Till the World Ends
„Till the World Ends“ е песна од америкаската пејачка Бритни Спирс. Издадена е како седмиот сингл од нејзиниот втор студиски албум Femme Fatale. „Till the World Ends“ е напишана од Луказ Готвалд, Макс Мартин, Александер Кронлунд и Кеша Себерт, а продуцирана од Готвалд, Мартин и Билборд. Главната инспирација за песната дошла од замислувањето на Кеша како Спирс и другите женски артисти одржуваат турнеи низ светот. „Till the World Ends“ протекла на интернет на 3 март 2011 и била дигитално издадена следниот ден. Песната е компонирана како забрзана електропоп и денс-поп песна со електро ритам и рефрен во кој Спирс пее за крајот на светот. „Till the World Ends“ добила позитивни критики од критичарите кои а нарекле добра песна за танц и го пофалиле нејзиниот звук.
„Till the World Ends“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бритни Спирс | |||||
од албумот Femme Fatale | |||||
Издаден | 4 март 2011 | ||||
Текстописец | Луказ Готвалд, Макс Мартин, Александер Кронлунд, Кеша Себерт | ||||
Формат | ЦД сингл, спуштање | ||||
Снимен | Conway Studios, Лос Анџелес | ||||
Жанр | Електропоп, денс-поп | ||||
Должина | 3:58 | ||||
Издавачка куќа | Jive | ||||
Продуцент | Луказ Готвалд, Макс Мартин, Билборд | ||||
Хронологија на синглови на Бритни Спирс | |||||
|
Боливуд ремикс на „Till the World Ends“ бил направен од индиското музичко продуцентско дуо Салим и Сулејман Мерчант. The Femme Fatale Ремиксот на песната, содржи вокали од Ники Минаж и Кеша и бил издаден на 25 април 2011. Ремиксот содржи рап од Минаж во почетокот, нови вокали од Кеша и дебстеп краен дел. The Femme Fatale Ремиксот добил помешани оценки од критичарите; некои ја пофалиле разновидноста и рапот на Минаж, додека другите ги критикувале вокалите на Кеша. „Till the World Ends“ станала голем комерцијален успех влегувајќи меѓу првите десет места во шеснаесет земји вклучувајќи ги Австралија, Канада, Франција, Нов Зеланд и САД. The Femme Fatale Ремиксот го довел синглот во првите пет места на табелите во Канада и САД.
Музичкото видео за песната било издадено на 6 април 2011. Режирано од Реј Кеј, видеото ја прикажува Спирс на подземна забава на 21 декември 2012. Критичарите забележале сличности со музичкото видео за „I'm a Slave 4 U“ (2001) и дале позитивни критики. Кореографскиот исечок бил издаден на 15 април 2011. Спирс ја извела „Till the World Ends“ на телевизиските емисии Good Morning America и Jimmy Kimmel Live!. Друг настап заедно до Минаж бил изведен на Билборд Музичките Награди од 2011. Таа исто така ја изведувала песната на нејзината турнеја, Femme Fatale Tour (2011).
Заднина
уредиВо интервју со Spin на 11 февруари 2011, Кеша изјавила дека помогнала во пишување на песна заедно со Д-р Лук и Макс Мартин наречена „Till the World Ends“ за Femme Fatale. Таа објаснила дека песната била инспирирана од „мојата замисла како [Спирс] и која било друга женска музичарка одржува турнеи низ светот“, дополнувајќи дека „кога ќе излезете [sic] надвор и имате чудесна, магична ноќ и не сакате да одите на спиење и сакате да трае до крајот на светот.“[1] На 2 март 2011, омотот на синглот на кој Спирс седи на кауч во џемпер и потпетици, бил испратен до Deezer.com. Ова било проследено со краток дел од 30 секунди на песната кој се појавил на Amazon.de.[2] „Till the World Ends“ протекла на интернет на 3 март 2011 што ја натерало Спирс да напише на нејзиниот профил на Твитер, „Изгледа дека мачката е надвор од чантата...“[3][4] Таа формално го прикажала синглот на On Air with Ryan Seacrest, на 4 март 2011, во 10:00 Источна часовен појас (15:00 Координирано универзално време).[5] „Till the World Ends“ бил овозможен на iTunes истиот ден, неколку дена пред оригиналниот датум.[6] По прикажувањето, Кеша зборувала со MTV Вестите изјавувајќи „Јас се сметам себеси за текстописец пред и после сè, па затоа ми беше чест за пишувам за една од најголемите икони во поп-музиката.“[7] За време на интервју со Сикрест, Спирс ја опишала „Till the World Ends“ како „забавна. Ја сакам. Има добра енергија. [...] Јас сум личност за песни со добра ритам и мислам дека ги сакам песните за добро расположение, а ако некоја песна ме орасположува тогаш е добра за мене.“[8]
Табели и сертификации
уредиТабели
уредиТабела (2011) | Највисока позиција |
---|---|
Австралија (ARIA)[9] | 8 |
Австрија (Ö3 Austria Top 75)[10] | 43 |
Белгија (Ultratop 50 Фландрија)[11] | 12 |
Белгија (Ultratop 40 Валонија)[12] | 6 |
Канада (Канадски Хот 100)[13] | 4 |
Чешка (IFPI)[14] | 19 |
Данска (Tracklisten)[15] | 7 |
Финска (Suomen virallinen lista)[16] | 6 |
Франција (SNEP)[17] | 8 |
Германија (Media Control AG)[18] | 27 |
Грција (Billboard Greek Airplay)[19] | 18 |
Ирска (IRMA)[20] | 7 |
Италија (FIMI)[21] | 30 |
Холандија (Мега Сингл Топ 100)[22] | 29 |
Нов Зеланд (RIANZ)[23] | 10 |
Норвешка (VG-lista)[24] | 2 |
Полска (ZPAV)[25] | 1 |
Русија (Top Hit 100)[26] | 1 |
Словачка (IFPI)[27] | 8 |
Јужна Кореја (GAON) (International Chart)[28] | 1 |
Шпанија (PROMUSICAE)[29] | 11 |
Шведска (Sverigetopplistan)[30] | 4 |
Швајцарија (Media Control AG)[31] | 7 |
Британски Синглови (The Official Charts Company)[32] | 21 |
САД Билборд Хот 100[33] | 3 |
САД Хот Денс Клуб Песни (Билборд)[34] | 1 |
САД Латински Поп Песни (Билборд)[35] | 27 |
САД Поп Песни (Билборд)[33] | 4 |
Наводи
уреди- ↑ O'Donnell, Kevin (February 11, 2011). „Ke$ha talks US Tour: 'It's an Epic Dance Party'“. Spin. Spin Media LLC. Посетено на March 3, 2011.
- ↑ Vena, Jocelyn (March 3, 2011). „Britney Spears May Release Ke$ha-Penned Track As Next Single“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-03-05. Посетено на March 3, 2011.
- ↑ Vena, Jocelyn (March 3, 2011). „Britney Spears' 'Till The World Ends' Hits Web“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-03-05. Посетено на March 3, 2011.
- ↑ Lipshutz, Jason (March 3, 2011). „Britney Spears' 'Till the World Ends' Leaks Online: Listen“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на March 3, 2011.
- ↑ Staff reporter, Cassie (March 3, 2011). „Press Release: New Song Titled "Till the World Ends" & Femme Fatale Tracklisting“. BritneySpears.com. Архивирано од изворникот на 2011-03-08. Посетено на March 3, 2011.
- ↑ Collett-White, Mike; Casciato, Paul (March 4, 2011). „Britney single 'leaks'“. Toronto Sun. Sun Media. Посетено на March 4, 2011.[мртва врска]
- ↑ Carter, Kelley L.; Vena, Jocelyn (March 3, 2011). „Exclusive: Ke$ha Talks Writing Britney Spears' 'Till The World Ends'“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-03-05. Посетено на March 3, 2011.
- ↑ Vena, Jocelyn (March 3, 2011). „Britney Spears Says 'Till The World Ends' Has 'Good Energy'“. MTV. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-03-05. Посетено на March 3, 2011.
- ↑ „Top 50 Singles Chart – 25/4/2011“. Australian Recording Industry Association. April 25, 2011. Посетено на April 24, 2011.
- ↑ „Top 75 Singles“. austriancharts.at. May 2011. Посетено на May 17, 2011.
- ↑ "Ultratop.be – Britney Spears – Till the World Ends" (на холандски). Ultratop 50. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved April 15, 2011.
- ↑ "Ultratop.be – Britney Spears – Till the World Ends" (на француски). Ultratop 40. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved April 15, 2011.
- ↑ "Spears?f=793&g=Singles Britney Spears Album & Song Chart History" Canadian Hot 100 for Britney Spears. Prometheus Global Media.
- ↑ "ČNS IFPI" (на чешки). Hitparáda – Radio Top100 Oficiální. IFPI Czech Republic. Note: insert 201116 into search. Retrieved April 26, 2011.
- ↑ "Danishcharts.com – Britney Spears – Till the World Ends". Tracklisten. Hung Medien. Retrieved May 10, 2011.
- ↑ "Finnishcharts.com – Britney Spears – Till the World Ends". Suomen virallinen lista. Hung Medien. Retrieved March 21, 2011.
- ↑ "Lescharts.com – Britney Spears – Till the World Ends" (на француски). Les classement single. Hung Medien. Retrieved March 14, 2011.
- ↑ "Die ganze Musik im Internet: Charts, News, Neuerscheinungen, Tickets, Genres, Genresuche, Genrelexikon, Künstler-Suche, Musik-Suche, Track-Suche, Ticket-Suche - musicline.de" (на германски). Media Control Charts. PhonoNet GmbH.
- ↑ „Billboard Greek Airplay Charts: Εβδομάδα: 5 мај 2011 έως 12 мај 2011“. Billboard (грчки). IFPI Greece. May 17, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-19. Посетено на May 17, 2011.
- ↑ "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK. Retrieved March 11, 2011.
- ↑ „Classifica italian FIMI del 18 април 2011“. Federation of the Italian Music Industry. Sony BMG Italy. Посетено на May 1, 2011.
- ↑ "Dutchcharts.nl – Britney Spears – Till the World Ends" (на холандски). Mega Single Top 100. Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved March 11, 2011.
- ↑ „Chart #1746 – Monday 14 March 2011: Top 40 Singles Chart“. Recording Industry Association of New Zealand. March 14, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на March 15, 2011.
- ↑ "Norwegiancharts.com – Britney Spears – Till the World Ends". VG-lista. Hung Medien. Retrieved March 18, 2011.
- ↑ „архивски примерок“. Polish Music Charts. Архивирано од Top5 Airplay, see: "przejdź do archiwum" > "26 март – 1 април 2011" изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2011-04-09. Посетено на April 9, 2011. - ↑ „Britney Spears - Till The World Ends“. Tophit 100. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на July 28, 2011.
- ↑ „Top 100 Radio“. IFPI Slovakia. May 17, 2011. Посетено на May 17, 2011.
- ↑ :: 가온차트와 함께하세요 ::. Gaonchart.co.kr. Посетено на 2011 мај 14.
- ↑ "Spanishcharts.com – Britney Spears – Till the World Ends" Canciones Top 50. Hung Medien.
- ↑ „Veckolista Singlar – Vecka 11, 18 mars 2011“. Sverigetopplistan (шведски). GLF. Архивирано од изворникот на 2012-06-08. Посетено на March 20, 2011.
- ↑ "Britney Spears – Till the World Ends swisscharts.com". Swiss Singles Chart. Hung Medien. Retrieved May 3, 2011.
- ↑ "април 24 Archive Chart" UK Singles Chart. The Official Charts Company. Retrieved May 17, 2011.
- ↑ 33,0 33,1 Trust, Gary (April 13, 2011). „Katy Perry Takes Third Week Atop Hot 100 with Airplay Boost“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на April 13, 2011.
- ↑ „Chart Highlights: Dance/Club Play, Country Songs & More“. Billboard. Prometheus Global Media. April 25, 2011. Посетено на April 25, 2011.
- ↑ „Till the World Ends – Britney Spears“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на May 18, 2011.