Валентино (моден дизајнер)
Валентино Клементе Лудовико Гаравани (италијански: Valentino Clemente Ludovico Garavani, роден на 11 мај 1932), познат како Валентино, е италијански моден дизајнер. Основач е на модната куќа Valentino и модните марки Valentino Garavani, Valentino Roma, R.E.D. Valentino.
Валентино | |
---|---|
Валентино на Канскиот филмски фестивал, 2007 | |
Роден(а) | Валентино Клементе Лудовико Гаравани 11 мај 1932[1] Вогера, Ломбардија, Италија |
Занимање | Fashion designer |
Партнер | Марилу Толо Џанкарло Џиамети |
Страница Official website |
Животопис
уредиВалентино е роден во Вогера, во провинцијата Павија, Ломбардија, Италија. Неговата мајка му го дала името по нејзиниот идол од екраните, Рудолф Валентино.[2] Тој станал заинтересиран за модата додека бил во основното училиште во родниот крај, а потоа Валентино се преселил во Париз за да го продолжи својот интерес кон модата, со помош на својата мајка Тереза де Бијаџи и неговиот татко Мауро Гаравани. Во Париз учел во „Националната школа за ликовни уметности“ и во „Сојуз на париската мода“.
Неговиот прв избор за школување во Париз бил Жак Фат, а потоа Баленсијага. Валентино ѝ помагал на грофицата Жаклин де Рибес да ги скицира идеите за облекување. Потоа две години му се придружил на Ги Ларош. На изложбата во Рим во 1991 година неговите скици се појавиле на екранот, на кои се восхитувале неговите подоцнежни клиенти како Мари-Хелен де Ротшилд и Елизабет Тејлор.
По пет години, Валентино го напуштил Жан Десес поради инцидент во врска со продолжениот одмор во Сен Тропе. Сепак, неговиот пријател Ги Ларош го спасил, па Валентино повторно се вратил на својата „мала, ситна“ модна куќа.
Кариера
уредиВо 1960 година Валентино го напуштил Париз и отворил модна куќа во Рим со поддршка на неговиот татко и негов соработник. Просториите наликувале на вистинска модна куќа, какви што Валентино видел во Париз. Валентино станал познат по своите црвени фустани и оттогаш оставил свој печат во модната индустрија.
На 31 јули 1960 година, Валентино се запознал со Џанкарло Џиамети, кој подоцна станал негов бизнис партнер. Во тој период бизнисот на Валентино бил на работ на банкротирање.[3]
Во 1964 година, Жаклина Кенеди се заинтересирала за некој од моделите на Валентино, по што тој бил поканет во септември таа година во САД да претстави дел од својата колекција. Госпоѓата Кенеди иако не присуствувала на презентацијата, сепак купила шест фустани во црно-бела боја, кои ги носела подоцна по смртта на Џон Кенеди. Валентино исто така го дизајнирал невестинскиот фустан што го носела Жаклина на венчањето со Аристотел Оназис.
Во 1966 година, Валентино правел ревии во Рим, а во текот на 1970-те години Валентино во живеел во Њујорк.
Во 1990 година била отворена „Академија Валентино“ во Рим. Во текот на наредната година, по сугестија на Елизабет Тејлор, Валентино и Џанкарло отвориле здружение за помош на партнери болни од СИДА.[4]
Во 1998 година, Валентино и неговиот партнер Џанкарло Џиамети ја продале компанијата за околу 300 милиони долари. Во 2002 година,
На 4 септември 2007 година, Валентино најавил дека од јануари 2008 година ќе се пензионира,[5] по последната ревија во Париз, која била одржана на 23 јануари 2008 година. Ревијата била нарушена од критиките на неговите соперници Долче & Габана,[6] како и од смртта на глумецот Хит Леџер. На ревијата присуствувале познати лица како: Ева Херцигова, Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Каролина Куркова и Карен Мјулдер.[7]
Во 2006 година Валентино се појавил во филмот Ѓаволот носи Прада.[8]
Во 2008 година бил снимен документарен филм за Валентино со наслов Валентино: Последниот император, премиерно прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал.
Награди и признанија
уреди- На 6 јули 2006 година, претседателот на Франција Жак Ширак го наградил Валентино со националниот орден „Легија на честа“.
- На 24 јануари 2008 година, на Валентино му бил доделен „Медал на градот Париз“.
- На 7 септември 2011 година, Валентино бил награден со годишната награда „Уметник на модата“ доделена од музејот „Моден институт за технологија“ во Њујорк.[9]
Надворешни врски
уреди„Валентино (моден дизајнер)“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на филмот Валентино: Последниот император Архивирано на 14 февруари 2021 г.
- Емисија за Валентино на Опра Винфри Архивирано на 14 октомври 2007 г.
Наводи
уреди- ↑ „Valentino Biography“. Biography.com. A&E Television Networks. Архивирано од изворникот на 2017-04-25.
- ↑ Georgieva, Zlatina (November 26, 2012). „The Last Emperor: Inside the crazy world of Valentino“.
- ↑ „Valentino“. Vogue. 8 March 2012. Архивирано од изворникот на 2014-07-19.
- ↑ „Chronice“. New York Times. 28 May 1990.
- ↑ „Fashion legend Valentino retires“. BBC News. 4 September 2007. Посетено на 27 May 2010.
- ↑ „Enjoy England – My Favourite Trips“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 29 мај 2008.
- ↑ „Paris Couture – Day Three“. Vogue. 23 January 2008. Посетено на 22 May 2011.[мртва врска]
- ↑ „The Devil Wears Prada“. IMDb.com. 30 June 2006.
- ↑ „2011 Couture Council Artistry of Fashion Award: Valentino“. Museum at FIT. Архивирано од изворникот на 2011-10-10.