Ѓеран[1][2] — направа за вадење вода од бунар со користење лост. Се состои од дрвена греда поставена на висок исправен дрвен столб, од едната страна има тег (вообичаено камен или дрвен трупец), а на другата страна на јаже е врзано ведро со кое се вади вода од бунарот.

Ѓеран кај Скореновац

Овој вид бунари е најраспространет во Средна и Источна Европа.

Делови

уреди

Ѓеранот се состои од:

  • Дрвена, заштитна, правоаголна рамка, која се поставува веднаш околу ископаната бунарска дупка.
  • Балансен столб, кој се состои од греда и дрвена чаталеста потпора, што се користи како лост за полесно вадење вода
  • Тег, кој е прицврстен за гредата (противтежа) (обично камен или дрвен трупец), од едната страна
  • Ведро со кое се зафаќа водата, со јаже врзано е на другата страна од тегот, и со него се вади водата.

Употреба

уреди

Ѓеранот најчесто се користел во селата и го имало во многу дворови. Постоел и голем заеднички ѓеран што се користел на ливадите покрај селото за напојување на стадата што се чувале на отворен простор. Во постари времиња, на местата каде што имало повеќе добиток, се граделе неколку ѓерани за да може целиот добиток да се напои со вода.

Галерија

уреди

Наводи

уреди