Индиски лотос

вид растение
(Пренасочено од Nelumbo nucifera)
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Nelumbo|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}

Индиски лотос, исто така познато како лотос или лотус, свети лотос (латински: Nelumbo nucifera) е еден од двата вида на водени билки од семејството Nelumbonaceae. Линеовскиот бином Nelumbo nucifera е моментално важечко научно име за овие видови. Ова е водена, повеќегодишна билка. Под поволни услови нејзините семенки можат да `ртат и следните години. Забележано е `ртење на семе на лотос старо 1.300 години, кое е откриено на североистокот во Кина на дното на исушено езеро.[1]

Индиски лотос
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Nelumbo
Вид: Индиски лотос
Научен назив
Nelumbo nucifera
Gaertn.
Синоними
  • Nelumbium speciosum Willd.
  • Nelumbo komarovii Grossh.
  • Nymphaea nelumbo

По потекло е од тропска Азија и австралиската држава Квинсленд,[2][3] обично се одгледуваа во водени градини. Прогласен за национален цвет на Индија и Виетнам.

Класификација

уреди

Додека според сите модерни систематики на билките овој вид припаѓа на родот лотос, постојат разлики по прашањето за семејтвото и родот на кои припаѓа лотосот.

Лотоcот често се меша со течности (познати како водени љиљани), посебно со врстата локвања (египетски) син лотус . Односно, во неколку стари системи на билки, како што е систематика на билки Бентама и Хукера (која е во употреба во Индија) научно име за индискиот лотос е Nymphaea nelumbo или Nymphaea stellata. Ова е, меѓутоа, еволутивно неточно, бидејќи Nymphaea и лотосот (Nelumbo) не се во каква било врска. Далеку од тоа да се во исто семејство, родовите Nymphaea и Nelumbo се членови на различини редови (Nymphaeales и Proteales респективно). Оваа конфузија воопшто не застанува со некои систематики на билки научно име Nymphaea stellata е користено за уште еден вид локвања познат под името син лотус или nil mānel на синхалески (латински: Nymphaea nouchali), кој е национален цвет на Шри Ланка, како и на Бангладеш.

Ботаника

уреди

Коренот на лотосот е закопан длабоко во калта на дното на бара или речно дно, додека листовите пловат на површината на водата или се далеку над неа. Цветовите обично се наоѓаат на дебело стебло, неколку сантиметари над листот. Билката обично расте до висине од околу 150 -{cm}- и ширина до 3 метра, ама преку некои непроверени податоци висината може да доостигне преку 5 метри. Листовите можат да бидат големи до 60 -{cm}- во пречникот, додека раскошните цветови можат да бидат до 20 -{cm}- во пречникот.

Истражувачите велат дека лотосот има исклучива способност да ја регулира температурата на своите цветови во потесниот опсег, топлокрв како кај животните и луѓето. Д-р Роџер С. Сејмур и д-р Пол Шулце-Мотел психолози од Универзитетот Аделејд во Австралија, утврдиле дека цветовите на лотосот кои цветаат во ботаничктаа градина во Аделејд одржуваат температура од 30-35 °C (86-95 °F), дури и кога температурата на воздухотт е до 10 °C (50 °F). Тие се сомневаат дека цвеќињата ова го праваат за да ги привлечат ладнокрвните инсекти опрашувачи. Во студија објавена во списанието „Природа“, е најновото откритие во областа на терморегулацијата, производ за топлината на билката. Двете други групи за кои е познато дека се во состојба да ја регулираат својата температура соSymplocarpus foetidus и Philodendron selloum

Единка од лотoсот може да живее преку илјада години и има ретка способност за р`тење на семето после стагнација. Во 1994 година, семето од светиот Лотос, старо околу 1.300 години ± 270 години, успешно е изртено.

Како што порано е споманто, традиционалниот свет Лотос (Nelumbo nucifera) е само во далеко сродство со (египатско) син лотусом (Nymphaea caerulea), ама има и сличен хемиски состав. И Nymphaea caerulea и Nelumbo nucifera соодржат алкалоиди, нуциферини и апорфини.

Генот на светиот Лотос е секвенциониран во мај 2013. година.

Употреба

уреди

Карактеристичната сува чаура, која изгледа како млазница на канта за полевање, е во голема продажба низ светот за декоративни цели и за икебани.

Цветовите, семенките, младите листови и „корениот” сите се погодни за јадење. Во Азија, латиците понекогаш се користат како украси, додека големите лисја се користат како замотувач за храна, која често не е погодна за јадење (на пример, како замотувач за зонгзи). Yeonkkotcha (연꽃 차) се прави со суви латици од белиот лотос, а yeonipcha (연잎 차) со листови. Младите лотоси се користат како состојка во салати во виетнамска кујна. Ризом (викан ǒu (藕) во кинески јазик, нгау во кантонски, тамбоу во манипуријански, камал какри во хиндуистички, ренкон (レ ン コ ン, 蓮 根) на јапонски, и yeongeun (연근) во корејски) се користи како зеленчук во супите, јадења пржени во фритеза, во динстани јадења, а корените се користат во традиционалната азиска билна медицина. Латиците, листовите и ризомот можат да се јадат сирови, но постои ризик од пренсување паразити, поради тоа се препорачува да се готват пред једење.

Лотосовите жилични корени се кисели со оризов оцет, шеќер, чили и / или бел локум. Киселите лотосови коренчиња имаат крцкава текстуруа и слаткасто-пикантен вукус. Во азиската кујна, се јаде со салата, ракови, сусамово масло и / или листови од коријандер. Лотосовиот корен е богат со прехранбени влакна, витамин Ц, калиум, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, фосфор , бакар и манган, додека има многу мал процент заситувачки масти.

Прашникот може да се суши и од него да се направи мирисен чај под називот liánhuā cha (蓮花 茶) на кинески, или (посебно во Виетнам) се користи за давање мирис на листовите на чајот. Овој виетнамски лотосов чај се вика trà sen, chè sen или chè ướp sen. Јадења од лотосовото семе или ораха (liánzĭ, 蓮子; или xiān liánzĭ, 鲜莲子, на кинески) се многу разновидни, лотосовото семе може да се јаде сирово, сушено или како пуканки, phool makhana. Лотосовите ораси исто така можат да се јадат готвени, се готват сè додека не омекнат и се претворат во паста, можат да се готват со суви лонган (овошје) и шечер да се направи tong sui (слатка супа). Во комбинација со шеќер, паста од лотосово семе е еден од најчестите состојки кои се користат во правењето пецива, како што се кекс во облик на месечината и daifuku, а се користи и во правење пудинг од оризово брашно.

Во Јужна Индија, лотосовиот струк се сече, маринира во чаша да се исуши, сушените корки се пржат и се користат како прилог. Во Керала (на малајалски താമര) и Тамил Наду, овој производ се вика „Thamara Vathal”. Во Шри Ланка, ситно исечкан ризом на лотос, готвен со кокосово млеко и зачинет, популаран е и познат како Nelum Ala (නෙලම අල). Во Виетнам, никулец од лотосовата семка која е со горчлив вкус, се користи при правење јадења (trà tim sen).

Единствена ткаенина од лотосовите билни влакна се произведува само на бреговите на езерото Инле во Мјанмар во Бурма и се користи за шиење одела за Буда, под назив kya thingahn (лотосова наметка).

Културно значење

уреди
 
Вишну седи на лотос и во рака држи лотос

Индискиот лотос (латински: Nelumbo nucifera) е вид лотос на светиот хиндуизам и будизам.

Хиндуситите го почитуваат со божественоста на Вишну и Лакшми, кои често во иконографијата се прикажани на розов лотос. Во претставувањето на Вишну како Падманабха (лотосова пупка), лотосот се раѓа од пупка со Брахма на неа. Богот Сарасвати е прикажан на бел лотос.

Вишну кој е пример за божанствена убавина, често се опишува како „лотосооки”. Отворање на латицата на цветот се поврзува со ширењето на душата. Во хиндуистичката иконографија на боженства, боговите Ганга и Ганеша често се прикажуваат со цветовите на лотосот како свои седишта.

Лотосот е често споменуван во пурански и ведски литератури, на пример:

„Некој кој ги врши своите должности без обврзувачки, предавајќи ги плодовите на врховните божанства, не е под влијание на грешни дела, како што е лотосот потопен со вода.”

— Бхагавад-гита 5.10:

Во кинеската култура конфуцијанскиот научник Жу Дуњи напишал: „Го сакам лотосот, затоа што иако расте во кал останува недопрен”.

Поголемиот дел од божанставата на азиските религии се прикажани како седат на лотос. Во будистичкиот симболизам, лотосот претставуваа чисто тело, говор и ум, како да лебди над матна вода во приврзаност и желби. Според легендата, Сидарта Гаутама е роден со способноост да оди, а цветот на лотосот никнувал секаде каде што тој газел. Во христијанството Крстот на светиот Томе има лотос под крстот.

Во класичната писмена и усна литература на многу азиски култури, лотосот кој е присутен во пренесен облик, претставува елеганција, убавина, совршенство, чистота и благодат, често се користи во поеми и песни како алегорија за идеални женски атрибути. На санскритски зборот лотос (падма पदम) има многу синоними. Затоа што лотосот расте во вода, ја (кое означува раѓање) се додава за синонимот со вода, на тој начин се создаваат некои нови синоними за лотосот, како ambuja (ambu = вода + ја = роден во), neeraj (neera = вода + ја = роден од), pankaj, pankaja, kamal, kamala, kunala, aravind, arvind, nalin,nalini и saroja и имиња изведени од зборот лотос (падма), како што се padmavati (поседување лотос) или padmini (полно со лотоси). Овие имиња се изведени од различни верзии, често се користат како имиња за девојки, а во помала мера за момчиња, во Индија, Непал и Шри Ланка, како и во многу други земји под влијание на индиската култура, како што се Тајланд, Камбоџа, Индонезија и Лаос.

Меѓународната заедница на бахаистите ја усвоила оваа симболика при изработка на дизајнот за Лотосовиот храм во Њу Делхи во Индија.

Хемиски состав

уреди

Флавоноид миквелијан (кверцетин 3-О-гликуронид), како и алкалоиди (+) - 1 (R) коклаурин и (-) - 1 (S) -хигенамин, можат да се најдат во листовите на индискиот лотос (N. nucifera). Билката исто така содржи нуциферин и апорфин.

Наводи

уреди
  1. Shen-Miller, J.; Schopf, J. W.; Harbottle, G.; Cao, R.-j.; Ouyang, S.; Zhou, K.-s.; Southon, J. R.; Liu, G.-h. (2002). „Long-living lotus: Germination and soil -irradiation of centuries-old fruits, and cultivation, growth, and phenotypic abnormalities of offspring“. American Journal of Botany. 89 (2): 236–47. doi:10.3732/ajb.89 февруари 236 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 21669732.
  2. Perry, F. (1972) Flowers of the World. Bonanza Books, pp. 192–193. ISBN 060001634X.
  3. Serventy, V; Raymond, R. (1980) Lakes & Rivers of Australia. Summit Books, pp. 102–103

Надворешни врски

уреди