Долче & Габана
Долче и Габана (италијански: Dolce & Gabana) — италијанска индустриска луксузна модна куќа. Компанијата ја имаат отворено италијанските модни творци Доменико Долче и Стефано Габана.[1]
Нивната облека ја имаат носено многу познати личности како што се Мадона, Кајли Миног, Наоми Кемпбел, Жизел Биндшен, Џенифер Лопес, Моника Белучи, Пенелопе Круз, Анџелина Џоли и многу други.[2]
Развој на компанијата
уредиПочетоци
уредиОсновачите на оваа модна куќа се сретнале во Милано во 1980 година, каде дизајнирале за иста модна куќа. Во 1982 година, основале студио за дизајнерски совети, кое подоцна прераснало во „Долче & Габана“.[3] Првата колекција за жени ја претставиле во 1985 година[4] во Милано на „Модна недела“. Долче и Габана немале доволно пари да ги платат манекенките, и за првата ревија побарале помош од пријателите, а како завеса на подиумот, Долче од дома донел чаршав за кревет.[5] Продажбата на првата колекција не одела добро, и во еден момент Габана сакал да се откаже. Семејството на Долче понудило финансии како помош за плаќање на трошоците при изработка на втората колекција.[6]
Колекции од 1980-ти и 1990-ти години
уредиВо 1986 година се појавила нивната наредна колекција, и истата година ја отвориле својата прва продавница.[7] Облеката од оваа колекција имала инструкции за тоа како може да се носи на седум различни начини.
Во 1988 година, ја претставиле линијата „леотар“ (облека во еден дел од растеглив материјал), а во 1989 година започнале со создавање на долна облека и костуми за капење. Долче и Габана започнале со извоз во Јапонија и во други земји, меѓу кои САД, каде основале свој изложбен салон во 1990 година. Во 1992 година, започнале со облека за мажи, а истата година го промовирале својот прв парфем „Долче & Габана“.
Активности во 2000-те години
уредиДолче и Габана соработувале со Мадона, односно ги создале нејзините костуми за настапите на нејзините турнеи во 2001 година.[8] Исто така создале костуми за настапите на Миси Елиот, Бијонсе и Мери Џеј Блајџ.[8][9]
До крајот на 1990-те години, приходите на компанијата изнесувале околу 500 милиони долари, а во 2003 година околу 633 милиони долари. Во 2005 година, приходите на компанијата изнесувале 600 милиони евра.[10]
Награди и признанија
уредиВо 1991 година ја освоиле наградата „Вулмарк“ за машката колекција,[11] а во 1993 година наградата „Најженствен мирис на годината“ за нивниот парфем „Долче & Габана“. Во 1996 година ја освоиле наградата „Оскар а парфеми“ која ја доделува француската Академија на парфеми.
Во филмската индустрија Долче и Габана се појавиле во 1995 година, во италијански филм каде биле статисти, а потоа и во филм од 2009 година.[12] Како стилисти работеле на музичкото видео All You Need Is Now на групата Дуран Дуран.[13]
Во 1999 година, Долче и Габана биле гости во Шоуто на Опра Винфри заедно со пејачката Витни Хјустон.[14]
Критики
уредиДолче и Габана биле јавно критикувани во јануари 2007 од британската организација „Стандарди при рекламирање“, за марктинг кампањата во која манекените се маскирани како ножеви.
Во февруари 2007 година, Долче и Габана во Шпанија заочнале со маркетинг кампања со постер на кој маж држи жена за нејзините нозе, а околу стојат други мажи кои гледаат. Министерството за труд и социјална политика на Шпанија ја забранило оваа кампања со образложение дека е навредлива за жените, и дека позицијата на моделите на сликата нема допирни точки со производите кои се рекламираат.[15] Италијанските списанија го следеле примерот, и ја забраниле рекламата, која ја нарекле „славење на силувањето“.[16]
Седум години подоцна, Кели Кутрон, позната модна публицистка, го споменала овој рекламен постер на својот твитер, со забелешката дека сликата изгледа како групно силување.
На 5 јануари 2012 година, на жителите на Хонгконг им било забрането да ги фотографираат излозите на двете продавници на Долче & Габана, поради тоа што, како што било кажано, површината на тротоарот била приватна сопственост каде фотографијата била забранета.[17] Забраната предизвикала протести кои траеле неколку дена и кои добиле меѓународно внимание.[18][19][20][21]
Во интервју од 16 март 2015 година за италијанското списание „Панорама“, Стефано Габана и Доменико Долче изјавиле дека се против посвојување на деца од страна на хомосексуални парови, како и дека се против оплодување „ин витро“ и сурогат мајчинство, изјавувајќи дека единственото семејство е традиционалното, и единствените потомци се оние кои се родени по природен пат.[22] Критиките на овие нивни ставови отишле дотаму што на друштвените медиуми се појавил хаштаг #BoycottDolceGabbana кој за пет дена на Твитер имал 30.000 твитови. Славни личности како Мадона, Елтон Џон, Викторија Бекам, Рики Мартин, Мартина Навратилова и други објавувале лути коментари.
Повеќе од 10.000 лица потпишале петиција објавена на интернет со цел да не се продаваат низ други продавници производите на Долче & Габана, сè додека двајцата сопственици не ги повлечат изјавите и не се извинат јавно. Долче и Габана бојкотот на нивните производи го нарекле „средновековен“, па повикале да се бојкотира Елтон Џон со хаштагот #BoycottEltonJohn, но немало повеќе од 1.500 твитови.[23] Подоцна за време на интервју за Си-Ен-Ен, Долче изјавил дека сè поддржуваат.[24][25]
Наводи
уреди- ↑ „Dolce & Gabbana“ (италијански). Dizionario di Economia e Finanza – Enciclopedia italiana.
- ↑ La Moda Italiana: La Dolce & Gabbana vita
- ↑ Nast, Condé (2005-03-07). „Hands and Eyes“. The New Yorker (англиски). Посетено на 2022-01-30.
- ↑ Givhan, Robin (2 April 2012). „Ob-la-di, Ob-la-da, Bras Go On“. Newsweek.
- ↑ Stefanie Blendis and Gisella Deputato (21 July 2012). „Dolce & Gabbana: Fashion's golden duo“. CNN International. Архивирано од изворникот на 2021-02-06.
- ↑ John Seabrook (14 March 2005). „Hands and Eyes: When Dolce met Gabbana“. The New Yorker.
- ↑ Brenda Polan and Roger Trendre (2009). The Great Fashion Designers. Berg. стр. 206.
- ↑ 8,0 8,1 „Dolce & Gabbana“. Vogue. Архивирано од изворникот на 2014-07-23.
- ↑ Carrie Bornillo-Vrenna (2008). Cherry Bomb: The Ultimate Guide to Becoming a Better Flirt, a Tougher Chick, and a Hotter Girlfriend—and to Living Life Like a Rock Star. Simon & Schuster. стр. 55.
- ↑ „Who's Who – Dolce & Gabbana Biography“. Vogue.com UK. Архивирано од изворникот на 7 септември 2008.
- ↑ „Domenico Dolce & Stefano Gabbana are part of the BoF 500“. The Business of Fashion (англиски). Посетено на 2022-01-30.
- ↑ Angela Bottolph (3 December 2009). „Dolce & Gabbana turn film stars!“. Grazia Daily. Посетено на 29 May 2012.
- ↑ Lauren Milligan (13 June 2011). „Supermodel Summit“. Vogue.
- ↑ Britt Aboutaleb (13 February 2012). „Looking Back at Whitney Houston“. Elle.[мртва врска]
- ↑ „Dolce & Gabbana angry at advertising campaign controversy in Spain“. Euskal Irrati Telebista. 23 February 2007.
- ↑ „The Most Controversial Ads in Fashion History“. Архивирано од изворникот на 2010-11-23.
- ↑ 梁御和、盧勁業、伍雅謙 (5 January 2012). „擅禁途人拍照 玷污購物天堂 名店惡霸 D&G“ [D&G the Tyrannical Luxury Shop Unpermittedly Forbids By-passers to Take Photos, "Shoppers' Paradise" Ashamed]. Apple Daily (кинески). Hong Kong. Архивирано од изворникот на 2012-01-11.
- ↑ „Protest at Dolce and Gabbana store in Hong Kong follows alleged ban on photography“. News Limited Australia. 8 January 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-09. Посетено на 8 January 2012.
- ↑ „Hundreds protest D&G photo 'ban' in Hong Kong“. The Sunday Times. UK. 8 January 2012. Посетено на 8 January 2012.
- ↑ „One thousand protest Dolce & Gabbana Hong Kong store over photo ban“. The Daily Telegraph. UK. 9 January 2012. Посетено на 9 January 2012.
- ↑ „Dolce & Gabbana Photo Ban Sparks Protest“. The Wall Street Journal. 9 January 2012. Посетено на 9 January 2012.
- ↑ „Figli e famiglia, la verità di Dolce e Gabbana“. Panorama.
- ↑ „Dolce and Gabbana say 'Boycott Elton John'“. BBC News. 16 March 2015.
- ↑ Madison Park, Anna Coren (18 March 2015). „CNN Exclusive: Dolce & Gabbana: We don't judge on IVF“. CNN.
- ↑ Wareing, Charlotte (18 March 2015). „Dolce & Gabbana slam boycott campaign over IVF and adoption row as 'medieval'“. Daily Mirror. Посетено на 26 March 2015.