Меркат

(Пренасочено од Suricata)
Меркат
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Месојади
Семејство: Мунгоси
Род: Меркати
Демаре, 1804
Вид: Меркат
Научен назив
Suricata suricatta
(Шребер, 1776)
Област на распостранетост на меркатите

Меркат или сурикат (науч. Suricata suricatta) — мал месојад припадник на семејството на мунгоси (науч. Herpestidae). Станува збор за единствениот член на родот Suricata.[2] Меркатите можат да се забележат во пустината Калахари во Боцвана, во дел од пустината Намиб во Намибија и југозападна Ангола, и во Јужна Африка. Група од меркати се нарекува „толпа“, „банда“ или „клан“. Еден клан на меркати може да има околу 20 меркати, но некои натсемејства може да имаат и над 50 членови. Во заробенитво, меркатите имаат просечен животен век од 12-14 години, или пак половина од тоа во дивината.

Овие животни можат да се видат во Зоо Скопје.[3] и Зоо Битола[4].

Потекло на поимот

уреди

„Меркат“ е позајмен збор од Африканс.[5] Името има холандско потекло, но има друго значење. Во холанскиот јазик, меркат означува гвенон, мајмун член на родот гвенони.[6] Зборот меркат на холандски означува „налик мачка“, но иако меркатот е припадник на мачковидните животни, не е припадник на семејството на мачки;[7] холандскиот збор најверојатно има потекло од санскритскиот марката मर्कट = „примат“,[8] кој бил внесен во употреба од инсиски морнар на брод на Холандската источноиндиска компанија.[9]

Таксономија

уреди
 
Меркат во Зоо Скопје.

Во 1776 година, Јохан Кристијан Даниел фон Шребер опишал меркат од 'Ртот на Добрата Надеж, давајќи му го научното име Viverra suricatta.[10] Родното име Suricata било предложено од Анселм Гаетан Демаре во 1804 година, кој исто така опишал зоолошки примерок од 'Ртот на добрата надеж.[11] Сегашното научно име Suricata suricatta првпат го користеле Олдфилд Томас и Харолд Шван во 1905 година кога опишале примерок собран во Вакерстром. Тие посочиле дека имало четири месни трки со меркати во Кејп и Делфонтајн, Греамстаун, Орањовата Колонија и јужна Трансвал и Клипфонтајн, редоследно.[12] Неколку зоолошки примероци биле опишани помеѓу крајот на 18 и 20 век, од кои три се признаваат како валидни подвидови:[13][14]

  • S. s. suricatta (Шребер, 1776) се појавува во јужна Намибија, јужна Боцвана и Јужна Африка.
  • S. s. majoriae (Брадфилд, 1936) се појавува во средна и северозападна Намибија.[15]
  • S. s. iona (Крафорд-Кабрал, 1971) се појавува во југозападна Ангола.[16]

Анатомија

уреди
 
Череп и заби, нацртани од страна на Жерве' Природна историја на цицачите

Меркатот е мал дневен мунгос[17] со просечна тежина од 0,5 до 2,5 кг.[18][19] Неговото долго слабо тело и екстремитети му даваат должина од 35 до 50 см и истите имаат опашка со должина од 25 см.[20] Меркатот ја користи својата опашка за да одржи рамнотежа додека стои исправено, како и при сигнализирање.[21] Нивното лице е шилесто, завршувајќи со врв на кој е носот, со кафена боја. Околу очите секогаш има црни делови, и имаат мали уши во облик на полумесечина.[22] Како и мачките, меркатите имаат бинокуларен вид, бидејќи очите им се напред на лицето.[23]

На крајот на „прстите“ има канџа кој ги користат за копање на дувлата како и при потрага на плен.[20] Канџите исто така се користат за искачување на дрвја. Меркатите имаат четири прсти на секое стапало и долги слабникави екстремитети. Крзното е вообичаено сивкаво, жолтеникаво, или кафено-сребреникаво.[22] Тие имаат куси напоредни шари на нивните грбови, кои се протегаат од почетокот на опашката па сè до вратот.[21] Овие шари се ралични кај секој меркат. Во долниот дел од телото немаат ознаки, но на стомакот имаат дел кој е делумно покриен со крно и може да се забележи црната кожа под крзното. Меркатот го користи овој дел од телото за да насобере топлина кога стои исправен на задните нозе, вообичаено рано наутро по студените пустински ноќи.[24]

Исхрана и потрага по храна

уреди
 
Меркат кој убива слоновска ровчица, нацртано од страна на Брем во Животот на животните
 
Меркат во потрага по инсекти
 
Меркат кој се храни со жаба

Меркатите претежно се инсектојади, но се хранат и со други животни како (гуштери, змии, скорпии, пајаци, јајца, мали цицачи, двојноноги, стоногалки и многу поретко со птици), растенија и печурки (пустински тартуфи калахаритубер[25]). Меркатите се имуни на одредени видови на отрови, меѓу кои и на отровот на скорпионите во пустината Калахари.[26]

Меркатите ловоат во група при што имаат назначен еден „чувар“ кој внимава на грабливците, додека останатите се во потрага на храна. Должноста на чуварот вообичаено трае еден час. Меркатот може да ископа песок со зафатнина еднаква на неговата тежина за многу кус период.[27] Малечките на меркатите не тргнуваат во потрага по храна сè додека не наполнат еден месец, и кога се во потрага на храна го следат постариот член на групата, кој воедно им е и учител за потрага на храна.[28] Меркатот кој чува стража испушта пискави звуци кога се е во ред.[29]

Грабливци

уреди

Животни кои се хранат со меркати се на пример боевите орли, каменестите орли и чакалите.[30] Меркатите понекогаш можат да починат и кога се каснати од змија при судирите со змиите во дивината (надувалки и капските кобри).[31]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Suricata suricatta. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 22 March 2009. Database entry includes a brief justification of why this species is of least concern.
  2. Wilson, D.E.; Reeder, D.M., уред. (2005). Suricata. Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference (3rd. изд.). Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494.
  3. С.Ј. (28 декември 2010). „Зоолошката градина со нови станари“. Нова Македонија. Посетено на 7 септември 2015.
  4. „Карта на Зоо Битола“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 7 септември 2015.
  5. Durkin, Philip (2014). Borrowed Words: A History of Loanwords in English. OUP Oxford. стр. 359. ISBN 978-0-19-166707-7.
  6. Aertsen, Henk; Jeffers, Robert J. (1993). Historical Linguistics 1989: Papers from the 9th International Conference on Historical Linguistics, New Brunswick, 14–18 August 1989. John Benjamins Publishing Company. стр. 315. ISBN 978-90-272-7705-3.
  7. New International Encyclopedia. Dodd, Mead. 1916. стр. 348.
  8. Harper, Douglas. „meerkat“. Online Etymology Dictionary.
  9. Mitrani, Judith L. (2014). Psychoanalytic Technique and Theory: Taking the Transference. Karnac Books. стр. 192. ISBN 978-1-78220-162-5.
  10. Schreber, J. C. D. (1776). Viverra suricata. Die Säugethiere in Abbildungen nach der Natur, mit Beschreibungen [The Mammals in Illustrations according to Nature, with Descriptions] (германски). Erlangen: Expedition des Schreber'schen Säugthier- und des Esper'schen Schmetterlingswerkes. стр. CVII.
  11. Desmarest, A. G. (1804). „Genre Surikate, Suricata Nob.“. Во Deterville, J. F. P. (уред.). Nouveau dictionnaire d'histoire naturelle appliquée aux arts : principalement à l'agriculture et à l'économie rurale et domestique. 24. Париз: Deterville. стр. 15.
  12. Thomas, O.; Schwann, H. (1905). „The Rudd exploration of South Africa.—II. List of mammals from the Wakkerstroom district, south-eastern Transvaal“. Proceedings of the Zoological Society of London. 75 (1): 129–138. doi:10.1111/j.1469-7998.1905.tb08370.x. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  13. Van Staaden, M. J. (1994). Suricata suricatta (PDF). Mammalian Species (483): 1–8. doi:10.2307/3504085. JSTOR 3504085. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 март 2016.
  14. Macdonald, D. W. (20 ноември 2014). [[[:Предлошка:Google Books]] „Suricata suricatta Meerkat (Suricate)“] Проверете ја вредноста |chapter-url= (help). Во Kingdon, J.; Happold, D.; Hoffmann, M.; Butynski, T.; Happold, M.; Kalina, J. (уред.). Mammals of Africa. V – Carnivores, Pangolins, Equids and Rhinoceroses. Bloomsbury. стр. 347–352. ISBN 978-1-4081-8994-8.
  15. Bradfield, R.D. (1936). „Description of new races of Kalahari birds and mammals“. The Auk. 53 (1): 131–132. JSTOR 4077422.
  16. Crawford-Cabral, J. (1971). „A Suricata do Iona, subspécie nova“ [Iona's meerkat, new subspecies]. Boletim do Instituto de Investigação Científica de Angola (португалски). 8: 65–83.
  17. Feldhamer, George A.; Drickamer, Lee C.; Vessey, Stephen H.; Merritt, Joseph F.; Krajewski, Carey (2007). Mammalogy: Adaptation, Diversity, Ecology. JHU Press. стр. 321. ISBN 978-0-8018-8695-9.
  18. Unwin, Mike (2011). Southern African Wildlife. Bradt Travel Guides. стр. 55. ISBN 978-1-84162-347-4.
  19. Karlin, Adam (2010). Botswana & Namibia. Lonely Planet. стр. 43. ISBN 978-1-74104-922-0.
  20. 20,0 20,1 Animals: A Visual Encyclopedia (Second Edition): A Visual Encyclopedia. DK Publishing. 2012. стр. 83. ISBN 978-0-7566-9896-6.
  21. 21,0 21,1 Marshall Cavendish Reference (2010). Mammals of the Southern Hemisphere. Marshall Cavendish. стр. 175. ISBN 978-0-7614-7937-6.
  22. 22,0 22,1 Suricata suricatta. animaldiversity.org.
  23. Miller, Sara Swan (2007). All Kinds of Eyes. Marshall Cavendish. стр. 37. ISBN 978-0-7614-2519-9.
  24. „Meerkat“. theanimalfiles.com. Посетено на 5 January 2015.
  25. Trappe, James M.; Claridge, Andrew W.; Arora, David; Smit, W. Adriaan (2008). „Desert truffles of the Kalahari: ecology, ethnomycology and taxonomy“. Economic Botany. 62 (3): 521–529. doi:10.1007/s12231-008-9027-6.
  26. David Attenborough's World Of Wildlife 9 – Meerkats United (1999). Video
  27. „LadyWildLife“. LadyWildLife. 9 November 2012. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 24 May 2014.
  28. „Mighty Masked Meerkat Mobs“. Lifeinthefastlane.ca. 7 December 2007. Архивирано од изворникот на 2008-02-21. Посетено на 19 November 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  29. Ciovacco, Justine (2008). Meerkats. Gareth Stevens Pub. стр. 28, 37 ff. ISBN 978-0-8368-9098-3.
  30. Kingdon, Jonathan; Happold, David; Butynski, Thomas; Hoffmann, Michael; Happold, Meredith; Kalina, Jan (2013). Mammals of Africa. A&C Black. стр. 4. ISBN 978-1-4081-8996-2.
  31. Skyrms, Brian (2010). Signals: Evolution, Learning, and Information. Oxford University Press. стр. 32. ISBN 978-0-19-161490-3.

Дополнителна книжевност

уреди

Надворешни врски

уреди