Хортобаѓ е национален парк и најголема пустелија во Унгарија, една од најпознатите во Европа. Се простира на повеќе од 800 км² и го зафаќа степското подрачје на источна Унгарија помеѓу Тиса и Дебрецин. Самиот парк е дел од Голема унгарска низина, која воедно е најголема тревна површина во Европа и најголемо заштитено подрачје во Унгарија. Хортобаѓ во 1999 година е заштитен како светско културно наследство[1]. Најпозната знаменитост на оваа пустелија е „Мостот со девет дупки“, а исто така постои и мал музеј кој ги води посетителите во свакојдневниот живот на овчарите во оваа пустелија.

Хортобаѓ - Национален парк

Историја

уреди

Некогаш одамна, хортобаѓската пустелија била густа шума, која подоцна ја исекле градителите на градби. Пустелијата се формирала околу 10.000 години. Реката Тиса со своите чести поплави на оваа подрачје и со повлекувањето во коритото сосема ја однела хумусната земја, а оставила готово неплодна почва, помешана со песок. На таа почва расте само ниска трева, различни видови на коров и по некоја грмушка отпорно на долга суша и силен ветер кој ретко престанува и проаѓа низ девет лака на хортобаѓскиот вијадукт, туристичкиот симбол на овој крај. За време на владаеењето на комунизмот, Хортобаѓ станал место каде биле водени политичките противници на присилна работа. Овде имало 12 принудни работни логори. Во периодот од 1950 до 1953 година унгарската тајна полиција депортирала околу 10.000 луѓе од јужна Унгарија. Дел од пустелијата, површина од 115 км², прогласен е во 1973 година за прв национален парк во Унгарија. Шест години подоцна, Обединетите нации националниот парк Хортобаѓ го прогласиле за природен резерват, со биосферата по многу нешто е единствен во Европа[2]. Во него можат да се пронајдат околу 330 вида релативно ретки птици, а на пасиштата и во мочуриштата има многу инсекти и богата флора[3].

Флора и фауна

уреди

Хортобаѓ е најпознат по сивите говеда со огромни рогови, кои успешно одолеваат на суровите услови за живот, особено на студот. Освен овој вид во оваа пустелија можат да се најдат биволи, полудиви коњи, бушави овци, мангалици, кучиња и 342 вида птици. Оваа подрачје е значајно бидејќи служи како место на кое навраќаат многу птици преселници. Сè на сè околу 50.000 овци, 9 000 говеда, 400 коњи и 250 водени бизони имаат свој дом на овие отворени рамнини, a ги надгледуваат повеќе од 200 сточари кои живеат во околните села.

 
Хортобаѓ - Сиво говедо

Наводи

уреди
  1. "Hortobágy National Park - the Puszta". UNESCO World Heritage Centre. UNESCO. Посетено на 2010-06-21.
  2. "Hortobágy National Park, The Hungarian Puszta" (PDF). Nomination file for inscription of the Hortobágy National Park to the World Heritage List. Ministry for Environment and Regional Policy, Republic of Hungary. (1999). стр. 4.–5. Посетено на 2010-06-21.
  3. „Pustara koja vrvi od života | Glas javnosti“. Архивирано од изворникот на 2014-08-26. Посетено на 2019-01-25.

Надворешни врски

уреди