Kill 'Em All е албумот за кој се смета дека го дефинира вистинското значење на поимот треш метал. Снимен и издаден во 1983 година, овој албум е првиот во низата албуми по кои обожавателите ја препознаваат Metallica. Има брз и моќен звук, а музичката критика го смета за еден од највлијателните треш / спид метал албуми на сите времиња. Во САД се продадени околу 3 милиони копии од албумот, додека на светско ниво не повеќе од 5 милиони.

„Kill 'Em All“
Студиски албум од Metallica
Издаденјули 25 1983 (1983-07-25)
Снименмај 10–27, 1983 во Music America Studios, Рохчестер, Њујорк
ЖанрТреш метал, спид метал
Траење51:15
Издавачка куќаМегафорс, Електра
ПродуцентПол Курцио, Џони Зазула
Metallica — Хронологија
Kill 'Em All
(1983)
Ride the Lightning
(1984)
Издадени песни од Kill 'Em All
  1. "Whiplash"
    Издадена: август 8 1983 (1983-08-08)
  2. "Jump in the Fire"
    Издадена: јануари 20 1984 (1984-01-20)
  3. "Seek & Destroy"
    Издадена: јули 16 1984 (1984-07-16)
Винил изданието на синглот „Whiplash“
Винил изданието на синглот „Jump in the Fire“

Песни на албумот

уреди
Hit the Lights

„Hit the Lights“ е првата песна која ја имаат снимено Металика. Џејмс Хетфилд го напишал текстот додека бил во неговиот претходен бенд Leather Charm, а заедно со Ларс Улрих ја искомпонирале музиката. Оваа нумера може да се најде на нивното прво демо No Life 'Til Leather. Песната е посветена на нивните обожаватели, а во неа се пее за лудилото за време на нивните вечерни свирки по клубови. Позната е како една од поизведуваните нумери во живо од овој албум, и обично ја свират како прва на концертите.[1]

The Four Horsemen

Како што се забележува од насловот, во текстот за работи за Четворицата Јавачи на Апокалипсата. Меѓутоа, некои тврдат дека Металика самите себеси се нарекуваат со тоа име. Се кажува за тоа што ќе ги снајде грешниците и неверниците кога јавачите ќе се појават на Земјата. Песната е во оригинално авторство на Дејв Мастејн, но по неговото исфрлање од бендот Хетфилд и Улрих целосно ја преработиле песната. Првично, текстот на Мастејн говорел за неговите сексуални фантазии на бензинска пумпа, но Хетфилд го сменил и вметнал двоминутно мелодиско соло на гитара, кое речиси никогаш не го свират во живо. Оригиналната песна под насловот „Mechanix“ се наоѓа на првиот албум на Мегадет, Killing Is My Business... and Business Is Good!.[2]

Motorbreath

Песнава фигурира како единствена во целокупната дискографија на Металика каде што сите авторски заслуги му се доделени на Хетфилд. Ова воедно е и најкратката песна на Металика воопшто, а и една од омилените на Хетфилд. Често е изведувана на концертите, а во неа се кажува за брзиот живот и немање страв и грижа од опасностите кои нѐ следат.[3]

Jump in the Fire

И оваа нумера е во авторство на Мастејн, со тема слична на онаа во Mechanix. Во оригиналниот текст се говорело за тинејџерските сексуални фрустрации, но во конечната верзија која се нашла на албумот се зборува за тоа како ѓаволот ги наведува луѓето да си вршат зло едни на други. Со рефренот Скокај во огнот, Сатаната ги повикува грешниците да го сторат убиството, а потоа да горат во пеколот.[4]

(Anesthesia) Pulling Teeth

Анестезија е бас солажа на Клиф Бартон, придружена со тапани од Ларс Улрих кои се вклучуваат по втората минута. На почетокот на песната, Бартон вели Бас соло, упаѓај, со цел да му каже на слушателот што да очекува. Оваа инструменталка е класичен пример за виртуозното музицирање на покојниот Бартон, кое се одликува со тешка неусогласеност помеѓу басот и останатите гитари и истакнувањето на бас гитарата пред другите две електрични гитари.[5]

Whiplash

Whiplash беше првиот сингл издаден од ова ЦД, чии автори се Хетфилд и Улрих. Многу бендови направиле свои верзии на оваа песна, меѓу кои најпознати се оние на Моторхед и Пантера. Преку агресивното темпо и динамичен ритам се раскажува за хеви метал културата и нејзините обожаватели. Највпечатлив е стихот Никогаш нема да запреме, никогаш нема да прекинеме зашто ние сме Металика. Слушателите ја сметаат за песната со најдобри рифови на овој албум.[6]

Phantom Lord

Третата композиција со придонеси од Мастејн, кој пишува за митското суштество со име Фантомски Господар. Тој е непобедлив во битките и покорил многу силни војски. Неговата доминација и власт никогаш не биле доведени под прашање, а оние кои нема да се покорат на неговата волја ги очекувала смртна казна. Уште еден бенд од „големата треш четворка“ - Антракс ја имаат преработено песнава и вклучено еден од нивните студиски албуми.[7]

No Remorse

Иако не се нашла на првото демо на Металика, оваа песна влегла во конечниот избор на композиции за деби-албумот. Нејзината тема е уникатна и поразлична од сите други на оваа плоча. Имено, станува збор за безмилосен воен конфликт кој води до истребување на човечката раса. Некој не понел одговорност за последиците, а пролеаната крв само го храни монструмот наречен војна. Со ова, Металика започнале една традиција, т.е. на секој нивни албум да имаат по една песна која обработува воена тематика.[8]

Seek & Destroy

„Seek & Destroy“ од нејзиното појавување, по до ден денес станала неизбежна песна за заокружување на настапите во живо на Металика. Без разлика што се свири во побавно темпо, интересен е текстот кој опишува како градовите кои ги посетуваат Металика за време на нивната турнеја буквално се распаѓаат од бучната и гласна музика која тие ја изведуваат. Насловот Трагај и уништи воедно е и рефрен, со кој се дава наредба да се разнесе сè што е непријателско.[9]

Metal Militia

Петминутна композиција за крај на албумот. Песната е ултра-брза, со тематика својствена за екстемниот метал. Металика се „метал милиција“, која ја шири пораката низ светот за нивната супериорност, додека земјите изчезнуваат поради одмаздата на боговите. Сите грешници сега молат за простување на нивните престапи, додека метал милицијата опремена со кожени униформи и метал ги казнува сите оние кои смета дека заслужиле. Упатува и порака дека сите оние кои нема да паднат на колена пред нив ги чека иста судбина како останатите нивни жртви. При крајот на песната јасно се слушаат невреме и громови во позадина.[10]

Список на песни

уреди

Автор на сите текстови е Џејмс Хетфилд.

Бр. НасловМузика Траење
1. „Hit the Lights“  Хетфилд, Улрих 4:16
2. The Four Horsemen“  Хетфилд, Улрих, Мастејн 7:13
3. „Motorbreath“  Хетфилд 3:08
4. Jump in the Fire“  Хетфилд, Улрих, Мастејн 4:41
5. „(Anesthesia) - Pulling Teeth“ (инструментална)Бартон 4:15
6. Whiplash“  Хетфилд, Улрих 4:10
7. „Phantom Lord“  Хетфилд, Улрих, Мастејн 5:02
8. „No Remorse“  Хетфилд, Улрих 6:26
9. Seek & Destroy“  Хетфилд, Улрих 6:55
10. „Metal Militia“  Хетфилд, Улрих, Мастејн 5:09
Вк. траење:
51:15

Персонал

уреди
Металика
Технички персонал
  • Пол Курцио, Џон Зазула – продуценти
  • Крис Бубах – аудио инженер
  • Алекс Перијалис, Боб Лудвиг (на сите нумери) – аудио микс
  • Џорџ Марино – ремикс
  • Енди Вроболевски – асистент продуцент

Наводи

уреди
  1. „Invisible Oranges - Појаснување на „Hit the Lights" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2012-09-10.
  2. „Invisible Oranges - Појаснување на „The Four Horsemen" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-25. Посетено на 2012-09-10.
  3. „Invisible Oranges - Појаснување на „Motorbreath" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2012-09-10.
  4. „Invisible Oranges - Појаснување на „Jump in the Fire" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-06-04. Посетено на 2012-09-10.
  5. „Invisible Oranges - Појаснување на „(Anesthesia) Pulling Teeth" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-25. Посетено на 2012-09-10.
  6. „Invisible Oranges - Појаснување на „Whiplash" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2012-09-10.
  7. „Invisible Oranges - Појаснување на „Phantom Lord" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2012-09-10.
  8. „Invisible Oranges - Појаснување на „No Remorse" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2012-09-10.
  9. „Invisible Oranges - Појаснување на „Seek & Destroy" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-23. Посетено на 2012-09-11.
  10. „Invisible Oranges - Појаснување на „Metal Militia" од Металика“. Архивирано од изворникот на 2012-03-25. Посетено на 2012-09-11.
  11. Kaufman, Gil (2006-06-26). „Metallica Put Catalog On iTunes — Quietly“. MTV. Архивирано од изворникот на 2019-09-11. Посетено на 2012-04-11.