Барак Обама

(Пренасочено од Obama)


Барак Обама
44. претседател на САД
На должноста
20 јануари 2009 – 20 јануари 2017
Потпретседател Џо Бајден
Претходник Џорџ В. Буш
Наследник Доналд Трамп
Сенатор
од Илиноис
На должноста
Стапил
4 јануари 2005
Служи со Ричард Дарбин
Претходник Питер Фицџералд
Наследник Роланд Бурис
Член на Сенатот на Illinois
од округот 13ти
На должноста
8 јануари 1997 – 4 ноември 2004
Претходник Алис Палмер
Наследник Кваме Раул
Лични податоци
Роден(а) Барак Хусеин Обама II
4 август 1961(1961-08-04)(63 г.)
Хонолулу, Хаваи, САД
Партија Демократска партија
Сопружник Мишел Обама (в. 1992)
Деца Малија Ен (р. 1998)
Саша (р. 2001)
Живеалиште Кенвуд, Чикаго, САД
Установа Оксидентален колеџ
Коклумбиски колеџ
Харвардски правен факултет
Професија Правобранител
Политичар
Вероисповед Протестант (Обединета Христова црква)
Потпис
Портал Барак Обама - Сенатор за Илиноис

Барак Хусеин Обама II (англиски: Barack Hussein Obama II) — 44. претседател на Соединетите Американски Држави.

Обама е првиот афроамерикански претседател на САД и првиот афроамериканец воопшто номиниран од големата политичка елита за улогата на претседател.

Почетокот

уреди

Барак Обама е роден во Хонолулу, Хаваи на 4 август 1961 година.[1] Татко му, Барак Обама-постариот, е од Кенија, а мајка му е бела Американка од Вичита, Канзас. Тие се разделуваат кога Барак има две години и подоцна се разведуваат. Таткото на Обама се враќа во Кенија и успева да го види сина си пред да загине во сообраќајна несреќа во 1982. По разводот мајка му се мажи за Лоло Суторо и целото семејство се сели во неговата родна земја, Индонезија. Таму Барак посетувал училиште во Џакарта до својата десетта година. Потоа Барак се сели во Хонолулу, каде живее со родителите на мајка му. Неговата мајка умира во 1995 година како последица од рак на јајчниците. По гимназијата Обама се сели во Лос Анџелес, каде учи две години во универзитет. Подоцна се преместува во Њујорк, каде изучува политикологија и специјализира меѓународни односи.

Четири години подоцна Обама се преселува во Чикаго, каде започнува да раководи проект поврзан со црквите.

Семејство

уреди
 
Барак Обама и Мишел Обама

Барак Обама се запознава со Мишел Робинсон во 1989 во универзитетот каде тој работел и му била соработник. Се венчаваат во 1992 година. Првата ќерка им се раѓа во 1998, а втората во 2001 година.

Кандидат-претседателска кампања

уреди

На 10 февруари 2007 во Спрингфилд Илиноис сенаторот Барак Обама објавува, дека ќе се пријави за номинацијата на Демократската партија на следните претседателски избори во САД во 2008 г.[2][3] Откако ја победува Хилари Клинтон, Обама го објавува за свој вицепретседателски кандидат сенаторот ветеран од Делавер Џо Бајден и ќе се натпреварува со неговиот противник на 4 ноември 2008 г. кандидатот на Републиканската партија Џон МекКејн.

Нобелова награда

уреди

На 9 октомври 2009 година , норвешкиот Нобелов комитет објавил дека на Обама му е доделена Нобеловата награда за мир за 2009 година „за неговите вонредни напори за јакнење на меѓународната дипломатија и соработка меѓу народите". Обама ја прими наградата во Осло, на 10 декември 2009, со „длабока благодарност и голема понизност". Наградата предизвика мешавина од пофалби и критики од светските водачи и медиумите. Обама е четвртиот претседател на САД кому му е доделена Нобеловата награда за мир, а третиот добитник за време на својот мандат.

Дела

уреди

Наводи

уреди
  1. „President Barack Obama“. The White House. 2008. Архивирано од изворникот на 26 октомври 2009. Посетено на 21 јануари 2021.
  2. Пеарсон, Рик; Лонг, Реј (10 февруари 2007). „Obama: I'm running for president“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот 13 август 2007. Посетено на 27 јануари 2021.
  3. „Obama Launches Presidential Bid“. BBC News. 10 февруари 2007. Архивирано од изворникот 2 февруари 2008. Посетено на 27 јануари 2021.
  4. Обама, Барак (2009). Смелоста на надежта. Превела: Искра Стојановска. Скопје: Феникс.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди