Still Alive… and Well?
Still Alive… and Well? е компилациски албум на хеви метал бендот Мегадет, издаден на 10 септември 2002 г. Ова воедно е и последниот албум на кој се појавил басистот Дејвид Елефсон, пред неговото заминување од Мегадет истата година. Албумот бил издаден со цел групата да го испочитува неодамна потпишаниот договор со Сануктари Рекордс, откако Дејв Мастејн објавил дека го распушта бендот поради тешката повреда на раката. Даденото име на овој албум бил одговорот на Мастејн кога еден новинар го прашал што би сакал да му биде врежано на неговата надгробна плоча.
„Still, Alive... and Well?“ | ||||
---|---|---|---|---|
Компилациски албум од Мегадет | ||||
Издаден | 10 септември 2002 | |||
Снимен | 17 ноември 2001 | |||
Жанр | Хеви метал, хард рок, треш метал | |||
Траење | 61:27 | |||
Издавачка куќа | Сануктари | |||
Продуцент | Дејв Мастејн, Бил Кенеди | |||
Мегадет — Хронологија | ||||
|
Првите шест нумери (од кои две биле првпат изведени) биле снимени за време на концертот во Феникс, Аризона на 17 ноември 2001 г. Останатите шест песни биле по избор од претходниот студиски албум The World Needs a Hero.[1]
Список на песни
уредиБр. | Наслов | Траење |
---|---|---|
1. | „Time: the Beginning/Use the Man“ (во живо) | 6:27 |
2. | „The Conjuring“ (во живо) | 5:26 |
3. | „In My Darkest Hour“ (во живо) | 5:29 |
4. | „Sweating Bullets“ (во живо) | 4:43 |
5. | „Symphony of Destruction“ (во живо) | 5:24 |
6. | „Holy Wars... The Punishment Due“ (во живо) | 8:51 |
7. | „Moto Psycho“ | 3:05 |
8. | „Dread and the Fugitive Mind“ | 4:24 |
9. | „Promises“ | 4:26 |
10. | „The World Needs a Hero“ | 3:52 |
11. | „Burning Bridges“ | 5:20 |
12. | „Return to Hangar“ | 4:00 |
Вк. траење: |
61:27 |
Музички персонал
уреди- Дејв Мастејн - вокал и водечка/ритам гитара
- Дејвид Елефсон - бас гитара
- Ал Питрели - гитара
- Џими Деграсо - тапани