Femme Fatale (албум на Бритни Спирс)
Femme Fatale е седми студиски албум од американската поп пејачка Бритни Спирс, издаден на 25 март 2011 од Jive Records. Албумот е снимен во текот од 2009 до 2011 година. Спирс на албумот соработувала со Max Martin и Dr. Luke кои биле ексклузивни продуцери. Бритни на 2 февруари преку нејзиниот twitter акаунт објавила дека Femme Fatale е насловот на наредниот албум. Femme Fatale има добиено претежно добри критики. Албумот се искачил на прво место во САД со што станал шестиот број-еден албум на Спирс во државата со 276,000 продажби. Интернационално, албумот се искачил меѓу топ десет во дваесетина држави.
„Femme Fatale“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Бритни Спирс | ||||
Издаден | 25 март 2011 | |||
Жанр | поп денс | |||
Издавачка куќа | Jive Records | |||
Бритни Спирс — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Femme Fatale | ||||
|
"Hold It Against Me" е издаден како водечка песна на албумот и се има искачено во првите топ места во седум држави, вклучувајќи ги САД и Канада. Вториот сингл на албумот, Till The World Ends, достигна прво место во Северна Кoреа, Полска и Русија, во САД достигна трето место и го достигна својот максимум во топ 10 во шеснаесет држави низ целиот свет. Постана најдобра песна на US радио во нејзина цера кариера.