н.д.). „Искрата што се измолкнува“/“The Spark Which Escapes”. Светскиот конгрес на Меѓународната федерација за театролошки истражувања (IFTR) Белград, главен говор. https://www.iftr.org/media/3397/iftr-world-congress-belgrade-2018-[мртва врска] program.pdf

http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/горан-стефановски/ Архивирано на 20 јануари 2020 г.

• „Горан Стефановски“ http://mactheatre.edu.mk Архивирано на 2 март 2021 г.http://www.ftn.uns.ac.rs/1664329022/broj-izvestaja--01-1129-1-od-20-04- 2018—godine)

• Стефановски, Г. (2016). „Sir Tom Stoppard in Coversation with Goran Stefanovski“. (2016, 25.01.) Пристапено на 28.08.2019, на https://www.youtube.com/watch?v=ZACKt4_Ds1o

• Стефановски, Г. (2018, н.д.). „Искрата што се измолкнува“/“The Spark Which Escapes”. Светскиот конгрес на Меѓународната федерација за театролошки истражувања (IFTR) Белград, главен говор. https://www.iftr.org/media/3397/iftr-world-congress-belgrade-2018-[мртва врска] program.pdf

http://manu.edu.mk/clenovi_nadvor/горан-стефановски/ Архивирано на 20 јануари 2020 г.

• „Горан Стефановски“ http://mactheatre.edu.mk Архивирано на 2 март 2021 г.http://www.ftn.uns.ac.rs/1664329022/broj-izvestaja--01-1129-1-od-20-04- 2018—godine)

Интервјуа

уреди

• Стефановски, Г. (1992, 09.01.). „Горан Стефановски: Снежана и двете џуџиња“ (со И. Руси и С. Ордановски). „Пулс“, 18.

• Стефановски, Г. (2005). „Горан Стефановски: интервју во 'Актуел'“ (со Е. Евтимова 2001). Приказни од дивиот исток. Скопје: Табернакул. 132.

Наводи

уреди