Кинеската култура е една од најстарите и најкомплексните светски култури, a географската област на која доминира опфаќа голем регион во источна Азија. Постојат големи регионални разлики во обичаите и традициите.[1][2]

Пример за кинеска архитектура

Идентитет уреди

Во Кина се признати 56 етнички групи, меѓу кои Хан Кинезите се најбројни. Меѓу етничките групи, постојат големи разлики во јазикот, културата, храната, традиционалното облекување, уметноста итн. Традиционалната кинеска култура зафаќа просторно голема површина, па во секој регион постојат различни форми на поткултури.

Јазик уреди

Кинескиот јазик е многу стар, а првите негови траги се наоѓаат на коските користени за пророштва за време на династијата Шанг. Оттогаш, кинескиот јазик поминал низ многу фази на развој. Класичниот кинески јазик се користел илјадници години, но претежно бил резервиран за научници и филозофи кои биле високиот слој на општеството. Денес најчесто се користи мандарински кинески, иако постојат и други, помалку распространети дијалекти.

Структура уреди

Од најстариот период, традиционалното кинеско општество било поделено на т.н. "четири професии" (аристократија, селани, занаетчии и трговци). Меѓутоа, во раниот период на династијата Сунг, границите меѓу овие четири поделби стануваат нејасни и со текот на времето тие повеќе немаат големо значење.

Вредности уреди

Повеќето од општествените вредности во Кина се добиени од конфуцијанството, таоизмот и будизмот, или остатоци од древната кинеска традиција и религија.

Конфуцијанство било главна филозофија и религија за поголемиот дел од царскиот период, но имало и други филозофии како легализам поекстремна верзија на конфуцијанството, чие учење се заснова на принципот на наградување и казнување.

Со зајакнување на европското влијание во 19 век се појавуваат и други не-кинески филозофски учења и размислувања, како сега доминантниот комунизам, посебна кинеска верзија создадена од водачот на кинеската револуција Мао Це Тунг (маоизмот).

Образование уреди

Образованието и учењето имаат долга и силна традиција во кинеското општество, но образованието било резервирано за мажи со повисок општествен статус. Исто така, во Кина,се развил посебен и комплексен систем на бирократски тестови и испити, кои се полагале на одреден временски период. Особено важен бил таканаречениот „Царски испит“. Кон крајот на 19 век, започнуваат промени во целото кинеско општество и модернизација. Од победата на Комунистичката партија на Кина во граѓанската војна во 1949 година, воведено е задолжително деветгодишно образование, а сега просечната писменост е 92% (96% за мажи и 89% за жени).

Книжевност уреди

Кинеската литература е многу стара и започнува за време на династијата Шанг, а првите книги кои се пронајдени датираат од средниот период на династијата Џоу. За тој период, се врзува и настанувањето на т.н. "Четири книги и пет класици" (традиционален кинески: 四书五经, пинјин: Sìshū Wŭjīng), најважната колекција на книги во кинеската историја кои се користеле во администрацијата, религијата, културата, пророштво и речиси во секој друг аспект на животот.

Наводи уреди

  1. „Chinese Dynasty Guide - The Art of Asia - History & Maps“. Minneapolis Institute of Art. Посетено на 10 October 2008.
  2. „Guggenheim Museum - China: 5,000 years“. Solomon R. Guggenheim Foundation & Solomon R. Guggenheim Museum. Посетено на 10 October 2008.